Број 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Непослушност во редовите на Руската православна црква

 

Суспендиран епископ кој не сакал да и' се потчини на Патријаршијата, ги критикувал властите

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Епископот Чукотски и Анадирски, Диомид, кого Архијерејскиот собор на Руската православна црква го суспендира во саботата, не сака да му се потчини на раководството на својата патријаршија. Во саботата во Анадир, на крајниот североисток во Русија, во храмот „Преображение“ тој им рече на своите верници дека не сака да се покае и да ги смени своите ставови. Владиката Диомид смета дека не е виновен и дека неговата критика за властите и раководството на РПЦ е оправдана. Диомид ги соопшти своите ставови пред рускиот патријарх Алексиј Втори, и вториот човек во црквената хиерархија, митрополитот Кирил. Последниве две години Диомид отворено го критикуваше патријархот Алексиј Втори и другите истакнати личности на РПЦ, повикувајќи ги да не водат дијалог со властите и другите верски конфесии.

Епископот Диомид беше повикан на разговор во Москва, но тој не сакаше да дојде. За непослушниот епископ Синодот на Руската православна црква би требало да расправа кон средината на јули. За Диомид, кој и покрај забраната и понатаму врши служба на далечниот исток, Светиот синод одреди замена. Во иднина со неговата епархија би требало да раководи архиепископот на Хабаровскиот и Приморскиот регион, Марк.

Дека не се малку оние на кои им пречи „послушноста“ на раководството на РПЦ се виде кога почина првиот претседател на постсоветска Русија, Борис Елцин. Група свештеници го критикуваше раководството на својата Црква бидејќи во храмот на Исус Спасителот се одржа простување од Елцин според царскиот протокол. Поранешниот лидер Борис Елцин долго време имаше комплицирани односи со Патријаршијата, а кон крајот на кариерата и животот со повеќе разбирање и толеранција се состан��ваше со патријархот па дури и се венча со својата сопруга Наина според православните обичаи.

Руските свештеници кои живеат и работат во провинцијата знаат колку тешко и понатаму живее народот без оглед на сите промени во таа голема земја. Главното богатство е сконцентрирано во Москва и Санкт Петербург.

Што се однесува до последните осум години неспорно е дека Владимир Путин многу се трудеше да се подобрат односите со Црквата. Тој како претседател на државата, но и православен верник, многу пати повторуваше дека мора да се води сметка дека Русија е многунационална и повеќеконфесионална држава па затоа толерантноста е исклучително важна.

На свечениот собир посветен на 1020-годишнината од крштавањето на Русија, што се одржа во саботата, сега, премиерот Владимир Путин и' се заблагодари на РПЦ за големата улога во обединувањето на рускиот народ и вети помош и поддршка за јакнење на граѓанската и меѓуверската согласност. Путин смета дека во последните 20 години РПЦ доживеала нов препород.


Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Смрт на една тинејџерка предизвика безредија во Кина
Србија веднаш во ЕУ по Хрватска
Мирко Цветковиќ нов српски премиeр
Израел повторно ја отвори границата со Газа
Косовските Срби формираа свој парламент
Франција на чело на ЕУ со обесхрабрени амбиции
Обама и Мекејн се борат околу имиграцијата