Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Ѓорѓи Ј. Мисајловски

Еквидистанција на незнаењето

 Писма во погрешно време и на погрешна адреса

Нашата влада во годината која содржи две единици има последна шанса да се европеизирa

Nадворешната политика на актуелната Влада и во годинава што истекнува беше внатрешна. Во таа промоција невешто статираше нашата дипломатија. Посакувана награда е новата барокна зграда за ренесансната дипломатија. Првенец во „театарот на апсурдот“ беше министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, а режијата беше во премиерските раце на Никола Груевски. Претседателот Ѓорге Иванов, номинално продуцент, главно, уживаше во новосоздадениот амбиент. Суфлерите беа двајцата познати советници на дворот, избегани од Чеховите приказни.

Надворешно политичката сцена за актуелната власт беше искористена за домицилно хормонското билдање на сопствениот рејтингот со екстазна пенетрација врз колабрираниот плебс што не успеа да го подели на победници и предавници. Меѓународниот фактор реагираше со познатите формулации од Лисабонскиот самит на НАТО (ноември) и годишниот извештај на Европската комисија и одлуката на Советот на ЕУ (декември). Тоа беше есен на нашата дипломатска фрустрација и незнаење. Пролетта пристигнува со зимата, не поради глобалното затоплување, туку како почеток на нова надеж во следните претседавачи со ЕУ, Унгарија и Полска. Така, без аргументи, смета актуелната власт.

Но, за се' е виновна Орвеловата 2014 година. Хомеровите Грци во почетокот на оваа дипломатски изгубена година данајски ја лакираа Солунската агенда од 2003 во Агендата 2014 (со ЕУ ќе претседава Грција), која предвидува давање датуми за преговори на сите земји од Западен Балкан. Ние одговоривме со интензивирање на неплебисцитарниот проект „Скопје 2014“, со нагласена антиквизација, која ескалираше во проект „Македонија 2014“ како штит на фалангите на Александар Велики, во дипломатскиот поход кон Брисел. Запревме во Виена, како што туристички го објасни неуспехот вицепремиерот за евроинтеграции.

Оваа 2010 беше идеална година за наше дипломатско поентирање. Владата беше стабилна, кохабитацијата дисциплинирана, амбасадорскиот партиски ешалон се комплетира. Милина. Македонија шест месеци претседаваше со Советот на Европа, чиј претседател е турскиот политичар Чавушоглу. Европскиот парламент усвои резолуција со која се препорачува што поскоро да се почне со пристапните преговори. Гремиумите на ЕУ, почнувајќи од претседателот на ЕУ, Ромпуј, претседателот на Европската комисија, Баросо, комесарите Филе и Ештон беа трпеливи и добронамерни. Не им вративме со иста мера, а не бевме и доволно искрени (писмото од еврокомесарот за проширување Филе по повод законот за дискриминација). Добронамерните пораки од САД ни беа јасно презентирани, макар што изостанаа средби на повисоки нивоа во што Грција има голема предност. Претседателот Обама и премиерот Папандреу остваруваат средби, што важи и за Клинтон и Друцас.

Премиерите на Македонија и на Грција се сретнаа седум пати, од тоа повеќе пати анпасан, но не и кога беше најпотребно (за време на последното Генерално собрание на ОН). Нашиве (претседателот, премиерот и министерот) пишуваа писма, главно, во погрешно време и често на погрешна адреса и со нереални пораки (писмо од претседателот Иванов до грчкиот претседател Папуљас). Тоа го сметаа како корпус деликти за нивното несуштинско ангажирање. Ги притискаа европските политичари секогаш непосредно пред настаните од кои се очекуваше датум за преговори или подобра препорака. Тоа е балкански синдром. Брисел е имун на таков вид ангажирање. Воедно е и пристоен. Забораваме дека нема подобра формулација од кандидатскиот статус, односно препораката за преговори. После тоа се преговори, чиј почеток се заслужува. НАТО и ЕУ проблемот го поедноставија по Самитот на НАТО во Букурешт, со за нас, сепак, привилегираната формулација дека името е единствен проблем за членство. ЕУ тоа го потврди со политичко стимулативните препораки од завршните самити во декември 2009 и 2010 година. Владата во преродбениот занес подзаборави на незавршената работа од Копенхашките критериуми (реформите), обидувајќи се проблемот со името да го претвори во алиби за своите интеграциски неуспеси. Владата заборава дека Македонија е под дипломатски мониторинг од сите 27 држави на ЕУ и оти сега амбасадорот на ЕУ, Фуере, ги претставува сите нив во Скопје.



