Цистерна со нафта се преврте на пат
ВЕЛЕС - Цистерна на неготинската компанија „Алмак“ полна со нафта вчераутро се преврте на автопатот Велес-Скопје околу два километра од Катланово. Несреќата се случила кога возачот Дејан Велков изгубил контрола и удрил во десниот дел од патот. Според Велков, до несреќата дошло поради тоа што се блокирал воланот, но бидејќи се движел само со 20 км на час, завршил без повреди.
Полицијата изврши увид, а на самото место излезе инспектор за животна средина, кој првично констатирал дека само мал дел од нафтата истекол од цистерната. Пред половина година само неколку метри од вчерашната несреќа се преврте цистерна полна со вино. (С.Ќ.Н.) |