Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Хроника

Пресудата за Методи Смиленски укината, но останува во притвор

Смиленски останува зад решетки поради австриското државјанство и опасноста да ја напушти земјава

Љубиша Станковиќ



Врховниот суд ја укина пресудата и за бизнисменот Методи Смиленски, поранешен сопственик на пропаднатата Експорт-импорт банка, но тој останува зад решетки поради австриското државјанство и опасноста да ја напушти земјава. Највисоката судска инстанција заседаваше завчера до доцна во ноќта и одлучи да ги поништи пресудите за кои ексгувернерот на НБМ Љубе Трпески и банкарот Методи Смиленски беа осудени на 4,5 години затвор. Тие, исто така, беа обврзани да враќаат штета од 22 милиона долари. Согласно со одлуката на Врховниот суд, предметот се враќа на повторно судење, со што двајцата добиваат втора шанса за докажување на нивната невиност во аферата со откуп на државен долг. По одлуката за укинување на пресудите, Трпески по еден месец поминат во „Идризово“ завчеравечер беше пуштен на слобода, од каде што ќе го следи новиот судски процес.

Кривичниот совет ја донесе одлуката за Смиленски во четвртокот во доцните вечерни часови. На средбата е констатирано дека тој освен македонското, поседува и австриско државјанство, што претпоставува дека може да ја напушти државава и да го избегне судењето, кое ќе треба да се повтори. Како што дознаваме, Смиленски од затворот „Идризово“ е префрлен во Истражниот затвор „Скопје“.

Трпески и Смиленски беа осудени на 4,5 години затвор поради откуп на државниот долг, што во име на државата требало да го реализира фирмата -агент „Симак холдинг“ во сопственост на бизнисменот Смиленски. Од почетокот приказната имаше тежина, бидејќи во својство на сведоци се јавија еден поранешен премиер и тројца министри за финансии, меѓу кои и сегашниот премиер Никола Груевски.

Стратегијата на одбраната беше насочена во правец на докажување дека државата не само што не претрпела штета, туку дека била направена заштеда од 17,3 милиони долари.

„Владата со која претседавав успеа да врати долг од 100 милиони за четири години. За конкретниов случај добивме извештај од НБМ што се однесуваше на откупот на долгот и се констатираше дека работата е успешно завршена“, рече експремиерот Љупчо Георгиевски, со што јасно застана зад целата работа, за која Трпески одговараше за сторена злоупотреба на службената положба, а Смиленски за поттикнување злоупотреба.

Судскиот совет, кој им пресуди на Трпески и на Смиленски, е истиот оној што им судеше на поранешниот вицепремиер Васил Тупурковски и на Јован Андонов. Но, со укинувањето на пресудата, која неколку месеци подоцна стана и правосилна, судството се доведе во многу чудна ситуација.

Одделот за санкции кон крајот на ноември минатата година, не чекајќи ја одлуката на Врховниот суд, донесе одлука Љубе Трпески да замине на издржување на затворската казна. Од судот тогаш се тврдеше дека Трпески избегнувал да прими упатен акт за издржување на затворската казна и дека судот петпати вложувал напори да му го врачи актот на обвинетиот. Трпески беше приведен од страна на полицијата на 16 декември 2009 година и оттогаш се наоѓаше во затворот „Идризово“.

Безмалку идентични се работите што се врзуваат и со Методи Смиленски. Тој најпрво беше екстрадиран од Србија, а по барање на судот во Свети Николе. На првото судење Смиленски за случајот „Картонтекс“ беше осуден на една, а за случајот „Снитекс“ на 3,5 години затвор. Подоцна овие пресуди беа укинати и тој беше ослободен од обвинение.

Во изминативе неколку месеци Врховниот суд укина уште неколку судски пресуди, а се чека на уште неколку негови одлуки. Од поинтересните судски случаи што беа укинати од Врховниот суд се издвојува предметот што се однесува на армиското оружје и за двојното убиство во Влае што беше третирано како крвна одмазда. Се' уште не е донесена одлука за предметите „Бачило 1“ и „Бачило 2“, за поранешната директорка на УЈП, Петра Митева и за уште неколку други судски предмети.


#
Статијата е прочитана 679 пати.

Испрати коментар

Од: Risto Gushterov
Датум: 23.01.2010 00:50:49
Makedonija e vo sostojba na totalno ludilo.Sudstvoto e na najniski mozni granki i covek nemoze da dokaze pravdina vo uslovi koga Makedonija ima najkorumpirano sudstvo vo Evropa. Ovie procesi se budno sledeni od site Evropski institucii i toa ke bide edna od najglavnite precki za nase zazdravuvanje i vlez vo NATO i EU. Kako samo toa ne im e jasno na onie sto ja vodat drzavat?Ili pak ima nekoj dogovor za rasturanje na Makedonija? Ako luge koj se involvirani vo slucai koj napravile desetici i desetici milioni evra steta na drzavata, se osloboduvat i se proglasuvat za nevini,togas sto mu ostanuva na obicniot covek da razmisluva za svojata drzava vo koja sto treba da ja bara svojata idnina??? Mnogu losa,mnogu losa e vasata poraka LIDERI na Makedonija!
Од: borce
Датум: 23.01.2010 02:09:09
Makedonskite sudovi se cirkus dodeka edni kaznuvaat drugi osloboduvaat,Uchte malku pa ce pocne osuduavanite da baraat i ochteta i aku se znae daka napravile kriminal.
Од: vesnik
Датум: 23.01.2010 17:39:40
a, ke kaze li nekoj ZOSTO V. sud ja ukinal? Pricina ima li???
Од: avatar
Датум: 24.01.2010 12:00:53
Celoto sudstvo mora da se promeni.Vo zatvor zavrsuvaat samo neimotni luge, koi nemozat da si platat advokati, i koi nemozat da gi platat sudiite.Pred nekolku godini, platite na sudiite bea zgolemeni, so tvrdenje deka so toa ke se namali korupcijata vo nivnite redovi.No namesto toa nivnite apetiti se zgolemija i alcnosta doaga do izraz.Od gavolcinja se napravija Luciferi.Sramota.

Најди! во Утрински
Хроника
Новинари и интелектуалци го тужат Латас за клевета
Едноставните лозинки - лесна цел
МВР нема да фабрикува докази за никого
Америка депортира македонски Албанец
Кадри Сулејмани пуштен со кауција