Број 2875  вторник, 30 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Кривични пријави за 34 цариници

Царинската управа поднесе кривични пријави против 34 царински службеници поради сомневање дека повеќепати ја злоупотребиле службената положба. Според Царината, пријавените се осомничени дека во периодот од јануари 2005 до јули 2007 година, додека работеле како виши цариници, водачи на смена и цариници во царинската експозитура Ќафасан, им овозможиле на возачи на камиони да го оштетат државниот буџет и сметката на ЈП „Македонија пат“ за околу 8,5 милиони денари.

„Пријавените цариници одлучиле 1.326 камиони со носивост над дозволената тежина од 40.000 килограми по кантарни белешки да остварат влез во царинското подрачје на РМ, без притоа да обезбедат дозволи од ЈП ‘Македонија пат‘ за вонреден превоз или без да извршат претовар“, соопштуваат од Царината.

Раководителите на смена давале одобрение за предметните возила да бидат изготвени транзитни документи, а цариниците ги потврдувале. (Г.А.)


Статијата е прочитана 688 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Масовна злоупотреба на службените легитимации на патарините
Запленети два тона петарди
Македонец ограбен во Вараждин
Рибарите го оспоруваат конкурсот за концесија на езерата
Скопјанка ранета од заскитан куршум
Пијана девојка натепала полицаец
Туристки ангажирани како пејачки