„Скопски пазар“ влезе во бизнис со изградба на станови и почна да гради станбено-деловен објект во населбата Тафталиџе, веднаш зад ресторанот „14“. Станбената зграда, чија изградба започна минатиот месец, ќе биде на три ката, а треба да биде готова во ноември идната година.
На приземјето ќе има 10 локали, а на катовите ќе бидат распоредени 21 стан со различна големина. Најмалиот стан ќе има 46 квадратни метри, а најголемиот 120 квадрати. Становите ќе се продаваат по цена од 1.500 евра за квадратен метар, со вклучен ДДВ. „Заинтересираните за купување со потпишувањето на преддоговорот ќе мора да уплатат 30 отсто од вкупната сума. Дел од становите веќе се продадени, а за преостанатите има доста заинтересирани“, велат од претпријатието. Инвестицијата на „Скопски пазар“ изнесува околу два2 милиона евра, а градежните работи ги изведува АД „Илинден“. Земјиштето на кое се гради објектот во Тафталиџе е сопственост на „Скопски пазар“ . Оттаму објаснуваат дека ќе продолжат да градат станови и во други делови од Скопје каде што имаат сопствено земјиште.
Инаку, „Скопски пазар“ првпат инвестира во изградба на станови, а досега градеше само деловни објекти. Последниот е во населбата Ѓорче Петров кој свечено ќе биде предаден во употреба на 17 декември. (Сн.К.)
1500 evra? za tie pari ke kupam stan vo berlin ili viena.
Од: Johnny
Датум: 06.12.2008 08:33:38
Па се разбира по 1.500 ЕВРА за квадрат, земјата скапо ја купија по цели 10 ЕВРА за квадрат. Сега на местата на сите пазари ќе градат евтини станови.
Од: nl
Датум: 06.12.2008 10:50:39
Berlin??Viena?? E daj stvarno odnesi ne site da si kupime stanovi vo Berlin ili Viena za 1500 evra po kvadat. Vistinata e deka nikade osven mozebi vo Tirana nema nov stan pod 1500 za kvadrat. za zal.
Од: devicanecot
Датум: 06.12.2008 20:49:02
So 10 evra kvadrat i plateni komunalii,cenata ne e pogolema od 700 evra. Ajde i 200 evra neka e pecalba. Ama 800 evra percalba.... e toe e super biznis.
Од: vile
Датум: 06.12.2008 22:38:35
Srakni ljuge nema sto i jas bi sakala taka da gradam zemjiste zemeno taka reci bez pari ,a cena za stan do nebo zatoa sme tamu kaj sto sme bedotija samo grst luge ke ziveat,a drugite ke se molime za zdravje drugo nema sto.Zalno...
Од: Vladimir Postolovski
Датум: 07.12.2008 15:25:53
Pa neli siromashni nemaat pari nashite 30 posto nevrabotenost ahahahah smeshki a vamu raspordadeni stanovi od 1500evra m2,pa neli 100 evra plata kako sea nadenash kako od shega stanovi se kupuvaat i toz 5 min od centar.
Za Vo berlin 1500evra m2 malce utre.Vo centar na Berlin pod 20000evra m2 nema shansi.Lugeto vo severna evropa zhiveat vo skromni baraki nadvor od gradovite po selata ili pod kirija,i sve e so krediti koj se otplakaat so godini.Samo kaj nas siromashnite se kupuvaat ekskluzivni stanovi kesh bez problem.Zakljuchok lugeto se mnogu bogati kaj nas ama nesrekni zaradi nivniot mentalitet ne e do parite do nachinot na zhivot e.