Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат

Не се отстапува од барањето за повисока откупна цена

Маја Томиќ


Мора да се најде решение за проблемот со тутунот, преку формирање една иста цена, побараа тутунарите на вчерашниот протест пред Собранието. Тие сметаат дека цената не мора да биде како ланската, но не се согласуваат ниту со цена од 80 денари по килограм тутун, колку што сега им се нуди. Потсетија дека оваа година тутунот е далеку поквалитетен од ланскиот и дека воопшто не е проценет со соодветната цена.

„Главното наше барање е да ни го платат тутунот, но да биде 175 денари или дури и 162 денари, а не како сегашната цена од најмногу 95 денари во просек“, изјавија тутунарите, истакнувајќи дека доколку Владата продолжи да ги игнорира, тие нема да застанат, тука ќе продолжат пред Владата да кршат и да палат како што се правело низ целиот свет.

Околу 150-те тутунари рекоа дека се разочарани од лагите и од односот на Владата кон нив.

Тутунарите од Пелагонискиот регион, Прилеп, Долнени и Радовиш се назадоволни од ниските откупни цени и се револтирани од непочитување на договорот што го постигнаа на последната средба со Владата.

„Дијалогот ќе продолжи, наша одговорност е имплементирање на законите и секогаш сме тука да помогнеме во разговорите меѓу двете страни“, изјави вчера на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, Перица Иваноски. Тој додаде дека се засилени контролите на откупните пунктови. Покрај Инспекторатот, Министерството ги мобилизира и подрачните единици, како и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

„Можеме само да гарантираме дека земјоделците, по завршување на откупот и контролите, ќе ги добијат во целост предвидените субвенции, 60 денари за килограм“, нагласи Ивановски.

Според вицепремиерот Владимир Пешевски, постоеле организирани групи што го попречувале откупот. Затоа земјоделските инспектори ќе излезат на терен да го контролираат откупот. Пешевски вчера додаде дека доколку се почитуваат класите, се очекува да се постигне просечна цена од 170 денари. Ако на тоа се додаде и износот на субвенцијата од 60 денари, се доаѓа до една просечна цена од 230 денари по килограм, приход за производителот.

„Тоа е втора историски највисока цена што ќе ја одбијат тутунарите во својот џеб“, изјави тој.

Инаку, во Прилепско сите пунктови се отворени, а цената се движи меѓу 140 и 150 денари, додека во Долненско и во Новаци цената е од 100 до 120 денари. Во Струмичко цената на тутунот достигнува 115-120 денари.

И стечајните работници од Куманово вчера протестираа два часа на влезот во Куманово. Повторно го изразија незадоволството од односот на власта кон нивниот проблем. Тие симболично накитија елка, наместо со лампиони, со пораки упатени до Владата и до премиерот Груевски. Се пожалија дека новогодишните и божикните празници ќе ги поминат со посна трпеза. Доколку нивното барање не биде исполнето за две седмици, Здружението на стечајни работници најавува масовни протести што ќе се одржат на 18 јануари.

„Ќе преземеме порадикални чекори по Нова година. Стечајците немаат денар во џебот ниту за празниците ниту по празниците“, изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Здружението.


