Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Си велам

Груевски или Црвенковски...

Ерол Ризаов

Двајца најомразени најсакани личности

Никола Груевски и Бранко Црвенковски се мојот избор на личности на годината што изминува. За овие двајца луѓе и во 2010 е потрошена цела река мастило. За нив најмногу е пишувано и говорено преку македонските мас-медиуми. Со нив легнуваме, со нив стануваме. Тоа се двајца најсакани и најомразени личности во земјата. Не само што тие меѓу себе се мразат туку и ние се мразиме затоа што тие се мразат, а често не се ни познаваме и нема што да делиме. Цели семејства и најблиски пријатели до смрт се раскарани поради Никола и Бранко. Повеќе веруваме во нив отколку во себе. Чекаме овие месии во 21 век да не' однесат во ветената земја, да ни ги решат и проблемите што сами треба да си ги решиме. Од нив направивме исцелители со божја моќ. Ете тоа ни го направи жестоката партизација, нашиот провинционализам, општа и политичка некултура, се разбира и големата сиромаштија. Таа е најподатлива за манипулација. Блазе си им на оние што се рамнодушни и на оние што не се вознемируваат од македонските божји пратеници.

Тоа е така во Македонија. Во светот ранг-листите на популарност изгледаат сосема поинаку. Таму на првите места се актери, музичари, шоумени, спортисти, литерати, нобеловци, научници.... па потоа доаѓаат големи државници и успешни деловни луѓе. Сите тие со нешто ја задолжиле својата домашна и светската јавност, направиле некаков голем подвиг, ремек-дело, научен изум, склучиле мир, спасиле луѓе, помогнале на болните и на сиромашните, за тоа добиле големи признанија и награди на меѓународниот пазар каде што владее немилосрдна конкуренција, каде што нема место за лажни вредности и за локални патриоти.

А со што не' задолжија нашите главни јунаци во чиј знак поминува и оваа година.

Најнапред му ја честитам Новата 2011 година на премиерот Никола Груевски, без грам цинизам и иронија му посакувам добро здравје и среќа, бидејќи навистина ќе му треба многу здравје и среќа и нему и нам да го издржиме овој терор и сиромаштија што се надвиснале над Македонија. Искрено посакувам да доживее целосен пораз неговата политика. Само со пораз на таа нова преродбеничка политика може да се запре немилосрдното разуздано трошење пари на граѓаните и задолжување и на уште неродените генерации. Потрагата по нов антички идентитет со изградба на грандиозни објекти претставува срамен кич и историски фалсификат поради кој Македонија ги изгуби своите пријатели и симпатии во светот. Лесно е да трошиш туѓи пари. Голем грев е твоите долгови да ги оставиш на неродените деца. Фрлајќи милиони во пославно минато, ќе ги однесеме во бедна иднина. Нашите деца и внуци најскапо ќе ја платат авантурата на последните македонски фараони од 21 век.

Интервенциите на политиката во науката е еднакво како да се спротивставувате на природните закони. Кога власта се јавува како нарачател на наука и како мецена на уметноста, крајниот производ е политички бофл, безвредно ѓубре. Кулите од карти, колку и да има бетон во нив, на скопскиот плоштад не се македонски приоритет. Тие ќе бидат тажна хроника на едно мачно време. Време кога во Македонија е поразен умот и разумот.

Триумфалните капии, лавовите, Алексадар Македонски качен на Букефал со копје што ги допира облаците, арената „Филип Втори“ за 35.000 гледачи, која ќе се полни еднаш годишно, столбовите, античките фасади и куполи несвојствени за ова поднебје само ги откриваат незнаењето и мегаломанството на властите кои своите комплекси ги лечат вградувајќи се себеси во историјата. Успехот на една политика не се мери според должината на копјето на Александар Македонски, ниту по височината на неговиот коњ или по рикањето на лавовите, ниту по празните седишта на арената „Филип Втори“. Поразените поминуваат под триумфални капии на Балканот, бидејќи само таму се слават поразите.

Четиригодишниот скор на владеењето на Никола Груевски во главните политички и економски приоритети се сведува на полош стандард на живеење на населението. Поголема сиромаштија. И натаму најголема невработеност во Европа. Полош вкупен квалитет на живеење. Целосен застој на демократските процеси. Нарушување на човековите права и слободи и силен притисок врз слободата и независноста на медиумите. Контролирано судство и селективна правда. Целосна блокада на европеизацијата на Македонија. Замрзнати евроатлантски интеграции. Целосно преземање на власта во рацете на еден човек е апсолутна власт, која моментно, освен во Македонија, не постои ниту во една европска држава. Сите институции на системот во Македонија го чекаат конечниот збор на Никола Груевски. Но, апсолутна власт значи и апсолутна одговорност. Затоа сум многу построг во оценките спрема Груевски.

Бранко Црвенковски го трча последниот круг. Повеќе нема право на грешка. Последната голема грешка е 2004 година кога наместо на вонредни парламентарни избори, отиде на пензионерското работно место претседател на државата. Лошото владеење на СДСМ ни ја донесе оваа елементарна непогода и политички земјотрес на новите вмровски јаничари. Црвенковски е категоричен дека е тој човекот што ќе го порази Груевски. За да му поверуваат уште еднаш, до граѓаните треба во текот на 2011 година да достави цврста гаранција дека ќе ја тргне хипотеката над Македонија и дека нема да го порази само Греуевски, туку неговата политика.

И на Црвенковски му посакувам во Новата година многу здравје и среќа. Ќе му требаат во големи количини. Мачно е чувството ако навистина само еден човек може да го порази Груевски.

Имаме ли друг избор освен Груевски или Црвенковски. Јас мислам нема. Тоа многу кажува и за нас два милиона , а не само за нив двајцата.


#
Статијата е прочитана 4145 пати.

Испрати коментар

Од: bingo
Датум: 31.12.2010 12:12:48
Ubava analiza od strana na gospodinot novinar. Bi sakale da procitame i za nekakvi operativni dejnosti i planovi za da vidimeair ponatamu. Za nesreka umesnite analiticari zastanuvaat samo na posednata tocka od napisot. Posle toa prodolzuva nesrekata. Ne ke e na arno..
Од: pola Bt pola Ve
Датум: 31.12.2010 12:14:25
Dobar si Emile Dobar.... Samo prodolzi i vo novata 2011 so vakvi razmisluvanja.Srekna Nova 2011
Од: gimi
Датум: 31.12.2010 12:21:30
Читајќи ги досегашните Ваши коментари кај Вас нема дилема помегу Груевски и Црвенковски.Вие сте еден од оние фамозни 8%поддршка што ги има Бране, а тој процент е толку цврсто фиксиран што и колку да се трудите во Вашите пристрасни коментари нема ништо да смени.
Од: Крт
Датум: 31.12.2010 12:22:34
Веќе од први јануари 2011.година ќе велиме дека се наближуваат изборите.Ќе ја издржиме оваа елементарна непогода од ДПМНР,многу било-малку останало.На нивната ароганција,самобендисаност и апашлук ќе им дојде крајот.
Од: vlado
Датум: 31.12.2010 12:42:01
erole,nema tuka sto da se dodade,BRAVO
Од: srebre
Датум: 31.12.2010 12:43:19
i jas mislam poubavo i poeftino bese za vreme sds patricipacija na dno.....ama se dodeka licici igrat sds nema nikogas dadojde na vlast...sds mora da se transformra da pravi kako vmro da apsi site da nema privilegii za nikogo....ama i crven da se trgne vece toa se pravi sekade na zapad stom eden lider ednas izgub i se stava drug no i cela garnitura na sds treba da se podnovi i podmladi nikoj ne veruva povece na crvenko,grujo,rada,ilinka..................
Од: mene
Датум: 31.12.2010 13:12:30
ima abi i drugi lugje sto mozat da go porazat Gruevski. Najmalku od sve ocekuvam deka toa ke bide Branko Crvenkovski zasto i toj kako i Gruevski e vekje izduvan balon. Vidovme sto ni napravija i edniot i drugiot za vreme na nivnoto vladeenje. Jas kako neopredelen nema da glasam nitu za edniot nitu za drugiot a ima i drugi opcii za glasanje. Kako sto veli nasiot ni mil lider - ke se vidime na izbori. i znaete sto - ne sum osamen, mnogu sme i jaki sme, najjaki :)
Од: забеган.
Датум: 31.12.2010 13:24:04
Одлична Анализа, И од мене на сите ЧИТАТЕЛИ и НОВИНАРИ од УТРИНСКИ нормално и на ЕРОЛ СРЕЌНА НОВА ГОДИНА.Многу здравје и среќа.За политичарите Не треба да им се честита,За нив секој ден е Н.ГОДИНА Си лапат,Еде кркат полни си се со Парички.
Од: Ice
Датум: 31.12.2010 13:25:02
Секогаш без исклучок ги читам Вашите колумни и немам никакви забелешки на убаво напишаното и секогаш на место.Да си здрав и жив и уште многу години да те читам.Среќна Нова 2011 година!
Од: nesto
Датум: 31.12.2010 14:09:15
Баш интересно кај нас имало „мешање на политика врз медиумите“, тоа е погрешно кај нас има мешање на новинарство во политика. Како може еден новинар да повкува некој да падне на избори а другиот да се врати, е ова го има само во Македонија
Од: Oskar
Датум: 31.12.2010 14:29:52
Erole, najdobar si bravo, mislam deka si novinarsko pero br. 1, vo Makedonija, bez konkurencija.
Од: sime
Датум: 31.12.2010 14:33:25
Tocno Erole najmnogu se slozuvam so konstatacijata deka vinovni sme nie t.n.narod koj dava mandat i im go dade na aktuelnava vlast,a sto ke bide...zavisi od narodo.
Од: Јован АН
Датум: 31.12.2010 14:41:36
Додека беше Бранко немавне ништо,а кога дојде Грујо уништи се’!
Од: Hari
Датум: 31.12.2010 15:06:25
Navistina brilijantno i pred se vistinito Erole!!! Ova e rekapitulacija na mracnata segasnost na ovaa zemja ovaa godina. Najgolemata greska na SDSM e sto dozvolija ovie stetocini da ni ja unistat zemjata. Narodot go kazni SDSM no sega ce go dotepa DPMNE. Nema somnenie deka pagjaat no rabotata e da napravime nesto da ne ne dotolcat pri nivniot pad.
Од: љубица
Датум: 31.12.2010 15:14:07
Омразата за која зборувате е ,веројатно карактеристика на само некои луѓе (дежурно) гневни на се околу себе . А што се однесува на спомениците, тие се сепак, доказ за вложувањата , а во владеењето на сдсм ниту нешто се покажа ,ниту докажа,...а кај ни ,,летна ,, тогаш буџетот ? Невработеноста ја има секаде во светот , (годинава што измина за право беше поголема)што беше и резултат на кризата, но добив впечаток дека ви се најде при-рака пишувајќи ја колумнава за да ја поцрните власта ...Среќна Ви нова година вам ,на сите останати,без оглед на тоа какви политички уверувања негувате ....
Од: Трпе
Датум: 31.12.2010 15:52:26
Ако народот смета дека РМ 20 години ја прати зло.Но последните 5 години,беа нај разочарувачки.Нормално од две зла ке се одбере помалото.
Од: Tudzar
Датум: 31.12.2010 17:11:36
Imam edno nprasanjen i eden predlog do vas G-ne Rizov:Koj et toj "Istoriski falsifikata" za koj vie zboruvate, i ako imate dokazi za falsifikatot daj dredocete im na javnosta. A za vasata zelba da Gruevski izgubit na izbori ke pocekate barem uste 10-20 godini.
Од: Dimitar
Датум: 31.12.2010 17:32:23
Odsekogas sum velel deka Erol e car vo novinarstvoto, samo taka, analizata ti e bas kako trba SUPER. Pozdrav za Erol i Srekna ni Nova Godina na site Makedonci.
Од: Toni
Датум: 31.12.2010 17:52:56
Dobro e sto se poveke i poveke vo mediumite,a i pomegu narodot,se aktuelizira "somnezot" deka i dvajcata e se potpolno isti. Od poodamna jas tvrdam deka tie se edno isto,ili potocno,tie se vo edna tajna koalicija vo koja Latas i strukturite na negoviot gazda se glavnite.Nemoze ispodprosecen politicar od tipot na Gruevski da ima"nenormalen" rejting,a partija od tipot na SDSM da se svede na grupa cirkuzanti koj se sto pravat se samo gluposti koj mu odat vo prilog na Gruevski. Mnogumina od SDSM koj vredat i razmisluvaat se trgnati na strana,a ako dignat glava,prv Branko im ja sece.Ovoj taen dil naskoro ke bide razotkroien,pa Makedonija ke trgne napred.
Од: ?!
Датум: 31.12.2010 18:01:57
Среќна нова 2011 година,,ти,перо,кое мислам дека секогаш знаеш да испровоцираш добронамерници да го излезат надвор од сопствената кожа,и да кажат што мислат,за доброто на оваа земја.Новата година нека биде уште една таква,ама со помалку потреба од такви предизвици,а со уште поголем број анонимуси кои ќе кажат и тие што мислат.Заедно сме посилни ( со Никола и Бранко се разбира).Повеќе да пишуваш за напредокот а помалку за предавници и патриоти.Среќна нова на сите граѓани на РМ.Поздрав!
Од: Vremeto na vmrovskoto janicarstvo.
Датум: 31.12.2010 19:07:30
Onaj nepromislen let na BC vo pretesedatelskata fotelja ni ja dobese ovaa " elementarna nepogoda i politicki zemjotres na novite vmrovski janicari" Ubavo i slikovoto kazano. generacii ce prikazuvaat niz vekovi za ovie gluposti i vreminja na " vmrovskoto janicarstvo.
Од: snajper
Датум: 31.12.2010 20:03:20
breeeijj majkata samo tie se opcijata.. vidi sega breijjj.. ke bidat i dvajcata ama vo sutka, pa aj da vidime dali edniot ili drugiot..
Од: ФЕЛИКС
Датум: 31.12.2010 20:57:57
Ви посакувам г-дине Ризаов успешна 2011 год како на приватен план така и на професионален.Се надевам во новото лето ќе успеете да се ослободите од опозициската наклонетост и работите ќе ги опсервирате од сите аспекти.Ова го пишувам да се запази избалансираноста во коментирањето.Потребно е да се критикува и анализира власта но и да се опсервира нејзината алтернатива т.е опозицијата зажедната од властољубије.
Од: Gaber
Датум: 31.12.2010 21:27:18
Do takvite kako Ljubica i slicnite.Tocno e deka ovie gradat no sto gradar, do kade ne dovedoa, kolkav e budzetot i treba li za kapii i lavovi da se trosta narodnite krvavo zaraboteni pari,a bolnite ni umiraat po hodnicite, penzionerite setaat od apteka do apteka popusto barajci lekovi za koi cel zi vot placale doprinosi.Uste im ostanuva da donesat zakon site penzioneri zadolzitelno da gi m inat ulicite na crveno.Taka ce si gi skratat i makite i troskovite na Drzavata ce ima povece pari za spomenici.
Од: JOVAN
Датум: 31.12.2010 21:42:10
Neznaem koga ke bide poskapo koga gi gradime spomenicivi od nasite NEPRIJATELI ili ke bide POSKAPO koga ke gi RUSIME.Sreken BOZIK i serkna nova godina na site SIROMASNI i PONIZENI gragani vo makedonija i vo cel svet.
Од: девичанецот
Датум: 01.01.2011 00:55:25
Ако е ова Анализа, Ероле, тогаш очигледно Марко Крале и Муса, на интернет се договарале за двобојот. Навистина чудно и несватливо ако има сеуште некој македонец што би гласал за пензионерот Бранко.
Од: sv diitrija
Датум: 01.01.2011 01:38:34
Vo Makedonija lugeto s mrazat poradi politikata na dvete partii i poradi toa shto site sakaat da ziveat raskoshno a na malku luge za takov sladok zivot im se raboti.Nekoj od DEMBELITE i svojata majka bi e prodale samo da ne rabotat a kamoli MAKEDONIJA.
Од: Janakiev Nikola
Датум: 01.01.2011 05:52:55
1.1.2011god Perth.W. Pozdrav do Utrinski i srekna nova 2011god. Sreken Bozik na site vo Makedonija i na site prijateli na Makedoncite. Erol ti kako novinar dali mozeze da speces nesto posle osamostojuvaneto da ne dojde do siromastijata i Carvenkovski iGruevski ne delat.
Од: Kocin
Датум: 01.01.2011 08:29:17
Почитуван Ризаов, секој вистински Македонец треба да се гордее со спомениците и нашата историја. А Бранко твој ја ограби Македонија и жив остана. Додека му верувате нему а тој ви е најдобар недобивате избори. Среќна 2011-та.
Од: Zevzekman
Датум: 01.01.2011 13:24:45
воопшто не си објективен... најголема глупост што се пласира кај тебе а и кај многу други, е дека имаме владеење на еден човек... неточно и тенденциозно... дури и по смена на Претседателот, имаме Независно судство кое оспори дузина еу закони, значи не зборуваме за преесудите, каде имаме индивидуално мислење на судијата, туку на масовно оспорување на закони.. тука имаме и држава во држава, т.е. голема независност на локалната самоуправа, па така во Охрид и Струга владеат опозициски градоначалници, а интересно ниеден медиум не напишал дека е мегаломански проект ако го отвори градоначелникот на Охрид или Струмица, или било кој друг град, но во Скопје владее друго правило...
Од: gradjanin
Датум: 01.01.2011 13:52:57
GO CITAM ONOJ kacin I ZAMISLETE DRAGI MOI IM SE VOSHITUVA NA SPOMENICITE TESKO NA DRZAVA SO VAKOV NAROD. OD SPOMENIK LI SE ZIVEE IZGLEDA E SLUGA NA JASLITE NA grujo , NEKA JADE KORENJA I NEKA SPIE POD BUKEFAL.
Од: Nikola vo Germanija
Датум: 01.01.2011 17:25:24
Jas sigurno nema da dozvoluvam spomenatite "gospoda" da mi gi rasipaat moite priatelstva so lugje samo poradi toa sto tie se clenovi vo DPMNE (nikoj ne e perfekten!).Samo prosti i politicki neobrazovani lugje mozat da si go dozvoluvaat toj luksuz da bidat skarani so "privrzanici na drugiot politicki tabor".Vo taa smisla na site Makedonci bez razlika na etnicka i verska pripadnost i politicka orientacija im posakuvam mnogu srekja,uspeh i radost i da ne dozvoluvaat da bidat skarani so najbliskite lugje samo poradi si nekoi kafanski mangupi,poznati i kako "Makedonski Politicari" ;-)!Golem Pozdrav od Germanija
Од: Рапа Нуи
Датум: 01.01.2011 18:54:02
Во врска со спомениците,драги Македонци,многу грешат сите кои критикуваат.Подржувачите треба да се горди,зошто уште малку ќе го достигната нашиот народ.Ние градевме огромни камени скулптури,кои ги овековечија нашите богови и кралеви.Тие сеуште стојат како горд споменик на нашето постоење.Рака на среце,за да ги одвлечкаме големите камени блокови,ги исековме сите дрвја на нашиот остров,по што ерозијата го однесе плодното земјиште,па нашиот народ изумре од глад.Но,што е тоа важно,луѓето и така и така еден ден ќе умреа.Останаа спомениците,кои зборат за нашата вечност.Rappa Nui timeless!!
Од: Vancho
Датум: 02.01.2011 04:04:58
Mozda Grujevski da ne je kako treba a Branko nishto podobar-Komunista-Bezboznik a i zatova Propadna bivshiot sistem,pa aj kazi koj go pitashe narodot da go menuva sistemot.NIKOJ-Oduvek a i segde je taka kontroliraj go drugit,a taka je i vo Zapadot za shto Makedonija Mechtaje a i Nivnite sistemi se Raspagjaat.Tova go velam zashto sum vo Zapad 21 god.A edno je sigurno Hristos DOAGJA a vo negovo carstvo site se Povikani a malku ke bidat Kvalifikuvani. Poslushnite, Poniznite,koi go Ljubat Bliskiot,vo koi nema Omraza koi se so Chisto Srce.ie ke bidat Pomiluvani i Nebeski Ziteli na ediniot Bog.
Од: VALTER
Датум: 02.01.2011 06:57:03
Bravo Erole neka ti e cestita Novata Godina i seto toa sto go prezentira bi sakal da se ostvari. Edno e jasno sekoja nova Vlada ke raboti podobro od prethodnata ne zatoa sto se poumni ili pozagrizeni za narodot tuku zatoa sto ke im stane jasno deka se MENLIVI. Bi sakal sekoja godina da paga vladata za da edni od niv se svestaat i napravat nesto pozitivno za ovoj izmacen narod.A koj prv ke se svesti ke ostane na vlast dolgi godini.Momentalno e KATASTROFA toa vo denesno vreme go nema nikade pa nitu vo ZANZIBAR.Narodot e toj sto gi bira i istiot toj narod ke gi osudi. SREKNA NOV GODINA DO SITE LOJALNI I CESNI MAKEDONCI.
Од: Miljan
Датум: 02.01.2011 08:52:10
Груевски не е тој што Македонија може да ја однесе во ЕЅ, се виде тоа, едноставно тој нема капациитет. Но, не знам, како можете во Бранко да гледате надеж? Бранко имаше повеќе шанси и не постигна ништо. Тој е изветвен политичар и Вашето верување во неговиот успешен come back е само некритичнен носталгичен личен став, кој “вчече корени“ од времето кога кога бевте сопартијци и кога, рака на срце, Б.Ц. беше надешен политишар. Со едно се сќпшувам со ВасЧ НЕ ГЛЕДАМ АЛТЕРНАТИВА.
Од: Петруш
Датум: 02.01.2011 16:27:01
Г-не Ризаов, има изрека во една српска народна песна "Данас си цвет, сутра увела ружа" !?? Оваа изрека ке ја искористам за Вашите два Мускетари - Црвенковски и Груевски. Црвенковски имаше голема можност да се докаже пред Македонските граѓани - меѓутоа Тој се определи и ги измами, со тоа што се оноа што им припаѓаше на Тие граѓани - како АКЦИИ, Тој со Неговата ВЛАДА тоа им го собра? Сетите се за ТАТ, за луѓето кои си го одземаа својот живот и за многу други работи !!? Црвенковски повеке нема што да очекува од овој НАРОД - ПРОЧИТАН Е ! На почетокот : Тој беше цвет - сега е ОВЕНАТА ружа ? Груевски, верувам дека ке извлече поука токму од работата и ДЕЛОТО на Црвенковски, затоа што и ТОЈ утре ке биде тоа што е денес Црвенковски !!?
Од: Objektivno gledanje
Датум: 02.01.2011 17:24:21
Veruvam deka B. Crvenkovski e napolno svesen deka ne samo sto ima mosne nizok rejting, tuku e na pat da bide zabelezen kako krajno negativna licnost i politicar vo makedonskata istorija. Go izlaza narodot nekolku pati, ja napravi kriminalnata privatizacija, go sozdade oktopodot TAT, gi sozdade tajkunite, vetuvase vrabotuvanje po eden clen od sekoe semajstvo i da ne redam ponatamu. Negova sansa za popraven ispit pred istorijata e otvoranje na ,,tetratkata,, (za koja minatata godina pisuvase eden kolumnist vo vesnikot ,,Spic,,) vo koe se evidentirani tajkunite na koi B. Crvenkovski kako od rakav im delese ogromni pari i so, cista sovest, da gi natera da vratat na drzavata/narodot najmalku 50% od ona sto go zagrabija! Bil Gejts i drugi multimilioneri, koi so znaenje, trud i cesno go sozdadoa svoeto bogatstvo sega na narodot dobrovolno mu vrakaat polovina od nivnoto bogatstvo!
Од: Karolina
Датум: 03.01.2011 10:58:57
Sekogas ima izbor...strasno e da se misli deka tie dvajca ni se izbor..toa navistina od nas zavisi....

Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Нимиц како Годо
Се викам Наталија, а не Ненад!
Турција
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат
Вера во глобализирана ера
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Фискални лудории
Иран
Еквидистанција на незнаењето
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks