Американското имиграциско биро (БИА) по вторпат издаде наредба за депортирање на македонски Албанец, кој тврди дека во Македонија бил прогонуван и затворан. Американските власти сметаат дека тврдењата на Шкелгим Дука не се веродостојни, па ја одбија неговата жалба, објавија вчера весниците во САД.
Македонскиот државјанин бараше ревизија на првичната пресуда на Имиграциското биро во 2008 година, со која му беше изречена депортација од САД и враќање во Македонија. Дука тврди дека условите за живот во Македонија биле исклучително тешки, жалејќи се дека особено биле загрозени човековите права. Тој тврдел дека доколку се врати во Македонија, неговиот живот ќе бил доведен во опасност, бидејќи во земјава претходно бил притворан и тепан. „БИА детално го разгледа извештајот на американскиот Стејт департмент од 2007 година за почитувањето на човековите права во Македонија и утврди дека извештајот укажува, оти иако дискриминацијата кон етничките малцинства продолжува, севкупните етнички тензии се опаднати, а македонската Влада презела чекори за подобрување на правата за малцинствата“, пишуваат американските медиуми. Бирото не виде ниту докази дека Дука дека во Македонија бил прогонуван, поради што тој ќе биде депортиран од САД, објавуваат тамошните медиуми. (Г.А.)
ne e vo s a d hotel kalinfornija kako vo makedonija?
Од: od mene ( od usa)
Датум: 23.01.2010 02:57:53
da marjan vo pravo si, ne e hotel kalifornija, a i ovdeka gi ima premnogu kako gospodinov, a i ne se tolku amerikancite ni naivni ni sentimentalni.
Од: jas
Датум: 23.01.2010 06:45:36
ovoj ke se spasi,sega shtom ke dojde vo makedonija ke go maltretirat mozhebo i ke go zatorat, i posle zatvorot chovekot so tia dokuemnti i so dokaz deka go vratile od USA vo sekoja evropska zemja ke dobie azil
Од: Komentator
Датум: 23.01.2010 10:44:11
Zavcera vo "penzionerski klub" na Kanal5 imase tema GUSKANJE...Ne..toa ne go podcenuvam.. samo ona vcerasno guskanje na TV na gospodinot Batler ili kako veke se vikase zaboraviv ..so gospodata od albanskiot kampus..nekako mi asocira deka vo SAD nekako ne se lubiteli na guskanjeto DOMA ...toa nekako im e fora ..nadvor od zemjata...!!!
Од: Tina od SAD
Датум: 23.01.2010 16:57:08
SAD se pravna drzava a ne kako MK bashibozulak... koj sho saka toa pravi i bez posledici. Ako sakaat da ziveat ovde treba da gi pochituvaat zakonite, i koga se tuka i pred da dojdat tuka... se proveruva minato inaku nema ziveenje ovde... Kriminalci ne ni trebaat.. od nikakov vid...