Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Кристофер Хил

Иран: Уште еден проблем од пеколот

Санкциите имаат мрачно историско досие

Америка мора да биде подготвена за „санкции и разговори“ кога станува збор за гордиот Иран

Mоделот за преговори околу иранската нуклеарна програма се држеше до формата. Со речиси секој дипломатски напор што не успеа да донесе резултати, меѓународните напори се' повеќе го отвораа патот за дискусии околу санкции - и каква комбинација од нив би била потребна за да се доведе Иран на колена. Во 2011 година, обновениот фокус за обемни економски санкции би можел да излезе како лоша идеја чие време штотуку пристигна.

Санкциите, секако, имаат мрачно историско досие во постигнување на нивните цели. Всушност, тие честопати беа покорисни во докажување на законот за ненамерни последици. Можеби би било покорисно да се отстапи и да се упати уште еден поглед кон нашиот незгоден партнер во преговорите - Иран - да се види што треба, а што не треба да биде дипломатски нагласено.

Нема ништо лесно во преговарањето со Иран. Таа е една од најстарите земји во поширокиот регион на Блиски Исток, со длабока култура. И покрај безмилосниот имиџ на лидерите во јавноста, Иран има чувство на хуманизам, како што може да потврди секој Курд што избегал од нападите со хемиско оружје од страна на Садам Хусеин покрајиранската граница. Свиткувањето, многу помалку од кршењето, нема да дојде природно за таква горделива држава.

Иран, исто така, не „игра добро со останатите“. Повеќето Американци се сеќаваат на него како на земја што киднапираше американски дипломати кратко по нејзината Исламска револуција во 1979 година, држејќи ги во заложништво без очигледна цел 444 дена. Ниту еден американски дипломат оттогаш не е испратен на служба во Техеран. Американскиот став кон Иран веројатно е далеку поусловен од таа епизода отколку што луѓето сфаќаат.

Иран, исто така, е и внатрешно поделен. Неговите мули константно се во расправии, што изгледа ги рефлектира големите расколи во земјата. Иранските цивилни власти, наводно, имаат ограничена контрола врз армијата и страшните безбедносни служби, кои изгледа никому не му одговараат, освен на себеси.

Освен тоа, Иранската исламска револуција западна во позната контрадикција: не може дополнително да ги турка своите цели без да ја прифати усвојување на културата на Западот и модернизација. Младото население на Иран - производ на постреволуционерниот бејби бум - е се' повеќе фрустрирано и депримирано; не е изненадување, младите Иранци имаат помалку деца отколку досега. Како што покажаа протестите по изборите во јуни 2009 година, иранската урбана младина очајно сака да и' стави крај на изолацијата на земјата, но тие се' повеќе забележуваат дека единствен излез од изолацијата е да се студира или работи во странство - и никогаш да не се вратат.

Иран не егзистира во извонредно соседство. Турција би можела да биде добар сосед, но Иран е опкружен со непријателски држави на исток и на север. И додека неговиот западен сосед Ирак е пријателска земја со шиитско мнозинско население, ирачките арапски шиити не го кријат нивното гадење кон Персијците и нивните претензии за шиитска еминентност. Иако поголемиот дел од светот не го забележа тоа, постои тековен натпревар меѓу ирачки Наџаф и ирански Ком за тоа кој град е посвет.

Иран практично нема пријатели меѓу сунитските арапски држави. Како што светот неодамна дозна од објавените американски дипломатски телеграми на „Викиликс“, сунитските арапски лидери повеќе не се толерантни кон иранската нуклеарна бомба отколку што се Американците или нивните сојузници. Сунитската реакција на Иран можеби рефлектира длабоко вкоренето сомневање за шиитите (сведоци на намерна индиферентност дадена од повеќето сунити за шиитското владеење во Ирак). Единствени пријатели на Иран изгледа се оние - како Кинезите - кои се повеќе заинтересирани за неговите природни ресурси отколку за народот.

Иако санкциите би можеле да ја продлабочат несреќата на Иран, мала е веројатност�� дека ќе го прекинат дипломатскиот безизлез за нуклеарното оружје. Но, со оглед на се' побескорисните реакции на иранската влада на дипломатските обиди, мала е веројатноста дека ќе има каков било интерес во ублажување на санкциите. Всушност, токму спротивниот одговор е веројатен - се' уште постојат напори за заострување на санкциите.

Сепак, како што САД го прифатија приодот „бомба и разговор“ со Србите за време на расплетот на босанската војна, Америка мора да биде подготвена на „санкции и разговори“ кога станува збор за Иран, и со тоа да создаде поголем простор за евентуална дипломатска стратегија.

Прво, САД треба да ја разгледаат можноста за воспоставување дипломатски односи со Иран и донесување дипломати на теренот. Ова нема да биде лесен процес и би можел да наиде на забележителен ирански отпор. Но, Иранците имаат дипломатски односи со други членови од нивниот главен соговорник во разговорите за неговата нуклеарна програма, ориентираната кон групата за санкции П 5+1 (Кина, Франција, Германија, Русија, Велика Британија и САД) и обновата на иранско-американските дипломатски односи ќе ги скрати линиите на комуникација и ќе го затвори 444-дневното поглавје од 1979-1981 година.

Второ, дури и ако е смислен посилен билатерален механизам, не треба да му биде дозволено да го помести приодот на П 5. Капацитетот на оваа група да соработува е од критично значење за решавање на оваа и идните кризи.

Трето, САД треба да продолжат со напорите да охрабруваат акција од соседите на Иран. Додека наглото свртување на Турција кон кавга во 2010 година можеби беше недобредојдено, нејзиниот интерес во смирување на ситуацијата што го вклучува и непосредниот сосед е разбирлив. Сунитските арапски држави треба да обрнат посериозно внимание на решавање на ситуацијата, и треба да бараат помирување на нивните приватни и јавни ставови.

Иран, на крајот на краиштата, не произведува исламистичка бомба. Тој произведува иранска бомба или, уште полошо, шиитска бомба и притоа арапските лидери мора да бидат поодлучни во обидот тоа да го сопрат.

Санкциите треба да бидат алатка на дипломатијата, а не обратно. Дури и ако размислуваме за заострување на санкциите врз Иран во 2011 година, мора да ги зајакнеме нашите напори да воспоставиме силен политички и дипломатски пат.

(Авторот е поранешен американски помошник-државен секретар за Источна Азија, беше амбасадор во Ирак, Јужна Кореја, Македонија и Полска. Сега е декан на „Корбел“ факултетот за меѓународни студии, при Универзитетот во Денвер, и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 1054 пати.

Испрати коментар

Од: sv diitrija
Датум: 02.01.2011 07:55:50
G.Kristafa HIL zaborava edno , a toa e zborot shto na zapadnite zemi im e vo dushata ali na zalost lazen ".DEMOKRATIJA ".Vo demokratijata treba da ima pochituvane na eden kon drug i ne mesanje vo vnatreshnite raboti na drugite zemji .Prashanje e dali vashite zapadni zemji go poshtuvaat toa .Iran e drzava kako i drugite vo svetot.Iran ima svoja religija .Iran ima svoj plan za development ,kako i drugite drzavi vo svetot .Iran se zalaga da postani Nuklearna sila kako i vie vo USA.Nemozam edno da razberam e shto e razlika megu vas ( USA ) i IRAN ,PAKISTAN, INDIJA, KINA FRANCIJA, ANGLIJA I RUSIJA a mozda i nekoja druga drzava shto poseduva nuklearno oruzje ..Site ovie drzavi bi kgo kazale istotoa toa bi bilo " ZA ODBRANA "a shto e vo struchnost problemot .Problemot e shto jas sakam da DOMINIRAM so SVETOV a ne TI..Mozda e podobro site zemji chlenki na OON da donesat odluka .NUKLEARNOTO ORUZJE VO SITE DRZAVI DA SE UNISHTI I DA NE SE PRAVI POVEKE NIKADE A SO TOA DA SE ZAPRAT I IRAN .

Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Груевски или Црвенковски...
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Нимиц како Годо
Се викам Наталија, а не Ненад!
Турција
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат
Вера во глобализирана ера
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Фискални лудории
Еквидистанција на незнаењето
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks