|
|
|
|
|
|
Груевски се огради од изјавите на Ѓорчев
Премиерот Никола Груевски се огради од нападите и од навредите на Влатко Ѓорчев врз евроамбасадорот Ерван Фуере. Груевски, кој речиси еден месец избегнуваше директно да одговори на прашањата поврзани со скандалот во Брисел, во интервјуто за Канал 5 рече дека не може да се извини во име на Ѓорчев, кој како пратеник има право и на свое мислење, но оти тоа што тој го кажал - не е став на Владата.
Ѓорчев во неколку наврати отворено, преку својата колумна, го напаѓаше Фуере нарекувајќи го мегафон на СДСМ, а во Брисел, во Европскиот парламент, го спореди Фуере со советски амбасадор во Бугарија во 70-тите години. На навредите за Фуере остро реагираа европратениците што се сметаат за лобисти на земјава, предупредувајќи дека таквиот однос кон евроамбасадорот и' штети на угледот на земјата и ја крши Виенската конвенција за дипломатски односи. Фуере, иако во почетокот се воздржуваше од остри реакции на изјавите од Ѓорчев само со став дека власта ќе сфати колку ваквите изјави се штетни за земјата, во интервју за „Утрински весник“ изјави дека „многу е разочарувачко тоа што ниту еден член од Владата не се дистанцираше јавно од она што го кажа Ѓорчев“, со впечаток дека власта некогаш заборава дека тој ја претставува ЕУ, а не себеси.
Груевски за критиките на сметка на Владата, кои ги упатуваа словенечките европарламентарци Елко Кацин и Зоран Талер, рече дека се разбирливи, бидејќи и двајцата доаѓаат од бл��кот на левицата. Но, според него, и покрај тоа, Кацин и Талер се сметаат за пријатели на Македонија. (Т.Г.) |
#
|
Статијата е прочитана 2202 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: patriot |
Датум: 29.12.2010 12:23:18 |
|
sto kazal gjorcev a ne e vistina za fuere prasajte go
obicniod narod ke vi objasni uste podobro a kolku e prijatel na makedonija i makedonskiod narod znaat site (se grozi od pomisla na makedonija i makedonskiod narod) i uste nesto prasajte kolku pogrebi propustil vo selo slatino vo negoviot mandat sto sekoj vo debrca i posiroko znae osven nezavisnite i profesionalnite ni novinari. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 29.12.2010 12:36:02 |
|
Е премиере секогаш како и обично каснеш.Ти доаѓа умот от како ќе замине кумот.Биди барем еднаш Маж и не менувај мислејна ко дете.Направи беља и ако помине добро ако не плачи.Срамота за возрасен човек,Посебно за премиер. |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 29.12.2010 13:15:41 |
|
Е ако за оваа ноторна глупост и примитивизам на Ѓорчев му требаше цел месец да смисли “извинување“ јас барам со надворешни оценувачи, какви предлага Министерот за Образование, на Грујо да му се испита дипломата. Нека одбере која. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dara Buba Mara |
Датум: 29.12.2010 14:05:56 |
|
Konecno, sega e vreme Gjorcev da se otkaze od Gruevski |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 29.12.2010 14:07:09 |
|
Mangup e premierot! Toa ne bilo stav na vladata tuku na eden vrven funkcioner na vladeackata partija. Gi izmajmunisal glupavite zapadnjaci. I edno odkritie: evropskata levica ja kritikuvala Makedonija. Pricina za naseto tonenje se evropskite komunjari. |
|
|
|
|
|
|
Од: Oskar |
Датум: 29.12.2010 17:57:09 |
|
Kade e vistinata dali vo vasiot napis ili vo TV A1 koja glasi: Владимир Ѓорчев е пратеник во македонскиот Парламет избран од граѓаните на Република Македонија. Тој има право да го каже своето мислење, кое што понекогаш може да не кореспондира со мислењето на други“, вели Груевски. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 29.12.2010 20:47:28 |
|
Jas znaev uste od poodamna deka Slovenija,kako zemja i nejzinite politicari se prijateli i podrzuvaci
na nasata zemja.Ne znam samo koga premierot
go "otkri" toa!!!
Posebno za Jelko Kacin.
Negovite zborovi, vo predizborieto na vonrednite
parlamentarni izbori,izgovoreni na mitinzite sirum
zemjata ne zvucea bas prijatelski !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Zaslepeni |
Датум: 30.12.2010 00:12:43 |
|
Abe patriot! Ti ne samo sto ne si patriot tuku ti i takvi kako tebe si steta i elementarna nepogoda za Makedonskiot narod. Kako mozes Fuere da go proglasuvas za neprijatel i makedonomrzec , koga so site sili se zalagase da za evropski napredok i perspektiva na Makedonija. No so vakvi vodaci i takvi zaslepeni " patrioti" kako tebe ni Gospod ne moze dsa ni pomogne/ |
|
|
|
|
|
|
| Си велам | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
| Мислења | | |
|
|
Среќни празници ви посакува „Утрински весник“
|
|