„МВР стои во целост зад вистинитоста на одговорот што го доставивме до Драган Павловиќ - Латас, уредник на телевизијата Сител и на дневниот весник ’Вечер‘. Нема да заземаме страна, да лажеме и да фабрикуваме докази за ничиј интерес“. Ова е реакцијата на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, со врска со документот кој експресно му беше издаден на новинарот по информациите објавени во весникот „Време“ дека тој соработувал со српските разузнавачки служби.
Министерката тврди дека МВР не издава потврди дали некој е шпион или не, а оцената дали некој е соработник со служби на безбедност ја дава Комисијата за лустрација.
„Време“ објави документи од УБК, според кои Драган Павловиќ - Латас бил соработник на српската разузнавачка служба и бил вмешан во организација на протестите во кои беше запалена американската амбасада во Скопје во март 1999 година.
Од МВР не даваат конкретен одговор дали документот е веродостоен и дали ќе се испитува како воопшто „протекол“ од фиоките на тајните служби во јавноста.
Дали се работи за класична клевета или монтажа, според Јанкулоска, ќе докаже судот. (Х.Р.)
Izjavite na Jankulovska vo vrska so Latas ne odgovaraat na vistinata, kako sto veli ministerkata deka taa i nejzinoto ministerstvo rabotat ekspresno. Toa licno go pocustvuvavb bidejki na rtri moi obracajna do nejzinata orhiva vo Ministerstvoto, vo vrska so krazba na stoa vo iznos od 930.00,00 denari do denes ne odgovori nitu pak odgovori zosto e vrsen formalen a ne i labaratoriski naod i uvid. Sto se odnesuva do slucajot Latas, ako Javnoto obvinitelstvo go obrabotuva ovoj slucaj mu preporacuyvam da se navrati i na protestite vo 2001 godina, kade Latas povtorno e eden od ucesnicite.
Од: jovan
Датум: 23.01.2010 08:21:24
"Vreme" tvrdi deka ima dokument od DBK(DBK e pod MVR) deka Latas e spijun, a Jankulovska (povtorno "del" od MVR) izdava dokument so koj tvrdi deka Latas e "nevin".Dva dokumenta od MVR so sprotivni tvrdenja. Ako se dokaze na sud deka Latas e spijun, ke odgovara li MVR za prikrivanje i stitenje na neprijatelski spijuni?. MVR se sekavam izleze so tvrdenje deka nabavkite za maici i panciri bile "po propisu" i deka nemalo kriminali vo firmata Link Medija(koja go snabduva MVR), a Finansovata policija potvrdi deka imalo prijava protiv taa firma za perenje pari i prikrivanje danok. Do koga MVR ke izdava "potvrdi" za "nevinost"?