Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Реџеп Таип Ердоган

Турција: Новата неопходна нација

Турција ja следи политика за чувство на правда на Блискиот Исток

Оние кои гледаат низ страшните леќи на студената војна имаат проблем да го сфатат подемот на Турција

Tурција остави впечаток како една од највлијателните земји не само во 2010 година, туку и во првата деценија од третиот милениум. Во почетокот на новата деценија, исто така, геополитичката позиција на Турција, богатото историско наследство, културната длабочина, доброобразованата млада популација, се' позајакнатата демократија, економијата во развој и конструктивната надворешна политика ја прават неопходна земја во еден свет трансформиран од брзата глобализација.

Со употребување на сите нејзини богатства Турција придонесува кон регионалната стабилност и мирот и работи за глобален поредок што се базира на правда, рамноправност и транспарентност. Како сила во развој, Турција ќе продолжи да го реализира сопствениот потенцијал и истовремено да придонесува за глобален мир.

Хаотичните услови во светот по студената војна создадоа хронични проблеми од граѓански војни, окупации, нуклеарно вооружување и трговија со луѓе. Иако глобализацијата нуди нови можности, таа, исто така, предизвикува нови глобални проблеми и ги продлабочува нееднаквостите вградени во светскиот поредок. Веќе не е можно да се одржува актуелниот светски поредок, кој, како што се базира на искривената идеја за односите меѓу центарот и периферијата, само создава неправда и нееднаквост.

Турција се обидува да придонесе за регионалниот и глобалниот мир овозможувајќи демократски реформи на домашен терен и спроведувајќи принципиелна надворешна политика. Како земја-членка на НАТО, Турција има за цел да стане полноправна земја-членка на ЕУ и да воспостави срдечни односи со сите јужни и источни соседи. Позицијата на Турција - гледа и кон исток и кон запад - не е ниту парадоксална ниту недоследна. Напротив, мултидимензионалната геополитичка позиција на Турција е богатство за регионот.

Има неколку земји што можат да играат таква клучна улога. Турција образува нова синтеза поради нејзината способност да поврзе такви различни квалитети и потекла. Така, Турција е способна да ги надмине поделбите Исток - Запад, Европа - Блиски Исток и Север - Југ. Всушност, таа способност е суштинска бидејќи треба да ги оставиме зад нас манихејските несогласувања, конфликти и стравови од ерата на студената војна. Оние кои го гледаат светот низ тие стари, страшни леќи имаат проблем да ги сфатат профилот и динамиката на Турција кои се во подем. Но, реалноста на 21 век бара мултидимензионална и вклучителна политичка перспектива. Дејствувајќи според тие принципи, Турција води проактивна надворешна политика од Балканот до Блискиот Исток и до Кавказот. Таа географија е природен историски и културен појас на влијание на Турција. Културните и историските врски на Турција со народите од тие региони се длабоки и водат до регионален мир.

Турција не може да остане индифирентна на таа географија бидејќи се наоѓа во центарот. Историјата јасно покажува дека е невозможно да се постигне и да се одржува глобален мир без да се обезбеди мир и стабилност на Балканот и на Блискиот Исток. Турција води конструктивна и вклучителна политика за тие региони, кои се обележани со извонредни модели на кохабитација, наука, уметност, култура и цивилизација.

Како резултат на нашите неодамнешни напори беа залечени раните од босанската војна и се овозможени мир и стабилност меѓу народите на Балканот. Напорите на Турција, исто така, помагаат да се спречат војни на Блискиот Исток, а нашите интензивни обиди помогнаа да се одржува отворен дипломатски колосек за нуклеарното прашање на Иран. Покрај тоа, ние помагаме да се овозможи политичка стабилност во Ирак и ја помагаме мисијата на НАТО во Авганистан. И од најголемо значење е тоа што Турција вложува огромни напори да помогне во формирање на независна и одржлива палестинска држава - напори што ги ценат и западните и источните пријатели на Турција. Денес Турција следи политика што претставува чувство на правда на Блискиот Исток и работи кон отстранување на вештачките граници и ѕидови меѓу народите во регионот.

Сакаме да живееме во регион каде што се почитува дигнитетот на секоја личност. Поради тоа се спротивставивме на израелската агресија и блокадата на Газа, и ќе продолжиме да работиме на тоа. Знаеме дека не е можно да се постигне глобален мир доколку не постигнеме одржлив мир на Блискиот Исток, што бара решавање на палестинското прашање. Поради тоа, бараме од Израел и од сите други инволвирани земји да следат конструктивна и мирољубива политика.

Мотивирани од тие принципи, јас и шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро прикажавме преку нашата иницијатива „Алијанса на цивилизациите“ во 2004 година, дека културните, историските и верските разлики не се причина за конфликт. Основата на нашиот пристап кон човештвото е принципот на познатиот турски поет Јунус Емре: „Го сакаме и го почитуваме создаденото поради Создавачот“. Како резултат на тоа, цврсто се спротивставуваме на дискриминација на кое било општество, вера, секта, култура или земја. Сметам дека антисемитизмот, исламофобијата и предрасудите против христијанството се злосторства против човештвото, чии заеднички вредности и етички правила не обврзуваат да се спротивставиме и да ги отфрлиме сите форми на дискриминација.

Покрај културната, историската и дипломатската вредност, динамичната економија на Турција стана извор на стабилност и благосостојба. Кога мојата партија ја презеде власта во 2002 година, турската економија вредеше околу 250 милијарди долари. Денес, годишниот БДП на Турција достигна 800 милијарди долари, така што таа е шеста најголема економија во Европа и 17 во светот. Исто така, таа е една од најмалку оптоварените од глобалната економска криза, со се' поголема надворешна трговија, силен банкарски систем, различни и просперитетни мали и средни претпријатија. Така, турската економија се врати на нивото пред кризата во 2010 година.

Сите овие квалитети ја трансформираа Турција во атрактивно место за бизнис, медиуми, уметници, дипломати, студенти и невладини организации од целиот свет. Се' поголемата тивка моќ на Турција станува една од нејзините најзначајни карактеристики, кои ќе продолжиме да ги користиме за да го подобриме регионалниот и глобалниот мир. Влијанието на глобализацијата донесе ребалансирање на моќта, но потребата од правда, транспарентност и легитимност останува константна.
(Авторот е премиер на Турција и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)

Вжарената сијалица

Сега се' уште можат да се купат во Лондон, во пакувања од шест парчиња, под тезгите во продавници за опрема, нервозно како кога тинејџер купува кондоми или кутија цигари. Но, тие денови се одбројани. Тие веќе се повлечени од продавниците во Австралија и во Бразил. До крајот на 2011 година нивната продажба во Велика Британија ќе биде забранета, производството во Јапонија ќе заврши, а во Америка ќе почнат постепени повлекувања и ќе се интензивираат во Европа. Ќе ги снема.

Сијалиците беа веројатно најнеефик��сен начин што е некогаш измислен за производство на светлина, со затоплување на волфрамска жица во вакуум се' додека не достигне 1,704 степени Целзиусови, и не биде бела и топла. Околу 90 отсто од енергијата не е светлина, туку топлина, како што може за миг да открие секој што менува сијалица. Но, исто така, беше создаден прекрасниот збор „вжарени“, или барем вообичаено се користеше. Луминисцентните и флуоресцентните сијалици можеби се повредни, но тие светат посоодветно, а поетите помалку ги сакаат.

Светлината што ја даваат вжарените сијалици е јасна, бела и постојана. За оние што се навикнати на гасни светилки или свеќи, нивниот непоколеблив блесок е вознемирувачки. Тие моментно се вклучуваат, шокирајќи го заспаниот во кревет. Сослушувачите ги насочуваат директно во очите на осомничениот, а голата сијалица што се ниша на жица стана синоним за хорор. Ноќта станува целосен ден, без каква било двосмисленост, на улиците, трпезариите и во библиотеките; луѓето можат да тргуваат, јадат и читаат се' додека нивните глави не потонат на масата, а непотребното сонце се издигне над прагот.

Вжарените сијалици имаат свои апсурди. Тие можат да експлодираат, во дожд од речиси невидливи, но смртоносни парченца. Кога експлодираат тие предизвикуваат пожар. Но, тие беа убави работи. Јасни, или слабо матирани; нивните сребрени влакна тенки како пајажина или чашка од глуварче; нивната бестежинска состојба малку топла во раката; и форма на едноставна привлечност, како солза или крушка, или она забрането овошје што висело во рајската градина. Во 1883 година, кога госпоѓа Корнелија Вандербилт се дотера за маскарада како електрична сијалица, ги круниса сатенот и дијамантите со голема вжарена сијалица, немаше ништо одземено од елеганцијата на шемата.

Затоа не е изненадувачки што секаде имаше гласови против нивното исчезнување. Луѓето реагираа дека новите видови светлина ќе им предизвикаат главоболка и епилептични напади. Полиците во продавниците беа испразнети. Почнаа кампањи за зачувување на сијалиците. Капењето во нивната премногу јасна, расипничка светлина стана еден вид задоволство поради вина, како крем од пелин или чоколада. Научните и медицинските аргументи против нивната замена никогаш не држеле вода. Но, тие беа сакани поради она што некогаш го претставуваа: корисност, економичност и едноставност, како и светлина.
(Економист)


#
Статијата е прочитана 1432 пати.

Испрати коментар

Од: Niko
Датум: 01.01.2011 02:22:41
Ako si tolku golem demokrat i vo Turcija cvetaat ruzi na demokratijata sto ne gi priznaete Kurdite (15-20 miljoni narod)? Za kosovo vi se pravese kefot a tuka vi se meli umot.
Од: Od zapad
Датум: 01.01.2011 11:20:50
Ashkolsum bre Kardash. ami toa so Kurdite sto ste vo gragjanska vojna??? Kakvo pravo - tursko pravo. Ade gledaj si gi gladnite kokoski doma.
Од: dragan
Датум: 01.01.2011 12:42:14
Golema zemja i prijatel na makedonija.A,Kurdite se itekako priznaeni vo Turcija,nivnata zelba da sozdadat drzava Kurdistan-ne bas.Toa bi bilo isto kako i Albancite vo Makedonija da sozdatat drzava,ne zvuci bas najdobro...
Од: Dzani
Датум: 02.01.2011 02:14:05
Ej niko Niko tebe te zabole za Kurdite, kako da ti se bratucedi.Nego pikaj nosot onamu kade sto nisto neznaes.Denes vo turskiot parlament ima preku stotini pratenici Kurdi.Baska imaat svoja nacionalna partija so okolu 20 tina pratenici.Ima ministri vo turskata vlada Kurdi.Zarem toa ne kazuva nesto. Sto se odnesuva do nivnite prava da napravime edna paralela. Tie se kako Romite kaj nas. Nikogas nemale svoja drzava, nemaat svoj jazik *mutacija od nekolku jazici) idr.Te prasuvam koga kaj nas Ilirida ili UCK bi sakala otcepuvanje ke se soglasis li ? Istotot ei so Kurdite.Ne beri gajle za demokratijata vo Turcija. Oslepen si od nacionalna i verska omraza.Pa ne si vo sostojba da gledas nekoi raboti.Ti si eden od nezahvalnicite od Makedonija koi zaboravaat deka edino Turcija ne priznava pod ime i prezime vo site megunarodni institucci i zemja koja prva ne prizna pod ustavnoto ime.No tebe i da ti se nacrta pak toa nema da go vidis.Oslepen si i nikako nemozes da sa oslobodis od predrasudite.

Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Груевски или Црвенковски...
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Нимиц како Годо
Се викам Наталија, а не Ненад!
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат
Вера во глобализирана ера
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Фискални лудории
Иран
Еквидистанција на незнаењето
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks