Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

...И уште нешто

Образование

Градоначалникот на Неготино. Пане Трајков, им врачи свидетелства на 30 Роми од неготинското село Криволак, на возраст од над 16 години, за завршено основно образование во рамките на проектот за дооформување на образованието. Наставата ја спроведе Работничкиот универзитет, со поддршка на Црвениот крст.

Берово и сметот

Општина Берово издвои од својот буџет 1.700.000 денари за набавка на специјално возило за собирање смет. Со набавката на новото специјално возило (компактор) и со обновата на возниот парк во Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“, се создадени подобри услови за одржување на комуналната хигиена во градот.

Мотоциклисти

Мотоклубот „Струга“ на 5 и 6 август на летната сцена при Домот на културата „Браќа Миладиновци“ ја организира петтата мотозабава на која ќе настапат голем број мотоциклисти од Македонија и од странство. Орга��изаторите најавуваат дека ќе има учесници-вљубеници во моторите и од Германија, Австрија, Франција, Норвешка и од многу други држави.

Информатика

Министерството за информатичко општество и администрација почна процес за воведување ИСО 9001 стандардот преку кој најавува зголемување на задоволството на корисниците на услугите и на вработените. „Ги поттикнуваме и сите државни и јавни институции да воведат такви стандарди“, рече министерот Иво Ивановски.

Колекторски систем

Струга очекува наскоро да добие одговор за нивната апликација за проектот за изградба на колекторскиот систем од струшкото село Радожда до туристичката населба Елен Камен.

За изградба на колектор на овој потег од ривиерата, информираат од локалната самоуправа, се потребни речиси половина милион евра.


#
Статијата е прочитана 658 пати.

Испрати коментар

Од: deli
Датум: 04.08.2011 09:50:48
"Motociklisti" - se nadevam ke ima reportaža i sliki - slično kako što imaše kolekcija na slikite od priemot vo amerikanska ambasada... Pozdrav do UV i prijaten den :-)
Од: Tina
Датум: 04.08.2011 12:01:53
Decata na Romite treba da se obrazuvat. Cestito na uspeh.

Најди! во Утрински
Политика
На патот до АСНОМ (4)
Кредитите во франци јамка околу вратот
Аптекарите и лекарите си играат пинг-понг со пациентите

"""