Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Мислења

Вера во глобализирана ера

Тони Блер

Во ерата на глобализација, верата може да претставува напредок. Религијата не изумира, ниту треба да изумре. На светот му е потребна верата

Со години се претпоставуваше, особено на Запад, дека како што општеството се развива, така религијата ќе згаснува. Но, тоа не се случи, и во почетокот на новата деценија, време е креаторите на политиката сериозно да ја сфатат религијата. Бројот на луѓето ш��о ја прокламираат нивната вера низ светот е се' поголем. Тоа е многу очигледно во исламскиот свет. Додека наталитетот во Европа е стагнантен, арапската популација е на пат двојно да се зголеми во наредните децении, а населението во многу азиски земји каде што муслиманите се мнозинство ќе се зголеми. Христијанството, исто така, е во пораст - на чуден начин и на изненадувачки места.

Религијата има најголем развој во Кина. Всушност, за религиозноста на Кина вреди да се размисли. Во Кина има повеќе муслимани отколку во Европа, повеќе протестанти отколку во Англија и повеќе католици отколку во Италија. Покрај тоа, според најновите анкети, околу 100 милиони Кинези се идентификуваат како будисти. И секако, конфучионизмот - повеќе филозофија отколку религија - длабоко се почитува. Во Бразил и во Мексико има огромно евангелистичко движење. За многу луѓе во Америка верата е важен дел од нивниот живот. Дури и во Европа, бројот на луѓето што веруваат во Господ е висок. И секако, има стотици милиони хиндуси и солиден број Сики и Евреи.

Оние што имаат вера се значајни поради тоа. Околу 40 отсто од здравствената заштита во Африка ја укажуваат организации што се базираат на верата. Муслимански, хинду и еврејски хуманитарни групи се активни низ светот во борбата против сиромаштијата и болестите. Во која било развиена земја може да се забележи несебична грижа за неспособните, оние што се на умирање, сиромашните и хендикепираните, од луѓе што дејствуваат под импулсот на нивната вера. Заедничко за сите големи религии е љубовта кон соседите и човечката рамноправност пред Господ. За жал, сожалувањето не е единствениот контекст во кој религијата ги мотивира луѓето. Може, исто така, да промовира екстремизам, па дури и тероризам. Таму верата станува симбол на идентитетот, спротивно на оние што не ја споделуваат, еден вид духовен национализам што се однесува на оние што не се согласуваат - дури и оние со вера кои живеат различен аспект од тоа - како безбожници, неверници, а со тоа и непријатели.

Донекаде, тоа отсекогаш било така. Она што се смени е притисокот од глобализацијата, што ги притиска луѓето од целиот свет да бидат уште поблиски додека технологијата напредува и го смалува светот. Децата што растеа пред 50 години можеби ретко среќаваа некој со различно културно или верско потекло. Денес, кога стојам на игралиштето на мојот 10-годишен син, или ги гледам неговите пријатели на неговата роденденска забава, забележувам многу различни јазици, вери и бои. Лично, тоа ме радува. Но, во таков свет заемното почитување треба да го замени заемното сомневање. Таков свет ги соборува традициите и го предизвикува старото размислување, принудувајќи не свесно да избереме да го прифатиме. Или, пак, не.

И тука е тешкотијата: за некои, таа сила е закана. Ги загрозува длабоко конзервативните општества. А за оние за кои религијата е важна, глобализацијата понекогаш може да биде проследена со агресивен секуларизам или хедонизам, поради што многумина се вознемирени. Затоа, треба да извлечеме логика како светот на верата меѓусебно реагира со задолжителниот процес на глобализација. Сепак, невообичаено е колку малку политичко време или енергија посветуваме на тоа. Поголемиот дел од конфликтите во денешниот свет имаат верска димензија. Екстремизмот што се базира на перверзија на исламот не покажува знаци на смалување. Всушност, нема да се намали додека не се прифати религиозно, како и од безбедносните мерки. Тој екстремизам, бавно но сигурно, создава сопствена реакција, како што гледаме од из��орните резултати на исламофобните партии во Европа и од изјавите на европски лидери дека мултикултурализмот пропаѓа. Секако, со текот на времето, религијата често беше дел од политички конфликти. Но, тоа не значи дека треба да се игнорира. Напротив, бара посебен фокус. Го забележувам тоа многу отворено поминувајќи толку време во Ерусалим каде што - Исток и Запад - религиозноста е нагласено зголемена.

Ја формирав мојата Фондација за верата токму со цел да се создаде поголемо разбирање меѓу верите. Моето резонирање е едноставно. Оние кои се залагаат за екстремизам во името на религијата се активни, со добро ресурси и - без оглед на реакционерниот карактер на нивното размислување - брилијантни во користењето на современа комуникација и технологија. Проценуваме дека секоја година буквално милијарди долари се посветуваат на промовирање на тој поглед на религијата. Затоа мојата фондација има универзитетска програма - сега се спроведува во девет земји - наменета да ја извлече религијата од единствениот резерват на богословските училишта и да почне да се анализира нејзината улога во светот денес. Имаме и друга програма - во 15 земји, а ќе се приклучат и други - што ги поврзува учениците од средните училишта во светот преку интерактивна технологија да се дискутира за нивната вера и што значи таа за нив. Имаме и програма за акција преку која младите луѓе работат со оние од други вери, за да се подигне свеста за милениумските цели за развој, програма предводена од ОН за борба против сиромаштијата во светот.

Ние сме само една организација. Се формираат и други. Но, владите треба да почнат да го сфаќаат тоа посериозно. „Алијансата на цивилизациите“, што ја започнаа Шпанија и Турција, е еден пример. Кралот на Саудиска Арабија, исто така, покажа големо лидерство во таа сфера. Сепак, тоа не значи само поврзување на луѓе на високо ниво. Треба да допре до основата на народот, особено во средините на нивните млади луѓе.

Конечно, верските лидери мора да прифатат нова одговорност: да застанат цврсто и решително за да се почитуваат оние со различна вера. Агресивните секуларисти и екстремисти меѓусебно се одбиваат. Заедно, тие се вистински предизвик за луѓето со вера. Мора да го покажеме карактерот на љубовта на вистинската вера. Во спротивно, религијата ќе се дефинира со битка во која екстремисти преземат контрола врз верските заедници, а секуларистите тврдат дека таквите ставови се суштински за религијата. Тоа би било трагедија. Бидејќи, пред се', во оваа ера на глобализација верата може да претставува причина и напредок. Религијата не изумира, ниту пак треба да изумира. На светот му е потребна верата.

(Авторот е поранешен премиер на Обединетото Кралство, и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1056 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 01.01.2011 00:40:38
Gospodine Bler i Vie imate doblest hrabrost...i maniri....da zboruvate za vera i religija....Verojatno nemate vo nitu edna crkva ili damija otideno da vidite deka vera propveda ljubov i sozivot ..a da ne zboram kakvi Vi se politickite maniri i "manevri". pa verojatno i ..nemate procitano nitu eden list od Biblijata zosto ona zboruva ako tebe so kamen ti nego so leb ...a Vas na Balkanot nikoj ne Ve udri so kamen ..a nedolznite gi mavavte so bombi....!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Груевски или Црвенковски...
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Нимиц како Годо
Се викам Наталија, а не Ненад!
Турција
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Фискални лудории
Иран
Еквидистанција на незнаењето
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks