|
|
Не одлучував за човечки судбини
Академик Илија Васков
Со внимание го проследив фељтонот „Колку УДБ-а беше нашата судба“ од Виктор Цветановски. Во единаесеттото продолжение е споменато моето име - академик Илија Васков, но не и името на „некои луѓе“ кои информираат дека јас сум бил личност која одлучувала за човечки судбини, што е ноторна невистина.
Категорично демантирам дека некогаш сум бил на таква функција за да одлучувам за човечки судбини, освен на операционата маса каде што сум се борел за човечки животи.
Целиот живот сум и' го посветил на науката. Моите 14 научни дела со повеќе илјади страници и четириесетгодишна едукативна активност се единствената моја активност. Мојата хумана и научна активност е признаена преку добивање на речиси сите награди во нашата Република Македонија. |
#
|
Статијата е прочитана 878 пати.
|
|
|
|
|
|
|
|