Скопјанка ранета од заскитан куршум
Дваесет и шестгодишната В.Ч. од Скопје е најновата жртва на заскитани куршуми. Таа била ранета додека седела во својот дом на улицата „Прохор Пчињски“ во Скопје. Според МВР, таа била погодена од заскитан куршум испукан од непознати лица од соседната куќа кои со рафална стрелба во воздух славеле. Скопјанката била ранета во десното уво и веднаш била пренесена во Градската болница. Проектилите ја оштетиле и терасата од куќата на В.Ч.. Полицијата трага по сторителите. (Г.А.) |