Педесет и осумгодишен жител на Македонски Брод е тешко повреден во главата и во градите кога врз него паднало дрво во Националниот парк „Маврово“ додека сечел дрва со моторна пила. Несреќата се случила завчера попладне, во месноста Царевец, во близина на мијачкото село Галичник.
Повредениот бил извлечен од неговиот колега, кој набрзо информирал за несреќата, по што со медицинско возило дрварот бил пренесен во гостиварската Општа болница, а оттаму на скопските клиники.
Дрварите биле ангажирани од НП „Маврово“ за сеча на дрва во овој регион. (МИА)