Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Инспекцијата од Карпош го затвори паркингот на АД „Илинден“

Од претпријатието се жалат на самоволие на в.д. градоначалникот, кој вели дека само го спровел законот

Деспина Трајковска

Со неколку багери и десетина работници Градежната инспекција на Општина Карпош вчера го отстрани наплатниот систем на паркингот пред станбено-деловниот објект на АД „Илинден“ во Карпош 3, со образложение дека тој веќе две години функционира незаконски. Иако ја оспоруваат одлуката на општината, од „Илинден“ не се спротивставија на теренците, туку немо ја набљудуваа нивната акција. Убедени дека општината бесправно им го уништува паркингот, тие најавија дека ќе поднесат кривични пријави против актуелниот в.д. градоначалник Сашо Димиќ.

Билјана Манојловска, правник во АД „Илинден“, изјави дека Општина Карпош и Градот Скопје две години не одговориле на нивното барање за добивање согласност за уредување на паркингот, кој во најголем процент е даден на користење на станарите на објектот и администрацијата на компанијата сместена во зградата. Само мал дел од паркинг- местата, рече Манојловска, се од јавен карактер.

„Кога го изградивме објектот, што се наоѓа на земјиште кое ‘Илинден‘ уредно го купи на лицитација од Министерството за транспорт и врски, договорено беше Градот и општината да го изградат паркингот, но бидејќи немаа финансии, тоа го сторивме ние. Веднаш ги побаравме сите согласности за негово функционирање, но до ден денешен немаме никаков одговор. Од општината само усно ни кажаа дека тие немаат никаква надлежност во врска со тоа прашање, а сегашнава ситуација е сосема спротивна и личи на самоволие на в.д. градоначалникот“, рече вчера Манојловска, која не сака да верува дека интервенцијата на општинарите е реваншизам за неодамнешната тужба што АД „Илинден“ ја поднела на општината за нерасчистени долгови.

Револтот кај вработените во компанијата е многу поголем и бидејќи, како што напомнаа вчера, општината наместо да ги урива дивоизградените објекти во Нерези, Бардовци и во други делови, таа го урива нивниот паркинг од кој се хранат семејствата на неколку бранители кои работат на паркингот.

Сашо Димиќ, в.д. градоначалникот на Карпош, вчера ги отфрли обвинувањата дека акцијата е возвратен удар на општината поради нејзините наводни долгови кон претпријатието, за што од „Илинден“ најавија поведување судска постапка.

„Апсолутно немаме никакви долгови. И да постојат заостанати неплатени сметки, слободно нека не' тужат. Акцијата за уривање на паркингот апсолутно нема врска со никакви наводни нерасчистени односи помеѓу општината и ’Илинден‘. Само го спроведувам законот, односно не дозволуваме некој да го узурпира јавниот простор и истовремено од него да профитира“, изјави Димиќ.


Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 06.12.2008 01:09:23
gospodo --koga ste dobile dozvola za gradba -ste morale da obezbedite parking mesta za celokupnata zgrada.znaci parkingot e na stanarite a ne da nekoj od vas pravi biznis. vo skopje sekoj si zema za pravo da otora parkinzi.pregraduva trotoari,i sto li ne..e nama da odi toa taka vo idnina
Од: Marija
Датум: 06.12.2008 18:45:48
Директорот на Илинден Андреа е криминалец кој е осуден и треба да лежи затвор каде што се и неговите соработници на овој обијект кој веќе се таму (стечајниот управник на Техника Зоран Стојанкич и бившиот директор на Техника Игор Костовски). Паркингот е на станарите на оваа зграда и се надеваме дека така и ќе остане. Подршка за градоначалникот да се справи со криминалците.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
„Скопски пазар“ гради станови во Тафталиџе
Мичуринци со месеци се задушуваа во прав, сега заглавуваат во кал
Павер-елементи на тротоарите во Бутел 2
Градот и „Митал стил“ го чистеа кејот