Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Запленети 530 килограми марихуана

Во акцијата во Тетовско се приведени четири лица. Марихуаната била произведена во Македонија и била наменета за овдешниот наркопазар

Повеќе од половина тон марихуана, чија вредност може да достигне и милион евра, заплени полицијата во две акции во Тетово и во околното село Требош. Во акцијата, во која е заплената најголема количина дрога во земјава, приведени се четири лица, и тоа татко и син, како и двајца браќа, сите од Челопек. Според првичните сознанија на истрагата, дрогата била произведена во Македонија и била наменета за овдешниот наркопазар.

Акцијата на МВР била изведена вчераутро. Шест килограми марихуана биле пронајдени во стан во Тетово, кој го најмиле браќата Кенан и Зеадин Хакики од селото Челопек.

„Остатокот од 530 килограми се пронајдени во бачило во селото Требош кај Ризли Мурати и неговиот син Кујтин, исто така, од Челопек. Сите четворица се приведени и изведени пред истражен судија со кривични пријави за недозволена трговија со наркотични дроги“, велат од МВР. Распитот на четворката од Челопек започна вчера попладне, по што истражниот судија им одреди едномесечен притвор.

Според првичните сознанија на истрагата, марихуаната била наменета за домашниот пазар и со оглед на состојбата во која се наоѓа, се претпоставува дека потекнува од земјава. Во МВР информираат дека сите четворица приведени и' биле познати на полицијата како сторители на слични кривични дела.

Ова е најголемата заплена на дрога на македонската полиција. Пред две години, на преминот Блаце, во камион беа пронајдени околу 480 килограми кокаин, чија вредност се проценуваше на околу 100 милиони евра. (Г.А.)


Статијата е прочитана 414 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Обид за самоубиство или за убиство на затвореник во „Идризово“?
Со крадење до милион денари
Мртов пронајден исчезнатиот овчар од Чаниште
Цистерна со нафта се преврте на пат
Шестмина осудени на вкупно 18 години затвор за изборни инциденти