Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Досега издадени 1,6 милиони биометриски документи

Заклучно со 1 април, Министерството за внатрешни работи има издадено повеќе од милион и 610 илјади биометриски документи, што, секако, е добра бројка, но очигледно е дека тоа во целост не одговори на барањата на граѓаните, изјави министерката за внатрешни работи,Гордана Јанкуловска, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Со оглед на тоа што станува збор за висока и современа технологија, која не секогаш може да ги прифати новите барања што не биле дел од дизајнот на системот во 2005 година, се соочуваме со тесно грло во процесинг-центарот, односно неможност да ги издадеме сите документи за кои граѓаните веќе аплицирале. Тука направивме чекор напред со тоа што потпишавме договор со фирмата, која, практично, обезбедува гаранција за системот, за обезбедување на една дополнителна машина за персонализација и очекуваме некаде пред летните одмори таа да дојде за да се зголеми капацитетот, кој моментално изнесува само пет илјади документи во текот на еден ден. Со тоа, вели Јанкуловска, веруваме дека оние рокови што се закажани за идната година ќе може да ги поместиме понапред.

Инаку, додава таа, со инвестицијата што е направена, односно договорена во 2005 година, Република Македонија се одлучила за еден ваков систем со ваков капацитет. Но, факт е дека тоа е техничко решение што моментално функционира со одредени проблеми и ние, грубо речено, сме врзани со ова решение, бидејќи договорот со фирмата што го сервисира трае до 2017 година.

Во врска со зачестената појава на оружени престрелки и во центарот на Скопје, министерката вели: „Еден чекор, кој се' уште е во фаза на дообработка, размислување и ќе биде предмет на разгледување најпрвин во Владата, а потоа доколку Владата се согласи со ваков чекор, и во Собранието на РМ, е повторно спроведување одредени активности што би значеле собирање на нелегалното оружје во оптек.“

„Статистиките говорат дека најголемиот дел од овие престрелки се токму оние во кои е употребено оружје што се поседува без дозвола“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 856 пати.

Испрати коментар

Од: sirma vojvoda
Датум: 12.04.2010 01:06:48
abe sto razbiras ti sestro zlatna za prestrelkite da razbirase veke nemase da ima tie zacestija kako vrnezite ovaa godina a tvoite kriminalni i mitadzii sedat po kaficite i uzivaat dodusa i tie se u pravo nemaat benzin za sluzbenite koli mora da sedat bati drzavata bati policijata nema benzin za sluzbenite da izlezat na uvid vreme e ............OTPOR!!!!!!!!!!!
Од: patnik
Датум: 12.04.2010 08:04:16
Uste edna izjava na Minister od VMRO-DPMNE, vo veke vostanoveniot stil " site drugi se krivi samo jas ne". G-gice Jankulovska. Vadenjeto na patni ispravi i drugi licni dokumenti moze da se opise so dva zbora: HOROR i HAOS! Mesto da priznaete deka gragjanite sekojdnevno izmaltretirani i ponizeni von sekakvo dostoinstvo se obiduvaat da si gi izvadat licnite dokumenti i da gi ZASUKATE RAKAVITE I DA GO RESITE OVOJ GOLEM PROBLEM, Vie povtorno ja prefrluvate vinata na DRUG. S R A M O T A!!!!!!!!!!!!!
Од: Трпе
Датум: 12.04.2010 11:44:20
Здрави и живи да бидеме,сите граѓани на РМ до 2020 год. ке добијат биометриски документи.Народот толку се малтретира за вадење на овие документи,затоа сите на фотографите личат како да се излезени од концентрациони логори.Па така и така сме затворени.Европа ни ги отвори вратите а нашите способни стручњаци со се владата не затворија.А за ова нелегалното оружје е чукање на празна слама.Ако некој сакал да има легално оружје,сигурно тоа ке било набавено по легален пат.Но сепак нашата влада ,глуми дека нешто остварува.Пофторувам,дека чукат празна слама а народот очекува жито.
Од: RND
Датум: 12.04.2010 12:18:35
Me interesira samo kolku se ofajdi drzavata od vadenjeto po itna postapka, i uste kolku vreme ke ceka obicniot gragagnin za da izvadi. Sega da se javam ke mi kazat vo 2012 da odam da se slikam. KATASTROFA !!!!
Од: Сточен Еким® -До: Мачето ФЕЛИКС,занесено во улогата на Л`вче
Датум: 12.04.2010 12:53:27
Според Гоца Делчева, останаа да се издадат, само уште околу 2 милиони биометриски документи! Математикава им е како да садат Дрвца! Е, сега баш го чекам полуписменото МАЧЕНЦЕ Среќко, занесено во улогата на Л`вче, да се обиде да состави доволно Правилни зборови, за да може да го разбереме што сака да ни каже! Најверојатно сака да ни пренесе факти од Собраниската клупа, дека имаме огромен број Неписмени Портоколадни претставници кои треба да се дообразуваат! Што мислите, Зошто си отворија Високи Школи во секое Село? Па, За да научат да состават реченица!

Најди! во Утрински
Политика
Проблемот со името да не го помати претседавањето
Професионалните војници повторно излегоа на протести
Кредит од ММФ или еврообврзница?
Помала партиципација за државните универзитети
МРТВ бара партиите да ја остават на мира
Груевски го прифати амандманот на СДСМ