Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Забава

ЛИНДЗИ ЛОХАН

Учев од сопствените грешки

Младата актерка и пејачка Линдзи Лохан призна дека многу грешела во животот, но затоа сега тврди дека е многу подобра личност, благодарение на поуката од своите грешки.

На Линдзи 2009 година и' беше доста турболентна. Ја прекина врската со девојката Саманта Ронсон, а потоа беше поврзувана со разни мажи - Џерард Батлер, Леонардо Ди Каприо и сопругот на Џесика Алба, Кеш Варен.

„Имав свои подеми и падови и учев од сопствените грешки. Моментално, ментално, физички и духовно се чувствувам одлично“, изјавила 23-годишната Лохан, која имаше големи проблеми со зависности од пороци, па поради тоа неколку пати се пријавуваше во клиника за одвикнување.

Во полза на тоа дека целосно ја преболела Саманта и оди фактот дека таа неодамна беше видена како се прегрнува со францускиот актер, Орели Вик. Парот се запозна на забавата во еден лондонски дизајнерски бутик.


#
Статијата е прочитана 1052 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Бакнежи во кујна со Џерард Батлер
Доби тужба поради неплатена кирија
Ќерката го наговара да се разведе