Кадри Сулејмани пуштен со кауција
По 12 дена минати во Истражниот затвор „Скопје“, Кадри Сулејмани од тетовско Камењане, инаку седмообвинети во случајот со малтретираните работници на АДГ „Маврово“, од вчера повторно е на слобода. Слободата на Сулејмани е издејствувана со парична гаранција од 20.000 евра, а заложена била и неговата патна исправа.
На 10 јануари, Кадри Сулејмани, на денот кога тој наполни 36 години, беше приведен од полицијата, а потоа беше спроведен во затворот во Шутка. Јавното обвинителство го товари Сулејмани дека како припадник на поранешната ОНА со нож пробол еден од грабнатите работници на АДГ „Маврово“. (Љ.С.) |