ДЕНИС ХОПЕР
Ќерката го наговара да се разведе
Актерот Денис Хопер, кој е тешко болен од рак, наводно, поднел барање за развод по наговор на неговата ќерка. Семејните пријатели сметаат дека оваа идеја е план на неговата ќерка Марин Хопер(47), чија цел е за неа да остане поголемиот дел од наследството.
„Тоа е ужасно, Марин го извлекува болниот татко од постела и го наговара да ангажира адвокат за да се разведе, додека Викторија и нивната ќерка и понатаму живеат во неговата куќа. Кутриот Денис не е ни свесен што се случува. Дури и неговиот адвокат постојано зборува дека тој е постојано под дејство на лекови и дека не е свесен. Тоа дека Марин ја мрази Викторија, не е никаква тајна. Ќе биде пресреќна доколку за неа самата извлече поголем дел од парите на сметка на Викторија“, изјавил анонимен семеен пријател.
Актерот за кого се смета дека ќе живее уште неколку недели, неодамна изјавил дека планира да се разведе од својата сопруга Викторија (41), со која е во брак 14 години. Тие имаат и шестгодишна ќерка, Гејлен, а Хопер има три возрасни деца од претходните бракови. |