#
Статијата е прочитана 2056 пати.

Испрати коментар

Од: ivance
Датум: 31.12.2010 12:46:31
se prasuvam i nemozam da si odgovorajm, dali e cenata za zela kolicina tutun od site race na berba ili samo na dolnite berbi ne kvalitetni berbi na tutun. Treba da se dadat site 6st race berbi pa togas ke se vide prosekot na cenata.
Од: забеган.
Датум: 31.12.2010 13:35:23
Ич нека не муја МИСЛАТ.Кога ВЛАДАТА држи монопол.Нека пушти ако сме пазарна економија кој сака да КУПУВА И ПРОДАВА.Има заинтересирани да купуват Тутун.
Од: gimi
Датум: 31.12.2010 13:38:09
Очигледно е дека со тутунопроизводителите некој врши манипулација,а кој е тој некој не е тешко да се утврди.Ако се знаат цените по класи,а кои се следни: трета класа =123ден ,втора класа = 162ден и прва класа=208 ден. , а кои цени се прифатени и од производителите и од откупувачите, тогаш овие манипулаториве кај своите членови и симпатизери влијаат во почетокот да се носат подолните класи(диб и оштетениот тутун). Нормално е дека за тој тутун не може да се добие цена колку што треба да биде просечната отприлика 170 ден.и тука почнува почетокот на приказната дека оваа година тутунот нема да се плати како што е договорено дека треба да се штрајкува и т.н.Од ова се гледа дека парите дадени за стратегијата „Надеж“ не биле напразно дадени.Само што вистинските тутунопроизводители ќе видат за што се работи и ќе почнат да го предаваат тутунот како што е договорено,а „Надеж“ ќе се насочи на друго место. можеби кај стечајците кои тие ги створија.
Од: pero magacinero
Датум: 31.12.2010 13:43:32
dali tutunarite sami se organiziraat protiv ovoj bunt ili nekoi politicki parii sdsm na branko ili obedineti na boskovski stojat vo pozadina,ostaveteja vladata da gi sredi tie raboti
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 31.12.2010 14:11:19
Овој што рекнае министер “ИСТОРИСКА ЦЕНА“, рекнае и ИЗЛАЖАЕ! Не муе прв пут, или човечуљак мисли историја почиње с’с њега и његов премиер. У моје време, и ја сам работие тутун, да не се л’жемо, фамилије с’с повеќе чланови у онај проклети социјализам, МОЖЕВ од едну РЕКОЛТУ да купев трактор,да напраев две свадбе, од две реколте да дигнев куќу... И тогај, и ми нисмо били до крај задовољни, имало је класа ниже, ама к’ко с’га прва класа да ти ја симне у трету и четврту није било! А што да правимо, гласасмо си ги и, еве, к’ко што гледате не да ни ебев мајку, него почнаше и татка... Извините на реч...
Од: Aristid
Датум: 31.12.2010 14:14:01
Тутунот траба сосема да се уништи и повеќе да не се произведува. Секаде во светот е забранета употрабата на тутунот. тоа е отров, а зошто отров да го употребуваме и да го произведуваме. Сета реколта треба да се спали.
Од: mene
Датум: 31.12.2010 14:37:27
znam kolku e tesko da se raboti tutun i treba da bide malku isplatlivo - da se zaraboti malku ...... ama nekoi uste ne pocnale da go prodavaat i vni kazuvaat nesto od prosek 115 do 120 denari a sto e so subvenciite ???? plativte li voopsto danok za zemja i parite ???????? kolku ke vredi tutunot tolku ke go platat a ne nie kolku sakame .......................
Од: zoki
Датум: 31.12.2010 14:39:20
Cenata na tutunot e od site berbi vo prosek 95 den.Mora da se najde nekoe resenie i realno da se ceni zatoa sto lugeto ke nemaat da ja pominat godinata i da imaat novo proizvodstvo .Vo toj slucaj narednata godina i drzavata ke bide vo zaguba i ke ima pomal davizen priliv.mora da se vovedat porigorozni merki kon otkupuvacite ili da ima sloboden pazar
Од: Do Pero i Gjimi
Датум: 31.12.2010 17:14:59
Nocna mora vi e Branko i posledniot den od godinata vo koja vasiot pastir donese bedas. Epa nema pari nitu za jabolkari, nitu za, lozari, nitu za tutunari, vazno mama Nade si kupi uste eden stan vo Ceska, kakvi li kompleksi imaat Gruevci-najgolemite lopovi. Kompleksi ke da se vo prasanje. Vas ve razbiram , plateni ste za toa.
Од: snajper
Датум: 02.01.2011 18:07:24
koe licemerije e od koalicijata sdsm-dpmne od edna strana da se zalaga protiv tutunskata industrija, a od druga strana da gi koristi tutunarite na vakov nacin za da si gi ostvari scenarijata za predvremeni izbori i primopredavanje na vlasta.. izbori nema da ima.. a megu ovie 'strajkuvaci' ima i od tie od svedmilk, koi isto kako i ovde si gi imaja zemeno parite i toa debelo, a bea na zadaca da vikaat pred ostanatite nezadovolni 'drztego kradecot'

Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Груевски или Црвенковски...
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Нимиц како Годо
Се викам Наталија, а не Ненад!
Турција
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Вера во глобализирана ера
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Фискални лудории
Иран
Еквидистанција на незнаењето
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks