Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Интервју

Проблемот со името да не го помати претседавањето

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд

Се надевам дека претседателството ќе овозможи да се
зацврсти позицијата, репутацијата и угледот на вашата
земја, не само во Европа туку и пошироко

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски


Стразбур - Од мај годинава Македонија ќе претседава со Комитетот на министрите на Советот на Европа, што е повод генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд, официјално да ја посети Македонија каде што ќе има средба со државниот врв. Тема на разговорите ќе бидат приоритетите за време на македонското претседавање со најстарата паневропска организација. Во интервјуто за „Утрински весник“, Јагланд зборува за реформите на организацијата, но и за проблемот со името на нашата земја.



Господине генерален секретар, вие сакате да му дадете нов здив на Советот на Европа со цел да се направи повидлив и поприспособлив кон потребите на европските граѓани. На кој начин ќе го направите тоа?

Сакаме да ги искористиме ресурсите и експертизата на Советот на Европа во областа на човековите права, предимството на правото и демократијата, само преку овие носечки области можеме да имаме реален одраз. Тоа значи дека ние ќе треба да ги концентрираме и да ги ориентираме нашите средства во овие области и посебно во зголемена соработка со Европската унија, која се прошири. Треба да работиме заедно со ЕУ за да се избегне да работиме иста работа двапати. Посебно ни изгледа важно ЕУ да стане членка на Европската конвенција за човекови права и да работи во рамките на Европскиот суд за човекови права. Само така Советот на Европа ќе стане организација на ниво на европскиот континент. Со сета правна тежина што ќе и' го даде членството на ЕУ во Европската конвенција, ние ќе станеме единствената соодветна организација за промовирање на соработката и координацијата на сите различни актери на континентот и посебно со Европската унија.



Вие имате политичка поддршка за реформите, но дали ја имате и потребната материјална поддршка за да го реформирате Советот на Европа?

Владите се тие што ја сочинуваат и ако можеме да кажеме се „сопственици“ на организацијата и, се разбира, со нив треба да се работи. Тоа го правам. Затоа патувам во земјите-членки на Советот на Европа за да им објаснам дека реформата на организацијата е потребна. На крајот на краиштата, Комитетот на министрите е тој што ќе го има последниот збор, ја поздравувам соработката што досега ја имам со швајцарското претседателство и затоа се радувам на посетата, која ќе ја реализирам во Скопје, каде што ќе се запознаам со властите, кои наскоро ќе претседаваат со Комитетот на министрите на Советот на Европа. Се надевам дека процесот на реформи ќе продолжи.



На конференцијата во Интерлакен, владите на земјите-членки на СЕ се ангажираа да го реформираат Судот за човекови права и да ја подобрат неговата ефикасност. Дали реформите заедно со влегувањето во сила на Протоколот 14 од Европската конвенција за човекови права, се доволни за да се постигне тоа?

Ратификацијата на Протоколот 14 е нешто што можеме само да го поздравиме. Тоа беше потребно, но не е ��оволно. Затоа треба да се донесат нови мерки. Реформата на Судот, исто така, треба да биде разгледана и, пред се', реализирана за тој да може да се соочи со приливот на жалби, кои секоја година се зголемуваат. Затоа ние ги започнавме дискусиите за мерките што треба да се преземат за реформата на Судот.



Дали ќе има промени во начинот на следењето на извршувањето на пресудите од страна на Комитетот на министрите?

Следењето на начинот на кој се извршуваат пресудите на Судот за човекови права е во рацете на Комитетот на министрите, државите се тие што треба да покажат волја и да преземат мерки за да се промени нешто во таа насока. Се' што можеме да направиме е да ја понудиме нашата помош, асистенција и совети за евентуално да се направат промени во законот, односно законодавството на земјите-членки за да се приближат нивните законски текстови со критериумите на Европската конвенција за човекови права. Јас инсистирам многу на помошта што можеме да ја дадеме на земјите-членки во оваа насока. Сакам да додадам дека има волја, но постојат тешкотии, кои треба да се надминат. Се разбира, тоа е дел од процесот на реформи.



Рековте дека членството на ЕУ во Европската конвенција за човекови права е историски напредок. Што ќе се промени во практика, ако се знае дека сите земји -членки на ЕУ истовремено се и членки на Советот на Европа?

Вие сте во право, сите граѓани од земјите-членки на ЕУ можат да се обратат до Европскиот суд за човекови права. Но, кога Европската унија како целина стане членка на Европската конвенција за човекови права, тогаш граѓаните од земјите-членки на ЕУ ќе можат да се обратат (жалат) до Судот во Стразбур во случај кога сакаат да оспорат една одлука донесена од страна на ЕУ, во тоа е разликата. Не треба да се заборави дека ЕУ како организација може да направи грешки, носејќи одлуки што можат да имаат последици за човековите права. Тие грешки не се само од државите-нации, туку може да има и одлуки што се донесени од Европската унија со колективен ефект, кои можат да се одразат врз човековите права на граѓаните на ЕУ. Затоа е важно еден ист суд и едни исти правила да се спроведуваат во цела Европа.



Дали се утврдени модалитетите за членството на ЕУ во Европската конвенција за човекови права и за надлежностите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со оние на Европскиот суд за правда во Луксембург?

Тоа е една од тешкотиите и проблемите што мора да ги надминеме и да ги решиме, околу ова продолжуваат преговорите меѓу Советот на Европа и ЕУ. Но, од овие причини се оправдува и членството на ЕУ во Европската конвенција за човекови права. Во спротивно, ќе имаме две судски институции, Судот од Луксембург и Судот од Стразбур и потенцијално судски одлуки со различни правосудни последици. Со цел да се хармонизираат акциите на двете судски институции, затоа ние сакаме да се реализира членството на ЕУ во Европската конвенција за човекови права.



Вашата посета на Македонија ќе биде прва во својство на генерален секретар на Советот на Европа, но вие веќе ја познавате добро земјата, бидејќи сте имале можност да ја посетите и порано. Како гледате на актуелната ситуација во земјата и во регионот кој се нарекува Западен Балкан?

Со задоволство го чекам преземањето на претседателството на Комитетот на министрите на Советот на Европа од страна на вашата земја. Мислам дека вие ќе имате реален придонес во функционирањето на организацијата, ако ништо повеќе барем поради вашата ситуација на Балканот. Се разбира дека има проблеми кои се присутни, некои треба да се решат по преземањето на претседателството, како, на пример, тие во Босна и Херцеговина и соседното Косово... Но, мислам дека перспективите се добри и има доверба во вашето претседателство со организацијата и мислам дека тоа ќе биде успешно.



Македонија го има проблемот со Грција околу името на државата. Мислите ли дека проблемот со името може да го загрози претседавањето и со кое име Македонија ќе претседава со Комитетот на Министрите на Советот на Европа?

Тешко е да се зборува за овој проблем. Во моментов, единствено што можам да кажам, е дека се надевам претседателството нема да го стави во прв план прашањето за името. Туку напротив, тоа да биде во втор план бидејќи се' зависи од процесот кој се води во ООН. Ние овде во Советот на Европа не можеме ништо да направиме за да се променат нештата, ние зависиме од процесот што се води во ООН. Се надевам дека претседателството ќе дозволи да се зацврсти позицијата, репутацијата и угледот на вашата земја, не само во Европа туку и пошироко и дека целото претседателство ќе функционира според прагматични основи. Не би било пригодно претседателството да ги користи сите можности за да го покренува овој проблем на сите состаноци и конференции на организацијата, што само може да му наштети на ова прашање.



Советот на Европа е организација создадена со цел да се надминат токму вакви проблеми од минатото. Зошто не се ангажира повеќе?

Бидејќи двете страни во проблемот се тие кои одлучија за ова прашање да се грижат ООН и да се решава таму, ние немаме надлежност да се мешаме во таа процедура. Ние можеме само да помогнеме во таа процедура со почитување на нивната одлука. Многу е важно да се почека решението на процесот кој е под закрилата на ООН и не треба да покажуваме прекумерна амбиција во обиди да го решиме проблемот бидејќи ако го направиме тоа ние можеме повеќе да наштетиме и да ја влошиме ситуацијата.



Кога ќе бидете во Македонија, како ќе и' се обратите на земјата и на македонските власти, кое име ќе го користите при обраќањето до македонското претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа?

Евидентно е дека моментално, за време на вашето претседателство морам да го користам името што е признато на меѓународен план, се' додека не е прифатено едно друго име. Што се однесува до овој проблем, исто како и за другите проблеми на Балканот, ќе одговорам на ист начин. Јас доаѓам од нордиска земја и имаме прагматичен пристап. Ние сметаме дека се потребни решенија, кои се во интерес на населението на нашите земји. Можам да се надевам дека тој прагматичен дух ќе преовлада и во потрагата на решение за името на вашата земја. Денес луѓето во Европа и насекаде во светот, но, пред се', во Европа сакаат да живеат нормален живот и да избегнат да бидат вмешани во политички проблеми, кои се резултат на нивните политички раководители, кои понекогаш се и на штета на интересот на обичните луѓе. Значи проблемите на Балканот можат да бидат решавани со поинакво однесување на политичарите, што може да дозволи да се излезе од некои нивни конфликти и позиции и да им дозволат на нивното население да живее и патуваат нормално, да станат членки на некои европски институции. Мојата пораката до вас, до населението и до лидерите на Грција, е дека треба да се биде прагматичен и да се работи во интерес на народите на овие земји. Тие треба да живеат нормално, да можат слободно да ги гледаат своите деца, слободно да патуваат и, евентуално, да бидат членки на една меѓународна институција и да бидат дел од глобалните светски текови.

Како претседател на Комитетот за доделување на Нобеловата награда за мир, дали мислите дека тие што ќе најдат храброст да потпишат компромис за решението за името можат да бидат предложени за Нобеловата награда за мир?

(Со широка насмевка) Тоа е друго прашање. Се разбира дека ќе го поздравам решението на проблемот за името. Но, не станува збор само за проблем за името, тоа е проблем кој се однесува на статусот на вашата држава, на вашите односи со НАТО, односите со Европската унија, решението може да се одрази многу и на ситуацијата на Балканот и воопшто во Европа. Навистина сметам дека е потребно да се најде едно решение кое ќе има последици во многу други области.


#
Статијата е прочитана 5847 пати.

Испрати коментар

Од: Kimov
Датум: 12.04.2010 03:56:33
So uceni uste sega neni treba presedavanje. Kakva e ovaa moderna Evropa sto znaci nikakva so uceni.
Од: Ljubotan
Датум: 12.04.2010 05:35:49
I sega do kade dojdovme! Tony Glamcevski ce go provocira ,Torn Borngv, so prasanata na Tony. Zamislet skandinavskiot Diplomata mnogu mu iznakaza na Tony,a vsustnost nisto ne mu ,odgovori!!So drugi zborovi mu kaza; Vie ste Posledanata Dupka ,kako nie ce Odlucime!
Од: petra
Датум: 12.04.2010 08:31:22
Za kakvi covekovi prava zboruva koga nam ne ni se priznava osnovnoto - da se vikame kako sakame!!! Vo Sovetot na Evropa ne vikaat gragjani na FIROM. Po ponizuvacko zdravje!!!
Од: eu
Датум: 12.04.2010 11:01:14
covekovi prava na zapad se prava na bolni,hendikepirani,nevraboteni,stari,deca,zatvorenici,homoseksualci a nednevnica 18den,klecalnici,ako nemas da platis da se lecis umri koi se makska sekojdnevnica ...........
Од: nekoj
Датум: 12.04.2010 11:12:03
Kimov, da ti kazam pravo Evropa e super, se funkcionira, se zivee dosta ubavo, a i nudi mnogu za tie sto se vredni..ma da se grizi i za tie pomrzlivite.. Glavno sekoj si ja brka svojata rabota, si gleda da si go pomine zivotot ubavo zasto e eden i edistven, a mnogu so tugi problemi ne se zamara sto e i normalno. Ako vie kako makedonci sakate da se afirmirate, prvo treba da soberete pozitivna energija, da ste diplomati, a pred se prijateli so tie od koi zavisite. Mene nikoj ne me vika FYORMec, ja sum za site makedonec. Megutoa slovenski makedonec i sum gord na toa sto go nosam vo sebe-slovenstvoto. Imeto na zemja ne e ime na mojata etnicka pripadnost i ne mesajte babi i zabi. Otkako vasiot Gruevski ja dovede rabotata do ova derege, edinstven izlez e da dodadete pridavka na imeto. E sega da igravte pametno, nemase ni da dojde do ova. Pametniot uci od greskite i gi ispravuva, a glupaviot gi obvinuva drugite-kako makedonecot na koj site mu se krivi :D :D
Од: taip abdula-(konce-RM)
Датум: 12.04.2010 11:31:16
Dosta godini sum nadvor od RM privremeno ziveam vo gradot Malme-Svedska no nasite cuvstva se stalno zaedno so Makedonija.Da ziveav vo RM-mozebi i jas ke mislev kako nasite sogragjani deka ako se promeni ustavnoto ime na RM i ako se integrirame vo EU i NATO ke bide se med i maslo. Jas so sigurnost mozam da recam deka evropskata demokratija e daleku nazad za razlika od demokratijata sto gi uzivaat nasite malcinstva vo RM. Sto se odnesuva do sporot so Grcija okolu ustavnoto ime nikoj pat nema da se pogodime bidejki bidejki nitu eden nas partiski lider(Gruevski ili Branko) nema da potpisaat promena na ustavnoto ime bidejki posle toa ke sleduvaat mnogu ne predvideni raboti ´( unistuvanje na makedonskata nacija i bitie).Prvo,Grcija treba da im gi plati imotite na progonetite makedonci.Sto se odnesuva do Grcija uste koga RM bese vo sostavot na SFRJ stavot na Grcija gragjanite na RM isto bea maltretirani na vlezot na Grckata granica.Gragjanite na RM-treba da gi bojkotirame grck.proizvodi.
Од: Dr.Mihail Sorko, Ohrid
Датум: 12.04.2010 17:06:26
Makedonskiot nacionalen,jazicen i kulturen IDENTITET ne moze da se izgubat, zatoa sto i pripagjaat na EVROPSKATA CIVILIZACIJA i ja zbogatuvaat so svoite duhovni vrednosti.

Најди! во Утрински
Политика
Професионалните војници повторно излегоа на протести
Досега издадени 1,6 милиони биометриски документи
Кредит од ММФ или еврообврзница?
Помала партиципација за државните универзитети
МРТВ бара партиите да ја остават на мира
Груевски го прифати амандманот на СДСМ