Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Хроника

Во Скопје долета течен кокаин вреден 150.000 евра

Дрогата од Венецуела стигна преку Лондон и Белград, чии полиции помогнале во акцијата

Течен кокаин вреден околу 150.000 евра заплени полицијата во Скопје. Жител од Гостиварско, според истрагата, ја нарачал дрогата од Венецуела, која преку Лондон и Белград требало да стигне по ДХЛ пошта во Скопје. Но, кокаинот спакуван како поштенска пратка, бил откриен уште на аеродром во англиската метропола, по што британските полицајци во договор со колегите од Србија и од Македонија, ја пуштиле пратката да стигне до крајната дестинација за да се види кој ќе ја подигне. Примателот од гостиварски Добри Дол веќе е во притвор, кој му го одреди истражен судија.

Истрагата утврдила дека 35-годишниот Сехад А. од Добри Дол ја нарачал дрогата од Венецуела. Вкупно 1.100 милиметри кокаин во течна состојба, спакуван во поштенска пратка, на 25 октомври годинава тргнал на пат за Македонија, поточно кон фирмата „Адријана турист“ од Добри Дол, сопственост на братот на Сехад. Три дена подоцна, уште на аеродромот „Гетвик“ во Лондон, дрогата била детектирана од тамошните полицајци. Во соработка со службите во Белград и во Скопје, како и со СЕКИ-центарот од Букурешт, пратката била пропуштена кон крајната дестинација.

„Пред три дена, примачот на пратката пристигнал со своето патничко возило во седиштето на ДХЛ во населба Илинден во Скопје, ја подигнал пратката и го сместил пакетот во багажникот од своето возило. По преземањето, возилото е запрено од полициски службеници“, соопшти МВР.

Во пакетот биле пронајдени повеќе пластични садови и три послужавници во правоаголна форма со светлозелена рамка, кои биле изработени од плексиглас. Тие биле исполнети со непозната течна материја, велат од полицијата. По вештачењето, било утврдено дека станува збор за кокаин во во течна состојба.

„По едноставна хемиска обработка, кокаинот во малопродажба би можел да достигне цена до 150.000 евра“, објаснуваат од МВР.

Според истрагата, Сехад А. планирал да ја препродаде дрогата. Против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Истражниот судија му одреди едномесечен притвор, а полиција утврдува дали и кој бил вклучен во шверцот. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1087 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Главниот на дивите копачи негира дека продавал артефакти
Загина 22-годишно момче во Струмица
Судењето за педофилија во „Трескавец“ зад затворена врата
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region