Gрција е во постојана иницијатива. Подеднакво им се значајни Вашингтон и Брисел, но и Њујорк (ОН). Разв��ваат добрососедски односи, што им оди во прилог и во аргументацијата во спорот за името. Во некои соседи наоѓаат истомисленици кога се во прашање компромисот и модалитетите околу името, кое за Грците има регионално значење, односно не е чисто билатерално прашање. Предложената Агенда 2014, идејно и проектантски, се совпаѓа со стратегијата на ЕУ околу вклучувањето на државите од Западен Балкан во ЕУ. Станува збор за балансирање на сегашните позиции. Давањето кандидатски статус на Црна Гора го потврдува тоа. Следни се Србија и Албанија. Македонија не ќе може да се одвои од групата А-5 ако не го реши проблемот со името. Проблемот е билатерален. Не можеме да чекаме друг да го реши. Не треба да имаме лажни надежи во одлуката на Меѓународниот суд на правда во Хаг. Медијаторот Нимиц не е семоќен. Меѓународната заедница не ја осудува Грција што не се постигнува компромис. Апелите се на двете страни, со нагласување дека проблемот мора да се реши.

Kaква беше нашата дипломатска позиција? Дипломатска еквидистанција на незнаењето. Подеднакво бевме дистанцирани од техниката на дипломатското работење и од надворешно-политичките приоритети. Во тој лавиринт на незнаење се направени повеќе грешки. Амбасадорите во клучните држави повеќе водеа сметки да ги задоволат суетите на премиерот. Министерот, главно, беше надвор, а претседателот Иванов дома. Ефектот на ваквата концепција е познат. Изостанаа средби на повисоки нивоа со влијателни меѓународни фактори. Беа упатени недипломатски пораки од наша страна во стилот „немање морален капацитет“, алудирајќи на позицијата на Грција, „многу бабици килави деца“, што се однесуваше на потенцијалните посредници, се релативизираше мислењето на добронамерните лобисти - европарламентарците (Талер и Кацин), а на амбасадорот Фуере, секако, ќе му олесни по последниот Божик во бибилска Македонија. Избегнавме тужба од европарламентарката, Дорис Пак (за „пропуштената шанса во 1995“). Средбата со претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, не беше добра препорака за НАТО и за ЕУ, а гафот со Сирија е последица на дипломатско незнаење и неконсеквентност кога се во прашање гласањата во ОН, односно поддршките. Израел реагираше дипломатски и семитски прагматично. САД не реагираа, бидејќи Македонија не е фактор што може да влијае врз нарушените односи на Вашингтон и Дамаск и тоа токму поради старателската политика на Сирија во регионот.

Што не' чека во 2011? Со ЕУ ќе претседаваат Унгарија и Полска. Во Советот на Европа ќе доминира Турција. Во Европскиот парламент претседател е Полјак. Ромпуј, Баросо, Филе и Ештон остануваат на своите места. ЕУ не го става Западен Балкан во приоритет, но не го заборава. Проектот мора да го заокружи. Позициите на САД се познати. Словенечките лобисти имаат логика и искуство. Нимиц пак ќе дојде. Папандреу е во политички подем. Кај нас нема вонредни парламентарни избори. Но, нема ниту предлози за решавање на спорот. ДУИ ќе биде се' понервозна. Белград и Приштина ќе ги почнат преговорите. Црна Гора го прослави кандидатскиот статус со оставката на вечниот Ѓукановиќ. Во Косово нова влада, а и нов претседател. Нов почеток кон европеизација во која улогата на Еулекс (правната држава) зајакнува. Тоа и' одговара и на Србија, особено по извештајот на Дик Марти поднесен во Советот на Европа. Србија ќе добие кандидатски статус пред редовните избори во 2012 година. Босна може да опстане само како членка на ЕУ. Значи, многу работа за ЕУ и за нејзините дипломати. Тоа може да ја маргинализира Македонија, која засега има пристоен статус во евроинтеграциите. Нашата актуелна Влада во годината што содржи две единици има последна шанса да се европеизира. Во 2012 година, сепак, се изборите. Од нив не се бега.


#
Статијата е прочитана 1079 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Груевски или Црвенковски...
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Нимиц како Годо
Се викам Наталија, а не Ненад!
Турција
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат
Вера во глобализирана ера
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Фискални лудории
Иран
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks