Диригентот бара нов оркестар кој знае да свири кога тој греши
Премиерот Никола Груевски драматично жртвува неколку пешаци и еден коњ за кралица. Во неговата партија шах, со самиот себе, паѓаат министри и вицепремиери за да се сврти вниманието на јавноста божем од наводните поместувања на ставовите на државниот врв кон компромис за името на Република Македонија. Или, пак, Владата навистина запаѓа во длабока кадровска криза, соочувајќи се со своите грешки. Веќе не може слабата опозицијата за се' да биде виновна. Тоа е цената на апсолутна власт.
Власта молчи и тактизира околу најновите предлози на Метју Нимиц, но, затоа, пак, јавноста преку разни неформални партиски и владини извори има изобилие на информации за експресното кадровско „олеснување и освежување“ на Владата. Во недостиг на официјални извори, широко се отворени вратите на шпекулации, полувистини и дезинформации со кои вообичаено се замаглува вистината кога работите ќе тргнат на лошо.
Наеднаш надојдоа сите реки среде лето, па Груевски е соочен со голема поплава во Владата од проблеми кои тешко може да се скријат. Тече вода од сите страни: името на државата, економска криза, големи корупциски афери, и целосно раштимуван владин оркестар. Диригентот бара нов оркестар кој знае да свири и кога тој греши. Некои министри на заминување се осмелија да му соопштат на премиерот дека е невозможно да се работи со диктат и со тројни стандарди едни за јавноста, други за Владата и парламентот, а трети за државниот и за партискиот врв концентриран во ВМРО-ДПМНЕ.
Проблемот со името чиј фитиљ гореше бавно речиси две децении, сега експлодира со сета ��естокост. Нога повлече Ивица Боцевски, веќе бившиот вицепремиер за европски прашања. Неговата неотповиклива оставка прецизно составена и поднесена непосредно пред посетата на Метју Нимиц недвосмислено покажува дека евроатлантските интеграции се во длабок застој. НАТО и ЕУ не се врвен приоритет на Никола Груевски и Владата. Боцевски откри јавно дека нема што повеќе да работи во секторот за Европа. „Исцрпени се сите можности за натамошен ангажман во актуелната Влада“ (читај, со актуелниот премиер). Истото тоа го потврди по два-три дена и неговиот заменик Перо Димшоски, кој уште пожестоко ја обвини Владата дека евроатлантските реформи не се спроведуваат.
Метју Нимиц првпат е оптимист. Искусниот дипломат ја прифаќа кооперативноста на македонскиот државен врв и јавно декларираната подготвеност на компромис. Нимиц соопшти и во Скопје и во Атина дека предмет на неговото медијаторство и мандат отсекогаш било само името, а не националниот идентитет и јазикот кои според него воопшто не се спорни, бидејќи, како што кажа среде Атина, таму има народ (во Македонија - м.з.) кој има своја националност и свој јазик. Се разбира, името на државата не го спомнува поради неговата медијаторска и неутрална позиција.
Наеднаш надојдоа сите реки среде лето, па Груевски е соочен со голема поплава во Владата од проблеми кои тешко може да се скријат. Тече вода од сите страни
По овие изјави на Нимиц, следуваше видлива воздржаност од владини претставници и во Грција и во Македонија, што е сосема разбирливо и е составен дел на преговарачките тактики. За ова не треба да и' се лутиме ниту на Владата ниту на преговарачите. Но, во Македонија се случија неколку работи кои ги откриваат тактиките на Груевски со различни аршини. Најнапред експресно се огласи „Евро-Балкан“, Институт за анализи, близок до Владата, со конкретно барање за прекин на преговорите со Европската унија. Најверојатно, овој институт набргу ќе си го смени името од „Евро“ во „Балкански Балкан“. На Јован Донев, директорот на „Евро-Балкан“, веднаш се надоврза Тодор Петров, претседател на Семакедонскиот конгрес, со истото барање итно да се прекинат преговорите со Брисел. Петров непосредно пред доаѓањето на Нимиц, за секој случај, објави света војна за заштита на уставното име. Овие денови такви барања ќе има во изобилие, кои веројатно ќе влезат во делот на стратегијата на Груевски дека е изложен на силен притисок од јавноста која од него бара прекин на преговорите. Провладиниот сервис Сител во својата емисија со инсекти и пациенти, највисок дострел на македонскиот преродбенички журнализам, веќе даде голем бел бумбар за запирање на преговорите. Слични тактички маневри набргу ќе стасаат и од Грците. Папандреу веќе бара вонредни избори, а Нимиц го предупреди дека тоа ќе го запре преговарачкиот процес на НАТО и ЕУ со Македонија што може да има последици по стабилноста на регионот. Во меѓувреме, за да не излезат работите од контрола на власта, е запрена иницијативата и во македонскиот парламент за единствена национална стратегија околу името на државата.
Оли Рен и Солана доаѓаат следната недела да ни кажат, меѓу другото, дека тоа што го правиме е прочитана книга. Наградата со визната либерализација лично ќе му ја предадат на премиерот Груевски. Но, она што нема да го дознае веднаш јавноста е дека ќе му кажат уште нешто, дека таа награда може брзо да се истопи ако и натаму се блефира со реформите. Ќе го прашаат зошто си замина Боцевски, иако го знаат одговорот.
Дали забележувате веќе од поодамна нема јавни седници на Владата. Ќе беше убаво да ги чуеме расчинетите министри на владина седница пред премиерот кој ги назначил да кажат зошто „доброволно“ си заминуваат. А и Груевски да им каже што има да им каже. Оставката, на пример, на Перо Стојановски, министер за образование, е мошне тешко обвинување упатено до премиерот Груевски. Стојановски обвинува за неможноста да се отстрани политиката од образованието. Партизацијата на целиот образовен систем е метастазиран до несогледливи димензии со тешки последици кои допрва ќе ги почувствува македонското општество. Застрашувачко е обвинувањето на министерот Стојановски дека политиката стана поважна од науката во една од најчувствителните дејности за иднината на Македонија. Другиот министер, пак, Трајко Славевски, среде тешка финансиска криза не сака да поднесе оставка, туку бара соочување со премиерот. Не е подготвен за о��тавка, бидејќи очигледно се чувствува како жртва на валкана игра. Најисполнителниот министер во преродбата на Груевски претпочита да биде разрешен. Мора да си оди, затоа што ги исполни сите барања на својот премиер, дури и оние кои беа против неговите убедувања и кои се во судир со економските законитости. И слепо послушните некогаш завршуваат како Славевски. Ќе видиме колку ќе биде храбар да ја каже вистината од парламентарната говорница. Министерот за земјоделство, пак, Ацо Спасеновски, е типична политичка жртва, не на коалициони влади и интереси, туку на договор меѓу Ѕинго и Груевски. По неговата оставка нормално ќе биде натоварен со аферите околу „Сведмилк“ каде што исчезнаа околу четириесет милиони евра. На повидок е уште една уште поголема афера тешка стотина милиони евра, а тоа се субвенции за земјоделците кои никако да стасаат до сиромашниот мал земјоделец. Стотици милиони евра за земјоделството одат некаде. Спасеновски знае каде. Обврска му е да каже каде. Подобро сега, отколку кога ќе мора.
Веќе има компетентни и издржани тврдења дека аферата со кинеските двокатни автобуси ќе голтне 25 милиони евра во нечии џебови. Допрва ќе се одмотува и аферата - и плати и пензии која засега го кутна само генералниот секретар на Владата, кој повеќе настрада што не го спречил туѓиот криминал од тие што го направиле тоа. Груевски испрати сериозна опомена и до својот заменик за економски прашања Ставревски со неговото префрлање од економскиот во финансискиот сектор. Некако се' ми се чини тој е „жртвен коњ“ меѓу министрите-пиони.
Преродбата продолжува. Остваривме сто чекори. Останува уште еден. Тој чекор треба да го направи лично премиерот Никола Груевски.
„Груевски е изложен на силен притисок од јавноста“. Која е таа јавност?! Јавноста која лелека под неговиот режим Груевски не ја есапи ни под „разно“, иако се работи за 90% од населението. Тој го „слуша“ само делот од јавноста кој го створи како потпора на неговиот апсолутизам: квази - невладини, квази - патриоти, купени новинари, улични тепачи, неписмени интелектуалци, слепи водачи, болни лекари, земјоделци без педа земја, сточари без ќорава коза - лунпенпролетеријат од сите сорти и бои. Тие се „сила“ во нашава земја! Груевски ја нарекува „иднина“! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: kole
Датум: 10.07.2009 01:19:33
Грујооооооооооооооооо... ако сите пчели носат мед.... медот ќе беше.......................... Преродбата ја утнаааааааааа.................
Од: Маркос
Датум: 10.07.2009 01:19:50
Изнесување критички ставови спротивни на оние на владата (читај Премиерот), секако е позитивна работа. Дури и критичарите да не се во право, бидејки слепата послушност и врвните експерти ги претворува во некорисни бирократи. Но, би сакал да знаам дали се критиките изнесени порано, па замолчани, или се „истресени„ при „збогувањето„ со Премиерот. Како да било добро е што е монолитот, на кој како и другите автократи инсистира и македонскиот, очигледно напукнат. Сепак, сега бившите министри и оние што „дооброволно„ или поради „неспособност„ ќе станат бивши, не заслужуваат жалење. Тие не се уценети да влезат во Владата - „слуганството„ сами си го одбрале.
Од: загрижен
Датум: 10.07.2009 01:31:16
Ако се набројува, има навистина многу недостатоци! Недовршени работи и проекти, скапо платени и без ефекти реклами! Се за царското лично конто! Велат и претходните правеле реконструкции! Но ова докажува дека совршениве не се веќе совршени! За ова веќе не им се виновни претходните 18 години, како што милуваат да се вадат! Сакаме ефекти сега, а не кога ќе остариме чекајќи еднаш веќе да им тргне на овие од сегашната власт!
Од: BIMBO
Датум: 10.07.2009 02:43:32
Takov orkestar koi znae da sviri bez dirigent e POPLAVA ORKESTAR bay bay charlie.
Од: Thomas Nast
Датум: 10.07.2009 04:30:43
Se e taka moj Erole, prerodbata pocna da puka po site shevovi. Samo plakem pregolem cena kako narod! Kolku i da sme nepismeni, prosti, neobrazovani, ne zasluzuvame vakov sram. Aj neka bide pak Branko kriv, samo da ne go jademe stapot.
Од: pogled
Датум: 10.07.2009 07:21:58
1. Со други зборови: Ако нема промени во владата, зошто да ги нема.? Ако има промени во владата, зошто да ги има? Ако се смениле тие и тие министри, зошто баш тие, а не другите? И така животот си тече.
Од: Миле
Датум: 10.07.2009 08:27:17
Кој за што, Ерол за промена на името.
Престани веќе еднаш да потпалуваш национална омраза и да промовираш фашистички и дискриминаторски, прогрчки, идеи за недоветност на македонскиот народ да си го зачува името.
Постојат безброј полиња каде можеш да критикуваш во контекст на имлементација на европските стандарди, човековите права и слободи и европски вредности. Зачувувањето на македонското име, јазик и идентитет е базична европска вредност. Без неа Македонија нема да ја примат во Европа. Било каква промена на името е вовед во распаѓање на државата. Начинот на распаѓање може да биде и крвав.
Свесно или несвесно поттикнуваш вакво сценарио?
Од: Трпе
Датум: 10.07.2009 08:47:25
На човек кои во срце му се физичките спортови,умствените тешко му одат.Така нашиот мистер Рејтинг неможе да игра шах.Шахот е игра за интелектуалци.Во последно време мистер Рејтинг на шаховската табла се губи .Во последно време на екраните го нема да се слика како фигурите ги мести.Се губи дали игра со бели или црни фигури.Иако на македонскиот народ му се гледа се црно,па и шаховските полиња сњ мешат,дали се црни и бели или црни и портокалови.Оваа игра што ја игра сега уште предвреме му кажува дека му се спрема мат позиција.Со жртвување на неколку пиуни не се постигнува ништо се додека не ги разигра коњите и ламферите.Но тој со ламферите сака да се прикрива.А коњите може да му откријат многу нечесни предвидени потези.Многу верува во кумот Ставре (кралицата) но таа може најмногу да го изневери пред другиот крал.А топовите ги чува како кубурот,некогаш можеби ќе му се најде.Когаааа...
