|
|
|
|
|
|
Груевски му закажа на Црвенковски: „Ќе се видиме во пролет 2012“
Ако премиерот остане на ветувањето дека ќе нема предвремени избори, тогаш до следното гласање има најмалку 15 месеци
Александра М. Митевска
Од почетокот на март до крајот на мај 2012... На некој датум од овој период би требало да се одржат следните парламентарни избори, според математиките на премиерот Никола Груевски. Во обраќањето пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, тој му закажа изборен двобој во редовниот термин на својот главен ривал - лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој, пак, се' повеќе ја интензивира битката за вонредни избори.
„Замислете, симболот на мрачната транзиција пред неколку недели, во „името на народот“, порача дека ми дал шанса. Со неговите седум проценти доверба и со неговото минато. Со задоволство ќе ја искористам шансата на наредните редовни избори да му помогнам на СДСМ да се ослободи од баластот на минатото на Бранко и на неговата дружина и, конечно, да почнат реформите во оваа партија“. Ова го истакна Груевски во долгометражното обраќање, во кое главен антихерој беше токму водачот на опозицијата. Иако го оквалификува како најпосакуван противник, кого поради „минатиот труд“ би можело лесно да го совлада, премиерот вложи многу енергија и не штедеше зборови, фрази и поговорки за да им го долови на сопартијките политичкиот профил на Црвенковски.
Од СДСМ вратија дека Груевски покажува храброст само пред жените од сопствената партија и повторно го повикаа веднаш да излезе на избори, доколку верува во тоа што го говори. „Бадијала ви се 63 пратеници кога го изневеривте и го излажавте сопствениот народ. Вие и' го прокоцкавте легитимитетот на
ВМРО-ДПМНЕ да се преставува како народна партија. Сега единствено од народот зависи кога ќе има избори. Со ваквите ваши постапки само го зголемувате неговиот гнев“, изјави секретарот на СДСМ, Андреј Петров. Според него, Груевски уште еднаш покажал дека нарачаните и лажни анкети му служат само за храбрење на партиското членство.
Инаку, Институтот за политички истражувања вчера пласираше анкета што била спроведена од 10 до 14 декември и со која биле опфатени 1.100 испитаници. Според резултатите, кога утре би се одржале избори за ВМРО-ДПМНЕ, би гласале 23,3 проценти од испитаниците, а за СДСМ 11,4 отсто. ДУИ има поддршка од 6,9 отсто, ДПА - 2,6, а Нова демократија - 1,8. Други партии немаат доверба поголема од еден процент. За Груевски позитивно се изјасниле 45,9 проценти од испитаниците, а 46,8 имале негативен став, додека за Црвенковски позитивно мислење имале 29,1, а негативно 61,5 проценти од анкетираните граѓани. Изненадување во оваа анкета е позитивниот став на граѓаните кон претседателот Ѓорге Иванов, кој ако се суди според прикажаните проценти, речиси е исто популарен колку и Груевски. За шефот на државата позитивна оценка дале 45,7 проценти, а негативна 44,8 !?
Според Уставот, избори за пратеници се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Собранието. Според тоа, имајќи предвид дека последните (предвремени) парламентарни избори се одржаа на 1 јуни 2008 година, следното изборно соочување во регуларен термин би се случило во пролет 2012 година - во периодот март- јуни. Секако, ако целосно се отфрли можноста за (вонредно) распуштање на парламентот - поради ставот на ВМРО-ДПМНЕ против опозициската иницијатива за предвремени избори.
Сепак, до регуларниот изборен термин има околу 15 месеци, што е доволно долг период за Груевски во меѓувреме да се премисли или, пак, околностите да го принудат за предвремени избори. Неговите коалициски партнери од ДУИ овој пат навистина од почеток беа против иницијативата за вонредни избори, но прашање е дали и во наредната година ќе трае идилата меѓу сојузниците во Владата?
Но, и дали помалите коалициски партнери до крај ќе му останат верни на премиерот и ќе му помагаат да го одржи апсолутното мнозинство во парламентот до пролет 2012? И покрај тоа што анкетите покажуваат убедлива предност на владеја��ките партии, факт е дека процентите за ВМРО-ДПМНЕ и за ДУИ веќе не се високи колку што беа пролетта 2008 година. А, како што рејтинзите на власта постепено, ама, се чини, сигурно одат надолу, така и се засилува опозицискиот притисок врз неа. (A.M.M.) |
#
|
Статијата е прочитана 3618 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 20.12.2010 12:27:06 |
|
Интересен изборен дуел ќе се очекува,канибали против власта.Ова ми личи на петпарачки авантуристички филм од Ш продукција.Ќе имаме запалени огнови,там-там звуци и канибалска игра околу огнот проткаена со со песни од типот,,живи ќе ги јадеме,, |
|
|
|
|
|
|
Од: zevzekman |
Датум: 20.12.2010 12:44:34 |
|
па нормално, се уплашија вмровчинјата дека ЗЗ живи ќе ги јаде со се кондури... но пак се у добра позиција, и ако изгубат избори 2012 ке бараат азил во еу да се спасат од канибалите.. |
|
|
|
|
|
|
Од: caki |
Датум: 20.12.2010 12:57:48 |
|
15 meseci do no. izbori,malku vreme za SDSM da se oprai.Ako utre mu pr. svilen gajtan na BC i jasno kazat erga omnes NE imaat shansi.....pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: blablager |
Датум: 20.12.2010 13:12:52 |
|
Ич не се разбирам од политика, ама сигурен сум дека овој Грујо е многу искрен кога вели дека на ВМРО му одговара Бранко да е лидер на СДСМ. Ајде цело ВМРО, сите раце горе, и во хор: БРАНКО, БРАНКО, БРАНКО... немој да си одиш. остани уште едно 10 години. |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 20.12.2010 13:19:16 |
|
Obicna glupost e da se pravat izbori samo nekolku meseci pred "krajot na vremeto" spored "calenda majas" -kalendarot . Toa bi bilo povtorno nepotrebno rasfrlanje na pari! Sto ke ni e nova Vlada vo 2012, samo za nekolku meseci?! Nekoj ke rece, mozebi ima greska vo kalendarot ?! Pa sigurno deka ima ! Ovde vremeto odamna se vraka nanazad , a Premierot , kako najgolem vizioner barem neka vladee do krajot na vremeto i neka gi ispotrosi site pari na gragjanite! Kade ke aterira drzavata i svetot so negovite vizii , ostanuva da vidime! Zasega , samo saharskite piramidi se na svoeto mesto vo pravilna pozicija! |
|
|
|
|
|
|
Од: Razocaran nevraboten |
Датум: 20.12.2010 13:20:45 |
|
Dobro vikaat za Grujo, ne e nisto podobar od Branko. Slednite izbori ke glasam za Zernovskij i negovite oti toj uste ne bil na vlast. Ne deka ke bide podobro, i tie ke kradat.
Barem ke se omrsat politicari od narodot koj ne se dalo sansa za toa :o( |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran stip |
Датум: 20.12.2010 13:43:23 |
|
grujo gube 100% go izlaza narodot go ostavi siromasen samo 5% ziveat dobro ostanatoto edvaj prezivuva zatoa treba da snose odgovornost pred narodot napred branko ne se plazi od ovaa zlo ke pobedime vo stip ima mnogu razocarani koi edvaj cekaat izbori DA ZIVEE SDSM |
|
|
|
|
|
|
Од: граѓани |
Датум: 20.12.2010 13:52:51 |
|
За каков изборен дуел зборуваш Феликс? Кога тоа Груевски излегол на изборен дуел пред камери? (само еднаш со Шеќеринска кога таа го матираше). Лицето БЦ треба да го снема од политичката смена не само затоа што заслужи да фигурира како утка во нашата историја, туку затоа што ако побргу го снема полесно ќе имаме шанса да се ослободиме од оваа ужасна власт која грешките на Црвенковски, - (и по некој уловен простачки лапсус како овој на Заев), - ги користи како единствени аргументи за своето аздисано, неспособно владеење. Додека државата се побрзо тоне, тие продолжуваат папагалски да го повторуваат името на БЦ и да ни кажуваат дека и со него било лошо. Да беше лошо, во негово време народот беше ограбен, ама вие народот го дошуривте до гола коска - ваква ужасна власт овој народ не доживеал ни во турско, ни во српско ни бугарско време. |
|
|
|
|
|
|
Од: kamenica |
Датум: 20.12.2010 14:01:47 |
|
Grujo ja reformira drzavata sega ke ja reformira opozicijata abe odi begaj,on ima nocna mora od Branko |
|
|
|
|
|
|
Од: Biba |
Датум: 20.12.2010 14:09:14 |
|
SDSM kolku i da sakaat pa i da mu se udvaraat na narodot za navodno "uspesno" vodenje na drzavata, nema da uspeat zatoa sto tie veke prethodno se dokazaa za nivnoto "uspesno" vodenje na politikata vo drzavata a narodot toa mnogu dobro go znae. |
|
|
|
|
|
|
Од: Chifte |
Датум: 20.12.2010 14:12:12 |
|
Бранко, Бучко и Заев, одете си и спасете го СДСМ.
|
|
|
|
|
|
|
Од: kireUSA |
Датум: 20.12.2010 14:53:01 |
|
Abre novinari ne e ovaa duel megu dvajca idiota se raboti za MAKEDONIJA a ne za nekoi si dvajca tamu. |
|
|
|
|
|
|
Од: prijatel |
Датум: 20.12.2010 14:53:09 |
|
Бране држава си,цела Македонија е со тебе,дај што поскоро да расчистиме со оваа ненародна власт.Напред Бране Европа нема таков поличар. |
|
|
|
|
|
|
Од: borce |
Датум: 20.12.2010 15:00:17 |
|
Gospoda politicari ni vlasta ni opozicijata zasluzuvate da e vodit drzavata.Pochto i opozicijata koja mnogu ima merak da e osvii vlasta beche vo vlasta i chto napravi samo kriminal i unichti stotina firmi so kriminalna privatizacija.Pogolemi aramii od politicarite nema sega kriminalcite se vo vlasta. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dance |
Датум: 20.12.2010 15:20:13 |
|
E grujo grujo, nokna mora ti e Branko Crvenkovski, duri i glasot ti pottreperuva koga zboruvas za nego,ups protiv nego, a kamoli Ti jaden so dve levi nogi da se natprevaruvas so nego. Gotov si |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 20.12.2010 15:25:39 |
|
Eve,Felix ima nov slogan "zivi ce gi jademe".Sega ce vergla so nego dodeka se dobere do nekoj drug
(ce ne otece).Potpolno sum ubeden deka Felix,sloganot go znaese uste pred da bide "izgovoren".I ovoj slogan e nesto slicno na "zakanite za nasilno rusenje na legalnata vlast","proteruvanjeto na srbite", "asistencijata
so "sudski nalog" vo firmite na Pero Nakov bb.
Malku pootresiti lugje podobro go bi go izvele toa.
