Наставниците на часови за грипот А
Во организација на Министерството за здравство и Институтот за епидемиологија, во основните училишта и во јавните детски градинки во општината Кисела Вода почнаа едукативни часови и предавања на наставниот кадар заради превенција од новиот тип грип А (Х1Н1) и за одржување лична хигиена како превентивна мерка. Часовите се во организација на Министерството за здравство и Институтот за епидемиологија, а ќе ги одржува стручно лице, лекар–епидемиолог од Центарот за јавно здравје од Скопје, по претходно изготвена агенда за посета на сите образовни институции на територијата на Кисела Вода. (С.Р.) |