Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Хроника

Главниот на дивите копачи негира дека продавал артефакти

Првообвинетиот во случајот „Фаланга“, Миодраг Готиќ, негира дека го прекопувал Исар Марвинци

Љубиша Станковиќ

Организаторот на групата, која препродавала артефакти во Валандовско-гевгелискиот регион, Миодраг Готиќ (44), негира дека имало нелегално ископување во археолошкиот локалитет Исар Марвинци. Тој во стартот на судскиот процес наречен „Фаланга“ вчера тврдеше дека планирал да продаде коњ-реплика како одмазда, а не вредни артефакти. Во Основниот суд Скопје 1 вчера се појавија 23 обвинети за злосторничко здружување, тешка кражба, прикривање, отуѓување културно наследство од особени значење за државата, присвојување добра и измама.

Според Обвинителството, водач на дивите копачи во валандовско –гевгелискиот крај бил Миодраг Готиќ, но тој уште во самиот старт на одбраната негираше недозволено ископување на Исар Марвинци, за кој рече дека деноноќно е заштитен со чуварска служба. Тој тврдеше дека воопшто не вршел препродажба на бронзениот коњ - „пегаз“, бидејќи такво нешто не видел и не знаел како изгледа.

Обвинетиот Готиќ, кој во текот на истражната постапка се бранел со молчење, вчера за секоја точка од обвинението даде исцрпен историјат на настаните што се провлекуваат од 2007 па се' до јуни годинава.

Според Готиќ, тој само сакал да му се одмазди на некој српски државјанин кој, наводно, ги измамил во работењето на неговата конфекциска фирма. Готиќ кажа дека од извесен Илија од Гевгелија разбрал дека постои коњ-реплика што планирал да го продаде, само како чин на одмазда, но целата работа пропаднала, бидејќи потенцијалниот купувач разбрал дека не станувало збор за археолошки наод.

Обвинетиот Готиќ даде слична одбрана и за мермерната глава на војник, мермерната плоча и женското торзо. За мермерната глава обвинетиот Готиќ рече дека е од понов датум и дека таа стоела, крај фонтаната во неговиот двор. Тој за цена од 1.000 евра главата му ја продал на обвинетиот Иван Тодоровски, но кога тој разбрал дека не се работи за артефакт, му ја вратил. Место пари, ја зел мермерната плоча, што била обична плоча изработена од мермерен прав и потоа ставена во калап. За женското торзо, обвинетиот кажа дека било донесено од соседството и дека не бил заинтересиран за предметот. Судењето продолжува во наредниве денови со распит на останатите обвинети. Има најави дека еден од недостапните на органите на прогонот ќе биде спроведен во судницата на Врховниот суд.

Според Јавното обвинителство, Миодраг Готиќ, Бобан Лападатовиќ, Димитар Мицов и Гоце Ѓорѓиоски се јавуваат како водачи на групите што се занимавале со диво копање и препродажба на артефакти. Готиќ раководел со групата која го покривала подрачјето на Валандово и Гевгелија, Мицов бил одговорен за групата во Неготино, Ѓорѓиоски со прилепската, а недостапниот Лападатовиќ со скопската група. Според обвинението, голем број од обвинетите и претходно биле осудувани за продажба на артефакти, но тие вчера ги негираа ваквите тврдења.


#
С��атијата е прочитана 765 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Во Скопје долета течен кокаин вреден 150.000 евра
Загина 22-годишно момче во Струмица
Судењето за педофилија во „Трескавец“ зад затворена врата
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region