Секира и ножеви решавале расправија
Секири и ножеви се користеле во пресме��ка во делчевското село Разловци. Инцидентот, како што соопшти МВР, се случил во средата,околу пладне, кога по кратка расправија Д.И. (55) со секира го удрил по глава својот братучед С.И. (44). Во пресметката се вклучила и сопругата на напаѓачот П.И. (53), која со нож му нанела исеченица на десната рака на С.И., кому подоцна му била укажана лекарска помош во Делчево. Полицијата го расчистува случајот. (Г.А.) |