Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Обама и Мекејн се борат околу имиграцијата

И двајцата претседателски кандидати се претставуваат како посветени поборници за Хиспанците

ВАШИНГТОН - Демократскиот кандидат Барак Обама и републиканскиот кандидат Џон Мекејн во саботата се додворуваа за поддршка од хиспанските гласачи, при што Обама го обвини неговиот ривал за Белата куќа дека отстапува од сеопфатните американски реформи за имиграцијата под притисок од неговата партија. Во одделни настапи пред група претставници на Латиноамериканците, двајцата претседателски кандидати се претставија како посветени поборници за Хиспанците - се' поголем и клучен гласачки блок за изборите во ноември.

Обама се насочи кон пристапот на Мекејн за сеопфатните имиграциски реформи и неговата промена на акцентот врз законот, со цел да понуди пат до државјанство за 12 милиони илегални имигранти во земјата. Сенаторот од Аризона, Мекејн, отстапи од неговата партија и работеше на планот, кој конечно не помина во Конгресот поради големото спротивставување на републиканците. Меѓутоа, тој го смени пристапот за време на трката за номинација од партијата и ја нагласи потребата да се обезбедат американските граници пред да се реши статусот на илегалните имигранти.

Кампањата на Обама возврати дека Мекејн му се заблагодарил на Обама за неговата поддршка за ова прашање во 2006 година. Мекејн изјави пред претставниците на Латиноамериканците дека предлогот пропаднал бидејќи Американците не биле убедени дека Конгресот ќе ги заштити американските граници пред да се реши прашањето со илегалната имиграција. „Сакам да ве уверам дека ќе го решиме тоа прашање на хуман и сочувствителен начин“, рече тој, нарекувајќи ги илегалните имигранти „деца на Господ“.

Хиспанците се малцинска група во САД која најбрзо расте и опфаќа околу девет отсто од електоратот во земјата. Тие би можеле да бидат клучен гласачки блок на трката во ноември во државите Флорида и во југозападниот дел на САД. Во 2004 година, претседателот Џорџ Буш доби околу 40 отсто од гласовите на Хиспанците - што е рекорд кај репу��ликанците - и го порази демократот Џон Кери. Меѓутоа, анкетите за јавното мислење покажуваат дека републиканците биле навредени од Хиспанците со дебатата за имиграциските реформи.

Обама имаше друг проблем со Хиспанците кои силно го поддржуваа неговиот ривал од прелиминарните партиски избори, сенаторката Хилари Клинтон од Њујорк. Анкетите покажаа дека позицијата на Обама отскокнала кај Хиспанците откако се утврди номинацијата кај демократите. Многу анкети укажуваат дека на Мекејн му недостигаат 40 проценти поддршка од Хиспанците, што ја имаше Буш. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 278 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Смрт на една тинејџерка предизвика безредија во Кина
Србија веднаш во ЕУ по Хрватска
Мирко Цветковиќ нов српски премиeр
Израел повторно ја о��вори границата со Газа
Косовските Срби формираа свој парламент
Франција на чело на ЕУ со обесхрабрени амбиции
Непослушност во редовите на Руската православна црква