|
|
|
|
|
|
Чудна реторика на владините мегафони
Лазе Атковски
Чудна ми е реториката што ја користат владините мегафони. На сите им е познато тоа дека неколку приватни медиуми се во директна врска со сегашната владејачка партија. Сопствениците на тие медиуми се истовремени и претседатели на партии кои се дел од владината коалиција. Тука не смее да се заборави и националниот, ако може да се нарече така, сервис МТВ на кој единствено може да се видат владини реклами, спотови и директни преноси од седниците на Владата. Недостига само да почнат да пуштаат и директни преноси на партиските состаноци на власта.
Формулациите што ги користат тие телевизии кога зборуваат за опозициската СДСМ или кога прават интервју ги користат зборовите од типот на „кога некогаш би дошле на власт“ или онаа стандардната „ако некогаш дојдете на власт“ за мене се некако многу чудни. Искрено, разбирам дека новинарите во тие телевизии мораат да пишуваат се' најдобро за власта и мора да прават напори сите проекти на власта да поминат во најдобар ред, но оваа реторика за мене е неразбирлива.
Дали тие новинари мислат дека оваа власт никогаш нема да ја загуби власта? Дали мислат дека оваа власт ќе владее со векови? Навистина не знам. Не е прашањето кога оваа власт ќе ја загуби власта. Можеби за неколку месеци, можеби за една и пол година кога се редовните избори, но тоа ќе се случи. Дури и во Јапонија либералите кои беа на власт речиси еден век ги загубија изборите, а не, пак, кај нас. Во нашата парламентарна демократија таква е самата поставеност, при што на граѓаните им се дава можност да се изјаснат на секој четири години дали на некоја партија ќе и' ја дада власта или, пак, ќе и' ја земат. Она што како тези го тераат овие медиуми не е во сооднос со нашата парламентарна демократија, туку, напротив, се одликува за некој еднопартиски систем или, пак, за општество каде што има диктаторски режим или нешто пострашно. Се надевам дека тие новинари не живеат во некоја таква илузија.
Токму затоа и на новинарите, но и на политичарите треба да им е јасно дека само народот дава и зема власт. Ниту новинарите ниту, пак, политичарите не одлучуваат кој ќе биде на власт во една држава. Токму затоа политичарите треба да го остават народот на избори да се изјасни за кого ќе гласа, а сите претпоставки на некои партии дека може да добијат избори кога и да посакаат се само пусти желби. |
#
|
Статијата е прочитана 922 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 28.12.2010 12:29:13 |
|
Ваквото квази новинарство е дегутантно. Но, колку што ги знаеме нивните газди и главни уредници, веднаш ќе се свртат кон новата власт. Ќе мораат да го одржуваат високиот стил на живот, па прво малку ќе се поплукаат, ако им останала плунка за плукање, а потоа ќе почнат да лижат. |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 28.12.2010 12:33:30 |
|
Според тоа како се заборавија во владеењето, стварно мислат дека со векови ке владеат. И не само што мислат дека се овде незаменливи, мислат дека се најдобри и во светот и единствените што мислат исправно. Така мислел и Сталин и Чаушеску и Милошевиќ.... |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola-Germanija |
Датум: 28.12.2010 13:14:05 |
|
Poslednite anketi mnogu dobro pokazuvaat deka segasnata vlada ne uziva doverba kaj mnozina gragjani (55% neopredeleni) i 50% od tie sto redovno se izjasnuvaat pri tie anketi pozitivno za DPMNE go pravat od strav ili negledanje alternativa vo SDSM.Od tie pricini,DPMNE odluci,barem zasega,da ne odi na predvremeni izbori,bidejki ne mozat predvidaat kako bi glasale gragjanite na takvi izbori.Vo 2008 pobedata bese sigurna i zatoa i se odrzaa izborite,no sega?Vlasta mozebi ke uspee da ja likvidira A1-TV,no vo vremeto na Internet i bezvizno patuvanje vo i nadvor od Evropa postojat dosta priliki za licno informiranje za toa na primer kako vo Germanija se gleda na Makedonija.Postoj "Deutsche Welle","Radio Slobodna Evropa","Voice of America" i niza drugi mediumi koi vladata ne moze da gi "disciplinira".Vo toa ne uspea ni Germanecot Hitler,ni Srbinot Milosevic.Me zacuduva samo sto MKcite mnogu brzo zaboravija na 2001 god. i na toa koj (DPMNE) ustvari go donese togasniot voen konflikt i ramkovniot |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 28.12.2010 13:18:45 |
|
Лазе-на секој паметен муе јасно.Зошто ги изговарат тие ЗБОРОВИ.Им прпа ќе дојде денот,кога ќе треба да поднесат рачун и Новинарите и нивните Газди.Нека перат мозоци но не верувам,НАРОДОТ дека е ЗАБЕГАН.Кога ќе проработи стомакот тек тога почнува да работи Главата,дека некој за да муе добро си играл со тој кој е на работ од провалиата.Овој НАРОД е жилав ќе се извлече, но некој друг ќе видиме. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 28.12.2010 13:20:11 |
|
Ne se sekiraj za Zingo i za Stojmenov, ke bidat vo dobri vrski i so Crvenkovski, "ako dojde na Vlast". |
|
|
|
|
|
|
Од: Елена |
Датум: 28.12.2010 13:57:45 |
|
Јас наполно се согласувам со текстот. Огромен дел од медиумите покажуваат најниско ниво на професионалност. Така, ако на газдата на медиумот не му дадат да ја превземе млекарата, на пример за ич пари, тој отвара војна со владата на штета на сите нас. А молчел кога таа иста влада прави глупости и требало да се критикува за нив. Па неговите новинарите војуваат во првите редови. Друг еден познат потпрестедател на партија, кажаува како тие кога ќе дошле на власт ќе испоотпуштиле секого од противничката партија, за да си ги вработат овој пат и братучедите, не само браќата и сестрите како минатиот пат кога победиле. Пола новинари око не им трепнува да се потресат над тој исказ, За да се наштети на политичка гарнитура се дава за џабе и име и иднина и се, само да се добере до власта друга група луѓе. Повотрно медиуми здушно им помагаат. За да го делат колачот. Навистина луѓето треба да мислат за кого ќе гласаат,за Курто и Мурто, или за некој трет. Зашто нема веќе многу останато од колачот |
|
|
|
|
|
|
Од: Мурто |
Датум: 28.12.2010 16:44:31 |
|
Елена,тебе ти е супер со Курто,па од милион примери што ги наведе,нема ниеден кој е поврзан со него!Но,тркалото се врти,кога и да е Мурто ќе дојде! |
|
|
|
|
|
|
Од: Vesso |
Датум: 28.12.2010 17:18:10 |
|
Nezavisni novinari?Takvo nesto ne postoi.Od kogo zemaat plata ,ne smeat da mu pisnat.CNN ni bese sinonim za tv-novinarstvo.No vidovme deka i tie i BBS i site drugi rabotat pod necij nalog,fabrikuvajki nevistini.I toa namerno.Taka da i zapenetite novinari na Velija,morame da gi razbereme.Isto i onie so vlasta. |
|
|
|
|
|
|
|
|