Павер-елементи на тротоарите во Бутел 2
Општина Бутел реновираше дел од тротоарот на улицата „Кристијан Тодоровски-Карпош“, а ја обнови и електричната инсталација за уличното осветление. Реновирани се 200 метри од најоштетениот
дел тротоарот на десната страна во населбата Бутел 2, во должина од 200 и широчина од два метра. Поставени се нови рабници и колоритни павер- елементи.
Патеката е завршена, а за нејзината изградба се издвоени општински буџетски средства. (Сн.К.) |