Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Хроника

Загина 22-годишно момче во Струмица

Дваесет и две годишниот Дејан Василев загина, а неговиот сопатник е повреден во сообраќајната несреќа што се случи завчера во попладневните часови на булеварот ,,Маршал Тито“ во Струмица.

До несреќата дошло кога мотоциклот „сузуки“, со кој управувал Василев, ја изгубил контролата по ударот со автомобилот „мерцедес“, кој се приклучувал на булеварот од споредна улица. Од ударот момчето и неговиот сопатник паднале на коловозот, а мотоциклот продолжил неконтролирано да се лизга уште двесте метри и удрил во паркирано возило на булеварот.

Василев веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, но по кратко време, им подлегнал на повредите. Жителите што живеат во овој дел на градот велат дека сообраќајните несреќи на булеварот, особено на оваа раскрсница се честа појава, бидејќи се вози со голема брзина. Тие апелираат до надлежните да преземат мерки за заштита и на возачите и на пешаците. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 1661 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Во Скопје долета течен кокаин вреден 150.000 евра
Главниот на дивите копачи негира дека продавал артефакти
Судењето за педофилија во „Трескавец“ зад затворена врата
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region