Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Хроника

Судењето за педофилија во „Трескавец“ зад затворена врата

ПРИЛЕП - Во Основниот суд во Прилеп вчера започна судењето за прилепчанецот Дарко Димески (31), кој сексуално злоупотребил 13- годишно момче во манастирот „Трескавец“, како и на нивниот пријател Димитрија Атанасоски (24), кој извесен период пред тоа неколкупати го навел малолетникот на сексуални односи.

Со оглед на специфичноста на случајот, судењето ќе се одвива зад затворена врата за јавноста, а меѓу сведоците во судскиот процес е единствениот жител на манастирот „Трескавец“, отец Калист. Тој е згрозен од овој чин, на сквернавење на светоста на најпосетуваниот духовен храм на православието во Прилепско.

Грозоморниот чин се случи на 11 август кога Атанасоски, неговата мајка, Димески и момчето како долгогодишни пријатели одлучиле да заминат во манастирот „Трескавец“ и таму да ноќеваат. Околу 22 часот Димески го викнал малолетникот да појдат во камбанаријата, каде што се случувал сексуалниот чин. Но, другите гости во манастирот забележале дека нешто сомнително се случува и отишле на проверат. Кога ја забележал опасноста, за да не биде откриен, Димески скокнал гол од камбанаријата, а од падот од 4 метри височина си нанел сериозни повреди на рацете и на колкот.

Другите гости во манастирот веднаш го известиле отец Калист за настанот. Екипа на Итната медицинска помош го пренела повредениот во болница, а момчето и' признало на полицијата што се случило. Малолетникот признал дека во четири наврати претходно бил сексуално злоупотребуван и од Атанасоски. Според информациите од МВР, момчето и злоупотребувачите биле куќни пријатели и живееле во непосредна близина во Прилеп. Обвинетите се' уште се во притвор. (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 762 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Во Скопје долета течен кокаин вреден 150.000 евра
Главниот на дивите копачи негира дека продавал артефакти
Загина 22-годишно момче во Струмица
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region