Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Ексклузивно

„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески


Тоше продолжува да живее во Крушево

Релаксираната прошетка низ музејот овозможува да се помине низ целокупниот живот на Тоше, кој е поделен во неколку целини

Катерина Шекеровска

„Игри без граници“, „Боже, чувај ја од зло“, „Цреша“, „Мајка на Марика думаше“, „Јовано, Јованке“, „Јас не сум виновен“, „Има ли ден за нас“, „Го лажам секој нов рефрен“, „Тајно моја“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Сонце во твоите руси коси“, одѕвонуваат од сите страни во тазе изградената Спомен-куќа на Тоше Проески во Крушево. На влезот ве пречекува Тоше, сјајна восочна фигура во реална големина. Се смешка, во рацете го држи микрофонот, а телото го зазема оној негов препознатлив став при пеење...

Од прва добивате впечаток дека ништо и не е променето. Се наоѓате во Крушево, во родното место на Проески, ги минувате истите сокачиња по кои чекорел и тој, ја слушате музиката во која безрезервно се дава... Добропознати рефрени го следат секој ваш чекор. Погледнувате... Уште е таму, пред вас стои човекот на кого му немаше рамен во пеење. Пее, и пее, и пее... Не го испушта микрофонот од рака. Онака како што го правеше тоа и на овој свет.

Ова е само дел од атмосферата на која ќе наидете при првата посета на Спомен-куќата на Тоше Проески, сместена на Гумење, во неговото родно Крушево. Министерството за култура и Владата на РМ, како завет, почит, но и обврска за зачувувањето на неговиот лик и дело на Тоше Проески, се наоѓаат во самиот финиш на изградбата на Спомен-куќата, која во почетокот на 2011 година и официјално ќе биде промовирана пред јавноста. Неофицијално, како што дознаваме, се прават сите напори да се случи тоа на 25 јануари, на 30. роденден на Тоше.

„Тоше Проески беше личност, која со своето постоење остави длабоки траги не само во Република Македонија, туку и во нејзиното пошироко соседство. Неговата хуманост, која беше важен сегмент од неговиот живот, придонесе за поголема афирмација и почитување на хуманизмот и на општоцивилизациските вредности во Република Македонија“, велат од Министерството за култура. „Тоше создаде модел за идентификација кај најмладите во кој вгради исклучително високи хуманистички квалитети. Поддршката за овој проект и сите останати што се врзани со негувањето на споменот на Тоше Проески претставува и поддршка на вистинските вредности во македонската култура и оддавање почит на една од маркантните фигури во поновата историја на Македонија. Токму затоа, изградбата на Спомен-куќата во Крушево претставува една персонификација за неговата добрина и хуманост што ги остави зад себе како порака до сите идни генерации“.

Монументална по својата големина (што содејствува со големината на делото на Тоше), Спомен-куќата, според архитектонскиот израз, е, исто така, многу едноставна, што претставува и алузија на неговата животна филозофија. Во целокупната проектна содржина на ентериерот има многу симболика и затскриени елементи поврзани со животот и кариерата на Тоше што секој посетител ќе ги открива самостојно при посетата на овој спомен-дом.

„Музејската поставка е осмислена и организирана за да ги претстави животниот пат и музичката кариера на Тоше Проески со сите оние познати и непознати детали од неговиот живот за кои би можеле да бидат заинтересирани посетителите. Функционалното обликување на просторот е замислено во функција на изложбената поставка, да се одвива на две нивоа со континуирано ненаметливо движење“, објаснуваат од Министерството за култура.

Релаксираната прошетка низ музејот овозможува да се помине низ целокупниот живот на Тоше, кој е поделен во неколку целини: животен пат, музичка кариера, секојдневје, Тоше како хуманист и верник, Тоше и фановите и Тоше засекогаш.

Со изградбата на спомен-домот се исполни уште една желба на големиот пејач: Тоше го доби посакуваното музичко студио што планираше самиот да го изгради на Гумење. Седи пред клавирот, сам со своите мисли и креативност... Токму во тој дел ќе ве дочека и втората негова восочна фигура...

„Се работи за реплика на неговото студио во кое музицираше и компонираше, просторија за преслушување музика, наменета за посетителите, а во продолжение и кафуле поврзана со горното ниво преку тераса и повеќе висински платформи од кои се протега одлична панорама на градот и Македониумот. Горното ниво изобилува со воздушен простор и многу светлина потребна за осветлување на сутеренот. Тука се ��аоѓа автентична реплика на дневната соба, сувенирница неопходна за ваков вид објекти, како и други артефакти што ја чинат музејската поставка“, објаснуваат од Министерството за култура.

Низ целиот објект ќе се слуша музиката на Тоше заедно со предвидените визуелни ефекти преку ЛЦД-екрани на кои постојано ќе се емитуваат концертите и спотовите на нашата музичка легенда, но и преку соодветно сценско светло. Заради запазување на најновите технолошки достигнувања, освен неколкуте инфоточки со екрани осетливи на допир каде што ќе можат да се добијат сите интересни информации поврзани со Тоше, предвиден е и таканаречен систем за дигитален отпечаток, кој претставува стаклено платно со димензии 2х2 м, исто така, осетливо на допир, на кое ќе се проектираат соодветна интерактивна содржина и информации по желба на посетителот.

Спомен-куЌата на Тоше Проески е поделена во неколку целини

• Животен пат
•Музичка кариера
•Секојдневје
•Тоше како хуманист и верник
•Тоше и фановите
•Тоше засекогаш

НАЈАВА

Спомен-куќата на Тоше (горе) ќе биде промовирана пре�� јавноста во почетокот на годинава. Неофицијално, се прават сите напори да се случи тоа на 25 јануари, токму на 30. роденден на Тоше


#
Статијата е прочитана 2068 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Груевски или Црвенковски...
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Нимиц како Годо
Се викам Наталија, а не Ненад!
Турција
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат
Вера во глобализирана ера
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
Фискални лудории
Иран
Еквидистанција на незнаењето
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks