Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Се викам Наталија, а не Ненад!

Ние не сме виновни што сме вакви какви што сме. Јас уште од мала уживав да се облекувам како женско, вели Наталија. Таа не сакаше да биде објавена нејзина слика

Жаклина Ѓорѓевиќ


Се вика Наталија. Има долга црна коса и симпатична насмевка. Носи само високи потпетици и џинс. Ужива да шие, но не знае да плете, на пример. Обожава да биде во кујна, бидејќи сака да готви. Овие детали ќе ги дознаете уште на првата средба со Наталија, која не ги крие своите склоности карактеристични за секоја жена. Но, она што нема веднаш да го дознаете за неа е дека таа за своите родители и најблиски се' уште е Ненад, онака како што го знаеле со години, а не како што сака да се претставува во јавноста, не криејќи дека негова неостварена желба е да си го промени полот.

„Ете, ми се скина чантата. И, што ќе правам сега? Бре, беља работа!“ Вака почна нашата средба со Наталија, трансексуалец што ја прифати нашата покана да зборува пред јавноста за себе, своите стравови, желби, неостварени амбиции, кои се' уште не може да ги реализира поради тоа што никој не го поддржува во неговата намера да премине на „другата страна“, на страната на понежниот пол.

Македонските трансексуалци се невидливи. Живеат во оклоп, заробени во друго тело што не го прифаќаат како свое. Ги нема во архивите на државните институции, во јавноста се изложени на потсмев, а од најблиските се несфатени, игнорирани, па дури и малтретирани, само за да се откажат од желбата да го променат полот, што се смета за грев и нешто што во најмала рака е срамно. Од тие причини најчесто посегнуваат по сопствениот живот, па многумина се одлучуваат спасот да го побараат во самоубиства, само за да ја смират сопствената психа.

Наталија е една од нив. На нашата прва средба дојде нашминкана, со очила, но можеше да се забележат црти на машко лице, затскриени со пудра и шминка. Од длабокото деколте се наѕираа испакнати гради. Одвреме-навреме ги загледуваше прстените што и' ги красеа прстите. Се гледаше дека има трема и малку се плаши од разговорот, бидејќи, како што кажа, ова и' е прв пат да проговори за своите маки.

„Ние не сме виновни што сме вакви какви што сме. Јас уште од мала уживав да се облекувам како женско и знаев дека не сум тоа што сум. Го чекав секој момент кога ќе останам сама за да се облекувам така како што сакам. Ги облекував алиштата на сестра ми, мајка ми, но внимавав да не ме забележи некој. Пред огледалото си замислував дека сум женско, но никому не му кажав се' до пред две години, кога прв пат ме забележа мајка ми, бидејќи, конечно, одлучив да бидам искрена и пред себе и пред светот. Инаку ќе пукнев“, ни ја раскажува Наталија својата животна приказна. Последниве две години зема хормонска терапија за да го промени полот, за потоа да може да се оперира. Кога почнала да ја прима хормонската терапија имала карактеристики на маж, кои постепено ги изгубила, а во меѓувреме почнале да и' растат гради, по што мајка и' веднаш реагирала. „Носев маичка и мајка ми забележа дека градите ми пораснале. ’Еј, па ти имаш гради‘, ми рече, а јас во тој момент се засрамив“, вели Наталија. Оттогаш почнува нејзината голгота, бидејќи и' признала на својата мајка дека едноставно сонува да стане женско. Но, почнуваат секојдневни кавги и игнорирање од родителите, што за неа е навистина болно.

„Како вие би реагирале вашиот син да ви каже дека сака да биде жена?“, ме праша додека се исповедаше за своето несекојдневно искуство. Поради тоа што била несфатена и отфрлена од родителите неколку пати помислувала да се самоубие, но во последен момент се откажувала.

„Не' третираат како да сме болни, како ова што го правиме да е од бес. Нашата околина е страшна. Никој не не' прифаќа, бидејќи не знаат што е трансексуализам. Сите мислат дека таа личност ги сака двата пола. Мора цел живот да се криеш и тоа криење како да тлее и еден ден почнува да гори“, објаснува Наталија и продолжува: „Нонстоп сме во кавги. Постојано ме бркаат од дома, а многу е лошо кога родителите нема да те прифатат. Во таа ситуација, кога на детето му е потребна помош, родителите го отфрлаат и го фрлаат во тешка депресија. Кога родителите го отфрлаат, тогаш каде да оди?“, прашува Наталија со солзи во очите. Вели дека хормоните ги набавува од Белград, бидејќи овде се поскапи. Досега не направила операција затоа што тоа ќе ја чини 10 илјади евра, пари што ги нема зашто не работи. Се надева дека некој ќе и' помогне да го оствари својот сон.

Наталија досега успеала да го смени името, а во постапка е, како што вели, да го промени и полот во личните документи. Вели дека засега не и' треба врска, бидејќи единствено за што се бори и постои е да доживее себеси да се препознае со нов лик.

Но, Наталија не е единствена што во земјава се обидува да најде место под сонцето. Моментно, според упатените, во земјава има три случаи на лица што се обидуваат да го сменат личниот опис и примаат хормонска терапија. Можат само да се надеваат дека операцијата ќе се изврши во странство. Кај нас единствено може да се обезбеди хормонска терапија, која, според лекарите, не е толку скапа, но трансексуалците велат дека не ја набавуваат тука, бидејќи не можат да си го дозволат тоа.

Вистинската причина, сепак, е дека срамот ги притиска да не појдат во најблиската аптека, зашто се срамат од жигосување. Ова ни го кажа специјалистот за оваа проблематика, андрологот Чедомир Димитровски, кој работи на Клиниката за ендокринологија. Досега третирал еден случај на промена на пол, жена што се преобразила во маж и сега живее со нов идентитет.

„Станува збор за жена што доаѓаше со својата пријателка. Се интересираше да го промени полот. Родителите не можеа никако да го прифатат тоа, особено таткото. Ја почнавме стандардната процедура на испитување, дали навистина станува збор за нарушување. Психологот го потврди тоа и почнавме со терапија. Операцијата потоа ја направи во Холандија, мислам дека чинеше десетина илјади евра. А кога се врати кај нас навистина изгледаше како машко. За другарката рече - еве сега имам девојка“, ни го раскажува Димитровски случајот.

Полот на една индивидуа, според него, го одредуваат пет фактори, меѓу кои хромозомите; потоа гон��далниот пол; конституцијата на личноста; дали има женски или машки хормони; и психолошкиот пол, односно дали се чувствува како машко или како женско.

„Проблем настанува кога некоја од овие компоненти се нарушува. Тие не можат да се однесуваат како жена кога во мозокот знаат дека се мажи. Кога некој доаѓа кај нас и тврди дека не се чувствува така како што изгледа, прво ги испитуваме хромозомите, потоа одредуваме хормони. Па, дури потоа се оди на хормонска терапија, откако тоа претходно ќе го потврди психијатар“, потенцира докторот. Димитровски додава дека хормонската терапија се прима доживотно, а оние што решаваат да го сменат полот ќе треба да се откажат од деца што не можат да ги имаат по хируршкиот зафат.

Во Македонија моментно не се прават операции за промена на полот, па најчесто трансексуалците за хируршки зафат одат во Белград или во Холандија. Една операција во Белград, на пример, велат дека ги чини десетина илјади евра, додека во европските земји е малку поскапо. Парите најчесто сами ги наоѓаат, а потоа бараат рефундирање од Фондот за здравство.

Сепак, од Фондот велат дека немаат информации дали досега им стигнало такво барање. Бранко Аџигогов, портпарол на Фондот, објаснува дека за операциите за промена на пол одлучува посебна лекарска комисија.

Во државните институции си ја префрлаат топката околу надлежноста во промената на личните документи. Во МВР велат дека сите промени во личните документи се прават во Управата за водење матични книги. Оттаму, пак, велат дека прават измени само во изводи, а за промена на име и други податоци не' упатија во МВР.

Дискриминација

Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници им дава правна помош на трансексуалците. „Кога ќе ја откријат желбата дека сакаат да го променат полот, тие се тепани, малтретирани, се соочуваат со социјално исклучување од до��а. Живеат во социјално мртвило во своите домови. Во неколку случаи е регистрирано насилство што го имаме документирано“, потенцира Славчо Димитров од Коалицијата. Кај нив досега се обратиле десетина лица што сакаат да го сменат полот, а три од нив се во фаза на промена на пол. Димитров вели дека нашите закони не го вклучуваат родовото изразување како основа за забрана на дискриминација, што не е случај со европското законодавство.

Промени

Со хормонската терапија се губат карактеристиките на полот. На пример, ако маж почне да прима хормонска терапија, ефектите се гледаат во првите шест месеци. Па, почнува да ги губи влакната по телото, градите почнуваат да му се зголемуваат, а на бутовите почнува да добива масно ткиво. Кај жените што се на хормонска терапија престанува менструацијата, градите се намалуваат, мускулите се зацврстуваат и стануваат машки, а масното ткиво се намалува.

Вагината кај жените и пенисот кај мажите се отстрануваат по хируршки пат. Кај жената од клиторисот се прави пенис, а матката се вади. Се оперираат и градите што нема сосема да исчезнат од хормоните. Кај мажите се отстрануваат пенисот и тестисите и се прави вагина.


#
Статијата е прочитана 5655 пати.

Испрати коментар

Од: Зевзек
Датум: 31.12.2010 14:29:37
opravduvam promena na polot ako teloto na transeksualecot e vo golem % so sprotiven pol , pa samo genitaliite da se transformirat... no ako e 100% prirodno graden glupavo e samo poradi psihata se da se menuva i da stanuva Sterilna licnost... tolku li e teshko ushte kako dete so psihoterapija da se reagira ??
Од: Komentator
Датум: 01.01.2011 00:25:12
Gospode ..ova e prav HOROR...se prasuvam vo sto e greskata vo prirodata...ne ke e ...taa sekogas se grizi za osnoven opstanok na zivotot...ova mora da e nesto podlaboko...zosto ovie "gospozi" na slika poveke licat na klovnovi vo cirkus odolku na "novokomponirani dami" Gospod da ni e na pomos...!!!
Од: Rizik
Датум: 01.01.2011 03:56:54
Neka se cuvstvuva kako sto ke izbere, no sepak da gi zagrozuva svoeto zdravje pa i zivot so hormonska terapija i operacii?
Од: mileva
Датум: 01.01.2011 07:45:43
Dajte im pravo na izbor. Golemi se, ne se retardirani i znaat sto sakaat. Rizikot po zdravjeto im e poznat .
Од: miro von wien
Датум: 02.01.2011 08:13:49
Za komentatorot : Da si pretpostavime deka ste tatko na 20 godisen sin , koj eden ubav den doadja doma i siot radosten veli: Tasto dozvoli mi da ve zapoznaam toa e mojot najdobar izbor i prijatel ????????? Dali togas ke reagirate izbezumeno ?????????? Prijatelski pozdrav do site
Од: Karolina
Датум: 03.01.2011 10:56:29
Podrska za Natalija i site kako nea, taa ne e greska, nikoj ne e greska. Site sme takvi kakvi sto sme stvoreni...samo koga ke porasneme se izopacuvame, kako dolupotpisaniot komenator koj bara pomos od gospod od"takvite kako vas"???????!!!! Ama mozebi i nego/nea treba da go/ja razbereme. mozebi i nemaat sposobnost za razbiranje i tolerancija... Pozdrav od edna majka na zensko dete sto ke ima pravo da bide sto saka vo zivotot

Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Груевски или Црвенковски...
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Нимиц како Годо
Турција
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат
Вера во глобализирана ера
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Фискални лудории
Иран
Еквидистанција на незнаењето
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks