Охриѓанец пријавен за полов напад врз дете
ОХРИД - Поради основано сомнение дека е сторител на кривичното дело полов напад врз дете, СВР - Охрид поднесе кривична пријава против А.Т. (27) од Охрид. Од страна на истражен судија му е одреден притвор од 30 дена. Според МВР, А.Т. во јули годинава, во неговиот стан, каде што малолетникот и неговиот родител живееле под кирија, извршил обесчестување и други полови дејства врз седумгодишното момче. По извршени медицински прегледи во Охрид и дополнителни прегледи во Битола, кај малолетникот се констатирани повреди што недвосмислено укажуваат дека станува збор за извршено обесчестување, односно сексуален чин. Во рамките на комплетниот медицински третман се извршени и неопходните невропсихијатриски прегледи и анализи.
За извршеното кривично дело во СВР - Охрид, во присуство на адвокат за малолетници, извршени се темелни разговори со малолетното дете и со неговиот родител по што за настанот известен е Центарот за социјални грижи. Со цел пронаоѓање траги поврзани со кривичното дело, по наредба на истражен судија при Основниот суд - Охрид, извршен е претрес во станот на пријавениот. Од страна на полициските службеници се пронајдени и одземени одредени предмети, кои се испратени на вештачење и натамошна анализа. Пронајдени се и ЦД-дискови со порнографска содржина. (М.Т.) |