|
|
|
|
|
|
Африканци, дојдете во Македонија!
Ивана Димитровска
Повод: текстот „Стипендии за Африканци, за нашите нема пари“ од Билјана Јовановска, објавен во „Утрински весник“ на 10 декември
Делумно се согласувам со текстот и немам доволно елементи за да се спротивставувам на дадените аргументи. Она што најмногу ме заинтригира е насловот на текстот што „вришти“ од дискриминација. Текстот понатаму не одговара на дадениот наслов, но јас ќе се задржам само на тој еден аспект на кој алудира насловот. Авторката (Билјана Јовановска) пишува за условите што им се даваат на странските студенти со доза на потсмев и критика спрема Владата: како таа се осмелува да даде стипендии за странските студенти, а домашните не ги ферма. В ред е дека Владата треба да се грижи за своите студенти, никој не го оспорува тоа. Меѓутоа, зошто да не се потрудиме да привлечеме странски студенти? Или тоа што тие се од Африка е елементот што ни пречи?!
Како прво, практиката да се даваат стипендии на студенти од Африка не е измислена вчера. Уште во времето на СФРЈ еден куп студенти доаѓаа во Белград, Загреб, па и во Скопје. Голем дел од нив се интелектуалци и еминентни личности во своите земји и сигурна сум дека со носталгија се сеќаваат на своите студентски денови поминати тука. Никогаш нема да ја заборавам почитта со која ме гледаше еден студент од Гвинеја Бисао уште при првата средба само затоа што неговиот татко студирал на Балканот и овој имаше израснато со идеалот за Југославија. Со големо зачудување летово ја слушнав веста дека цел еден мастер за меѓународна економија беше отворен во Суми (Украина) само за странски студенти, најголем дел од Африка. Не знам како успеала Украина да привлече толку студенти од Африка, меѓутоа сигурно првиот чекор бил да се дадат неколку стипендии, па наредните студенти сами ќе дојдат. Замислете си сега, десет години подоцна каков економски аспект имаше таков потег за развој на еден мал град како што е Суми!
Како второ, давањето стипендии за странски студенти се добро обработена стратегија на секоја земја. Зошто една влада, која и да е, би издвојувала пари за странски, а не за свои студенти? Одговорот е лесен, но комплексен: поедноставниот одговор е дека овие студенти не се голем трошок за која и да е држава (дури и за најсиромашната) затоа што парите дадени за тие студенти ќе бидат потрошени на самото место за храна, облека итн. и индиректно ја поттикнуваат локалната економија.
Секогаш е полесно да дадеш отколку да земеш: тешко ни е кога од нашиот буџет издвојуваме едвај 5.000 денари за 20-ина студенти од странство (независно од која земја доаѓаат), а забораваме дека и наши студенти добиваат стипендии за во странство. Тој што мисли дека нема доволно стипендии за македонски студенти се лаже: амбасадите на сите западноевропски земји во Македонија даваат по неколку стипендии за студирање, исто и меѓународни невладини организации, а за ЕУ да не правиме ни муабет. Никој ни збор не вели за тоа што ЕУ ни образува кадар кој потоа можеби ќе работи во наше министерство или фирма. Полошата варијанта е дека тие студенти нема ни да се вработат во јавна администрација, како што беше случајот со студентите кои беа финансирани преку СЕП од Германија и од Холандија.
|
#
|
Статијата е прочитана 1202 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 28.12.2010 12:36:00 |
|
Јас немам против да се потрошат пари за стипендии на странски студенти. Но, зошто Владата не го потпишува договорот со Словенија, каде на нашите им се дава бесплатно студирање. Или студентите ќе ги држи насилно како заложници, да ги полнат владините Факултети на секоја ливада.
Второ, не споредувајте со СФРЈ. Од сегашново наше високо образование, одговорно Ви тврдам, странските ниту нашите студенти нема да постанат еминентни стручњаци. Тоа е срозано до крај, непоправливо. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ивана |
Датум: 28.12.2010 13:57:17 |
|
Почитувана, не знам за кој договор станува збор. Во секој случај, македонските студенти имаат шанси да студираат секаде каде што сакаат, почитувајќи ги правилата во земјата-домаќин. Се разбира, нема стипендии за сите, но има ДОВОЛНО. Ние треба да се погрижиме да го зголемиме капацитетот за апсорпција на стипендии. |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 28.12.2010 16:05:34 |
|
Jas malku se somnevam deka na ohridskiot ili stipskiot fakultet se skoluvaat idnite afrikanski i turski eliti. |
|
|
|
|
|
|
Од: zapad |
Датум: 28.12.2010 16:21:06 |
|
ovoj sto go napisal texot e partiski vojnik i nisto drugo...imeno tuka na zapad poslednite god vovedoa zakoni kade stranci treba da placat po 15iljadi evra godisno ako sakat da ucat tuka...kakva domacinska kuca e toa da delis narodni pari na stranski studenti?a toa za sfrj yu imase potpisano sonekoji africki zemji da ucat vo yu a nie da praceme gradezni firmi vo tie zemji da gradat epe TOA e gol razlika od ovoj cirkus na vmro. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 28.12.2010 17:08:19 |
|
Gledam deka Ivana e golemAntirasist kako sto naveduva i samo toa e dobroto vo nejzinoto pismo.
Kako ceneta Gospodjo opravduvate i sporeduvate so Sfrj koga togas PRVO imase za domasnite studenti za sekogo pa potoa za stranci i denes koga nema za sekoj koj saka da uci pa da imalo za stranci.tie pari se od nas danocnite obvrznici a prvo tie pari se trosat za ambient na tie sto gi davaat a potoa za nadgradba koja ja spomenuvate.za se si ima red inace spomenicite od Skopje se ubava rabota ama ne za ova siromasno vreme.
Po toa sporeduvanje se gleda bezidejnosta na vlasta koja bas dobro ja sporeduvate so nekogasnite idei na komunjarite kako sega moderno se narekuva > nekogasniot narod > a ne znam koj e ovoj sega demek nekoj nov Makedonski narod. |
|
|
|
|
|
|
Од: diplomiran |
Датум: 28.12.2010 18:29:05 |
|
Do stipendija preku stabot na ilindenska ili eventualno preku nekoj lokalen |
|
|
|
|
|
|
Од: Doktorot od Detroit |
Датум: 28.12.2010 23:39:48 |
|
Ne komentar, ami cel traktat moze da vi napisam za ovaa tema. Ako Utrinski bi oslobidil prostor cel eden broj moze da ispolnam so tekst na tema studiranje vo Makedonija, stranski- domasni studenti- Makedonci i deca od Dijasporata oki porano studiraa vo Makedonija i .tn. i tn. Cel treba da ni bide da privlekuvame lugje da doagjaat nazad vo Makedonija, a ne da gi brkame dodeka nivniot prostor se popolnuva so demografska invazija od sosedstvoto!
Profesorkata (komentatork) ja pozdravuvam. |
|
|
|
|
|
|
|
|