Од: Saso
Датум: 10.07.2009 08:50:44
Vakvite komentari kade sto samo napagate ne stignuvate daleku,lele jak stik sto ke se smenile ministri.Erol Kerim ti kazuva sto da pisuvas ili ti sto mislis ti odgovaras za tova sto ke go izrabotis,ako ne sviris kako sto ke ti svirne ke letnes,i ne zaebavaj dosta placete SLABI STE NARODOT NE VE SAKA USTE KE POMINE MNOGU VREME
Од: Јас
Датум: 10.07.2009 09:04:41
Сакам и јас да кажам нешто без да ме навредуваат за тоа:Не ви е криво огледалото ако ви е толку грд ликот(читај не е крив Ерол што ви ја кажува вистината во очи)
Од: kosmopolit
Датум: 10.07.2009 09:23:47
Eh, Erole, taman koga pomisliv (citajki gi komentarive) deka nema da te 'rcnat za predavstvo, etnicka pripadnost i sl. koga toa nasiot pocituvan sogragjanin so obvinuvanje deka ti pak za imeto i sirenje omraza i fasizam. Kutriot Mile, zivee na Mars, ili mu trebaat ocila so pogolema dioptrija za da vidi sto se slucuva okolu nego.Legnuva , stanuva so edna misla, da gi mrazi razlicnite . Gospod neka mu e na pomos.
P.S. A be kaj e Lavicata? Ja nema nesto, da ne se mitari vo svoeto partisko duvlo?
Од: Saso Germanija
Датум: 10.07.2009 09:48:52
Grujo, vo kommentarive protiv tebe ne se raboti za
Makedonija, ami za smena na vlasta. Inaku ovde na Zapad gi menuvaat ministrite kako gakite.Zemi
go za primer London so vekovna "demokratska"
tradicija. So bezkonecnite "razgovori" za imeto kaj
narodot gubat verba(verodostojnost) i najdobrite
politicari. No do sega Makedonija pod nase ime zivee, a
promena ke znaci smrt.Erole da si zvi i zdrav ama
ne si vo pravo. Nekoi nemakedonci od Germanija
ni predviduvaat apokalipsa.Gluposti.
Од: Ајван Доктор
Датум: 10.07.2009 11:10:22
Ураган, а не поплава, е она што ѕирка од под стоте чекори со калливи опинци! Се повторува приказната за еднаквата игра на Грчката влада, притоа се заборава само фактот дека 100-те чекори - тие ги имаат напревено одамна и тоа со првокласни кондури! Секако ќе биде уште поинтересно, ако народот потклекне на мислите на празните тикви, со енормна желба да се прекинат преговорите! Преговорите не можат да се сопрат, затоа што веќе се завршени! Уште од моментот кога е спомнато новото име, со префикс Северна, во ЕУ парламентот! Метастазите во образованието, но и во областа во која не смееше да ги има, Економијата, набргу ќе ја Објават дијагнозата Канцер! Памет и писменост, не се стекнуваат со сила и пари, туку со учење и труд! Ова е нешто што допрва ќе го осознаеме, но најверојатно веќе е премногу доцна! Последиците се веќе видливи!
Од: rubin
Датум: 10.07.2009 11:22:50
Dali site komunjari se dezerteri?
Dali vo 2001 dezertiraja po grckite plazi i dali sega edno ministerce komunjarce go dokaza dezerterskoto minato na komunjarite?
Dali komunjarite ni smenaja ime, zname i ne nerekuvaja sloveni dojdeni od zad karpatite vo VI-vek.?
Од: Delco
Датум: 10.07.2009 13:27:52
Mi se dopaga dosetkata koga prvin velite predmetot na mediatorot otsekogas bilo samo imeto! Potoa deka mediatorot od mediatorska i neutralna pozicija ne go spomnuva imeto! Cudno ama vistinito od ovoj covek.
Од: redoven ccitatel
Датум: 10.07.2009 15:29:42
So nekoi stavovi na Rizaov ne se soglasuvam. No moram da priznaam uzzivam da go citam. Go citam veke 30 godini. Jasno gi izdvojuva faktite od negovite sopstveni stavovi. Vakvite novinari imaat pravo na svoj stav.