Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Груевски се огради од изјавите на Ѓорчев

Премиерот Никола Груевски се огради од нападите и од навредите на Влатко Ѓорчев врз евроа��басадорот Ерван Фуере. Груевски, кој речиси еден месец избегнуваше директно да одговори на прашањата поврзани со скандалот во Брисел, во интервјуто за Канал 5 рече дека не може да се извини во име на Ѓорчев, кој како пратеник има право и на свое мислење, но оти тоа што тој го кажал - не е став на Владата.

Ѓорчев во неколку наврати отворено, преку својата колумна, го напаѓаше Фуере нарекувајќи го мегафон на СДСМ, а во Брисел, во Европскиот парламент, го спореди Фуере со советски амбасадор во Бугарија во 70-тите години. На навредите за Фуере остро реагираа европратениците што се сметаат за лобисти на земјава, предупредувајќи дека таквиот однос кон евроамбасадорот и' штети на угледот на земјата и ја крши Виенската конвенција за дипломатски односи. Фуере, иако во почетокот се воздржуваше од остри реакции на изјавите од Ѓорчев само со став дека власта ќе сфати колку ваквите изјави се штетни за земјата, во интервју за „Утрински весник“ изјави дека „многу е разочарувачко тоа што ниту еден член од Владата не се дистанцираше јавно од она што го кажа Ѓорчев“, со впечаток дека власта некогаш заборава дека тој ја претставува ЕУ, а не себеси.

Груевски за критиките на сметка на Владата, кои ги упатуваа словенечките европарламентарци Елко Кацин и Зоран Талер, рече дека се разбирливи, бидејќи и двајцата доаѓаат од блокот на левицата. Но, според него, и покрај тоа, Кацин и Талер се сметаат за пријатели на Македонија. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 2194 пати.

Испрати коментар

Од: patriot
Датум: 29.12.2010 12:23:18
sto kazal gjorcev a ne e vistina za fuere prasajte go obicniod narod ke vi objasni uste podobro a kolku e prijatel na makedonija i makedonskiod narod znaat site (se grozi od pomisla na makedonija i makedonskiod narod) i uste nesto prasajte kolku pogrebi propustil vo selo slatino vo negoviot mandat sto sekoj vo debrca i posiroko znae osven nezavisnite i profesionalnite ni novinari.
Од: забеган.
Датум: 29.12.2010 12:36:02
Е премиере секогаш како и обично каснеш.Ти доаѓа умот от како ќе замине кумот.Биди барем еднаш Маж и не менувај мислејна ко дете.Направи беља и ако помине добро ако не плачи.Срамота за возрасен човек,Посебно за премиер.
Од: Професорка
Датум: 29.12.2010 13:15:41
Е ако за оваа ноторна глупост и примитивизам на Ѓорчев му требаше цел месец да смисли “извинување“ јас барам со надворешни оценувачи, какви предлага Министерот за Образование, на Грујо да му се испита дипломата. Нека одбере која.
Од: Dara Buba Mara
Датум: 29.12.2010 14:05:56
Konecno, sega e vreme Gjorcev da se otkaze od Gruevski
Од: Itar Pejo
Датум: 29.12.2010 14:07:09
Mangup e premierot! Toa ne bilo stav na vladata tuku na eden vrven funkcioner na vladeackata partija. Gi izmajmunisal glupavite zapadnjaci. I edno odkritie: evropskata levica ja kritikuvala Makedonija. Pricina za naseto tonenje se evropskite komunjari.
Од: Oskar
Датум: 29.12.2010 17:57:09
Kade e vistinata dali vo vasiot napis ili vo TV A1 koja glasi: Владимир Ѓорчев е пратеник во македонскиот Парламет избран од граѓаните на Република Македонија. Тој има право да го каже своето мислење, кое што понекогаш може да не кореспондира со мислењето на други“, вели Груевски.
Од: karokan "gambit"
Датум: 29.12.2010 20:47:28
Jas znaev uste od poodamna deka Slovenija,kako zemja i nejzinite politicari se prijateli i podrzuvaci na nasata zemja.Ne znam samo koga premierot go "otkri" toa!!! Posebno za Jelko Kacin. Negovite zborovi, vo predizborieto na vonrednite parlamentarni izbori,izgovoreni na mitinzite sirum zemjata ne zvucea bas prijatelski !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Zaslepeni
Датум: 30.12.2010 00:12:43
Abe patriot! Ti ne samo sto ne si patriot tuku ti i takvi kako tebe si steta i elementarna nepogoda za Makedonskiot narod. Kako mozes Fuere da go proglasuvas za neprijatel i makedonomrzec , koga so site sili se zalagase da za evropski napredok i perspektiva na Makedonija. No so vakvi vodaci i takvi zaslepeni " patrioti" kako tebe ni Gospod ne moze dsa ni pomogne/

Најди! во Утрински
Втора страница
Атина ги притиска грчките компании да се вратат дома?
Пакетче за секое дете
Вербатим
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks