Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter

Поглед

Нимиц како Годо

Тамара Грнчароска

Метју Нимиц се јавил! Конечно. Така барем вели министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Посредникот на ОН во спорот за името откако ни се загуби од видокругот, а потоа ни избледе во сеќавањата и го снема од кафе-муабетите, по речиси една година повторно се враќа во нашите животи и во играта за името. Или можеби некој друг го враќа во игра, а Нимиц не знае за тоа. Му јави ли некој?

Нимиц деновиве ќе ги повикал на разговори специјалните пратеници на Грција и на Македонија во спорот. Остана нејасно, за Нова година или за Божик? Или „деновиве“ ќе станат „месециве“ по примерот на неговото јавување изминатава година. По февруарската посета прво на Скопје, па на Атина, Нимиц го чекавме да ни се јави секој нареден месец. Па, така прво го чекавме во март, па неофицијалните информации потоа го „презакажаа“ неговото доаѓање за април, па се убивме од чекање да го видиме во мај, и така се' до средината на летото, додека не се изморивме од чекање. Најверојатно, така се изморил и Семјуел Бекет од чекањето на Годо. Но, последната информација дека Нимиц ќе се јавел (иако искажана со голема ограда во зборовите ’најава’ и ’можеби’ пред неа), покажува дека ние не сме се измориле од чекање на Нимиц. Поверојатно е дека Нимиц се изморил од нас, особено откако последниот пат се увери дека рововите на двете страни се уште подлабоки и ни порача прво да си ги приближиме ставовите, па потоа да го викнеме на „гости“. Не му се арчи на човекот време за бадијала.

Е, сега, откако повторно му се израдувавме на Нимиц, ќе треба некој да ни каже: Ги приближивме ли ставовите? Во спротивно чуму средба на која ќе нема што многу да си кажеме со Грците. Или враќањето во игра на посредникот треба да не дефокусира од, засега, неплодните директни разговори меѓу Скопје - Атина.


#
Статијата е прочитана 1624 пати.

Испрати коментар

Од: Robert UK
Датум: 31.12.2010 14:14:25
Pozdrav do site i Srecna Nova 2011,Malku za gospodinot M.Nemic sigurno e povejce zafaten so rabota otkolku nekoj vo MK.Za da go resi nasevo prasanje mu treba uste eden nov zivot ,posto na ova prasanje resenie nema a i da go ima nie so Grcite sme majstori da go iskomplicirame i nakraj pak od pocetok,ali treba da ni e jasno deka Grcija nisto negubi so toa nie gubime sigurnost na granici,bez razvoj na ekonomija,bez novi svetski banki so primamlivi krediti,medjunarodni osiguruvanja i ogromna konkurencija na pazarot vo site oblasti TE podobar Zivot za sekoj Gradjanin vo MK.Pa vo ova vrema da se pravime komiti i vojvodi vo 21vek ne e vece atraktivno mislam deka samo so itrina i jaka biznis klima i kultura na plajcanje na danoci MK ima prosperitet ili se vracame vo vremeto na Enver Hodja vo naseto sosedstvo.Jas ja gledam evropa bez granici slobodna za dvizenje i biznis medju site eu zemji i balkanskite vo nea se misli i na otvoranje na granicite so grcija i kraj na bolnata istorijata.
Од: sime
Датум: 31.12.2010 14:39:14
Posrednikot nema sto da posreduva megju stranite koi se odaleceni so mileniumi.
Од: Nimic ne e mocen da pomogne vo resavanje.
Датум: 31.12.2010 19:13:56
Nimic nitu ima kapacitet , a nitu pak ima realni sansi da go resi sporot. Seto toa e edna apsolutno irealna i nevozmozna operacija. Ako se saka vistinsko resenie treba zad seto toa da zastanat SAD, i vodeckite zemji na EU , pred se Velika BRitanija, Francija i Germanija , a mozebi i Rusija od druga strana i da gi prtisnat dvete strani i ednas ovaj iracionalen problem da se resi so nivno posrednistvo, a bogami i pritisok na dvete strani na obostrano popustranje. Nimic mozebi odamna trebase da go vrati mandatot koga zabeleza deka se zafatil so neresliv problem.
Од: sv diitrija
Датум: 02.01.2011 06:30:20
Moj mili Makedonci .Za brak se potrebni dve osobi a za dogovor isto a ovde go nema toa i mislam najdobro da se prekinit sve . Kompromis e resavanje na problem so popushtanje po neshto od dvete strani a shto gledate ovde .Grcija so svojte taka narecheni crveni linii si dava pravo da dirigira shto saka taa i taka mora da bidi , shto znachi nema pregovaranje tuku ultimatum,toa sghto go bara Grcija ,Makedonija mora da go pravi .Bideki Grcija e chlenka na EU , diktatira A ovie od EU tolku se zaglibani i se drzat kako pijan za plot i e podrzuvaat " solidarnosta"' i ako znaat deka grcija ne e vo pravo .Sprema toa , Nikakov dogovor ne e mozen i seto ova e samo gubenje vreme .Vladata na REPUBLIKA MAKEDONIJA mora da bara drug izlez za podobar zivot ,ts. da se stvorat poveke raboti za narodot a i narodot treba da se svesti deka mora da se raboti bilo shto za opstanok. Ne e vazno koj e na vlast VMRO ili SDSM ,ovaj problem bez odluka na narodot ne mozi da go reshi .Ovaj problem e opshto naroden
Од: дојранлија
Датум: 02.01.2011 15:07:49
Од се што се случува во врска со името последните 15 години, и на обичните граѓани им е јасно дека Македонија нема да биде примена во ЕУ пред Србија, а Грција со нејзините "дејанија" има голема заслуга за тоа. Се разбира, и ние им одиме на рака со нашата неконзистентна национална и некомпетентна меѓународна политика. Главните играчи од ЕУ нема da не примат во ЕУ (ако воопшто се случи тоа!) без Србија и Црна Гора, а можеби и "во јато", заедно со со Косово и БиХ...

Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски магазин
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (19)
Груевски или Црвенковски...
Поглед напред
Љубовта волшебно го движи светот
Се викам Наталија, а не Ненад!
Турција
Атина сака контрола на грчките компании во Македонија
Да преживееме за да живееме!
Десетте личности што ја одбележаа 2010
Што претстои во 2011?
Тутунарите се заканија дека ќе палат и ќе кршат
Вера во глобализирана ера
Крстоносна војна за името
Среќна Нова на бугарски за малата Сузана
Од евтини сијалички - до главен украсувач
Нови насоки за ОН
Драган Поповски - карикатурист на годината
Еврото како европско сираче
Карикатура
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Фискални лудории
Иран
Еквидистанција на незнаењето
Прозорец за европската одбрана
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks