Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Заборавени семафорите на проширениот дел на „Видое Смилевски-Бато“

И по еден месец, новата сигнализација не е ставена во функција

Семафорите на проширениот дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ не работат и по повеќе од еден месец откако потегот беше пуштен во употреба. Иако градоначалниците на Скопје и на Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, на свеченото официјализирање на проширениот булевар најавија дека сигнализацијата ќе проработи за кусо време, до денеска таа не е во функција. Така, учесниците во сообраќајот се снаоѓаат како знаат и умеат. Наместо со семафори, сообраќајот во тој дел од Ново Лисиче се одвива со помош на сообраќајната култура и со совеста на возачите и пешаците. Жителите од овој реон коментираат дека периодов се зачестени сообраќајните незгоди, а метежот е неизбежен, особено во фреквентните термини, наутро и попладне.

Од ЈП „Улици и патишта“ што ги поставија и треба да ги одржуваат семафорите велат оти знаат за состојбата, но од објективни причини се спречени да ги пуштат семафорите во функција.

„Семафорите се поставени, но не можеме да ги вклучиме се' додека не го добиеме проектот за светлосната програма. Има најави дека до петок надлежните од Градот ќе го потпишат проектот, по што ќе ни го проследат. Тоа ќе значи и зелено светло за пуштање во употреба на семафорите“, објаснија вчера од јавното претпријатие.

Инаку, не само што не работат, туку иако „ганц“ нови, семафорите во делови на столбовите се залепени со селотејп. Од ЈП објаснуваат дека на тој начин ги заштитиле, бидејќи се' уште ги чекаат потребните капаци за столбовите каде што е сместен дел од уредот на сигнализацијата. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 331 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Тениски игралишта наместо база на градежни машини
Наставниците на часови за грипот А
Нови возила за ЈП „Улици и патишта“