Napraveno e poloso od "zakonzkite i legalni" akcii na nekogasnata UDBA.(imame moznost toa da go vidime od feltonot vo obj vesnik)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: d.t.a Kavadarci |
Датум: 20.12.2010 15:28:01 |
|
Lele koj ke ja slusa opozicijata uste 15 meseci se toa pa toa ,izbori , izbori ,izbori. Ti im velis 2012 a tie pak izbori, izbori, izbori. Kako malo dete vo prodavnica koga place za lizavce, a koga ke mu go kupis ne znae da si go otvori. Taka i sdsmovci , sakaat izbori a neznaat sto so sebe .Ili se plasat penzionerot niven dali ke izdrzi do 2012 za da gi vadi na duelite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 20.12.2010 15:35:07 |
|
Bibo, sto se odnesuva do dokazanosta na nekoi politicari, tipicen primer e tvojot pastir koj 4 godini bese minister za ekonomioja vo najkriminalnata vlada na Makedonija, koj potpisa katastrofalni dogovori na steta na drzavata, koj se dokaza kako tranzicionen politicar isto kako i BC, i koj uspea izlaze pola milion narod za da dobie 5 godini da go dotolci. Toa se vika patriotizam i prerodba????? |
|
|
|
|
|
|
Од: mark |
Датум: 20.12.2010 15:43:20 |
|
Cudo se slucuva ovoj Grujo ne samo sto zaboravil deka na vlast bese od 1998-2002 tuku go zaboravi i periodot od 2006-2008 pa sega se trudi da ni kaze deka toj fakticki ke pocne od 1.1.2011 toj covek sve zaborava a interesno vo sve go prati ministerot Osmani toj postojano veli 20 g nikoj nisto ne napravil a zaborava deka vo tie 20 g toj 2.5 g e minister no mene neme cudi taka e koga nekoj ke gi zbrka patistata. |
|
|
|
|
|
|
Од: jas |
Датум: 20.12.2010 15:47:24 |
|
Ne znam zosto nie kako narod dozvoluvame so godini dvete vodecki partii da ni nudat vrvni i ostanati politicari koi dobivaat na popularnost pomegjue poddeleniot narod, so toa sto se gledaat samo sebe, nivnata partija i sprotivnata partija (kako objekt za napad)? Kade e narodot?! Godini, spregata Ljubco-Branko i sega godini spregata Branko-Gruevski proizveduvaat samobendisuvanje i napadi na drugite a narodot "uspesno" se deli na tabori. Probajte da najdete nivni obrakanja sprema narodot. Takvo zaboravanje na politicarite za toa koj im e isklucivo vazen i poradi kogo se birani ne se slucuva vo razviena demokratija. |
|
|
|
|
|
|
Од: gore |
Датум: 20.12.2010 16:05:07 |
|
Interesen e napisot , no komnetatorite se neseriozni. Fakt e deka desnicarskata partija so "mnogu izvetveno ime" ne mu donese bas nekoj blagodet na Mk narod.Predhodnte mozebi isto taka, no koj veli deka se se vrti okolu BC. Pa tresneti gi glavite od zid i najdete veke novi profili na perspektivni obrazovani momci koi ke ne odnesat kon progres.. Komentarite se neproduktivni a postojano se edni desno drugi levo. E sega, da najdeme politicka sila vo sredina za da endnas veke se postavi ravnotezata. Silata e vo umnite i tie sto en glasaat. Uf.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 20.12.2010 16:38:47 |
|
Не се плаши, Среле! Употребрете ги волшебните збоови на пастирот:„пу,пу,пу“! |
|
|
|
|
|
|
Од: blaze |
Датум: 20.12.2010 18:12:33 |
|
...a za aferava "KANIBALIZAm "vo Valandovo !!! nekako slabo lafite!!!! shto da ne ve isplashi i vas ??? |
|
|
|
|
|
|
Од: 008 |
Датум: 20.12.2010 18:50:01 |
|
А што ако партнерите на власт решиле по цена да се истрошат да одслужат до крај.Колку да се наружи екцентричното во случувањето избори.Јасно ко бел ден.ДУИ може сега слободно да си замине.Царот е гол. |
|
|
|
|
|
|
Од: bg |
Датум: 20.12.2010 19:29:25 |
|
branko, branko i samo branko!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: aleks |
Датум: 20.12.2010 19:55:59 |
|
Ovoj e proisvod so pominat rok kolku pobrgu svati tolklu podobro za nego i ke kurtuli cel SDSM od nego tamu ima i dobro i sposobni ljuge. |
|
|
|
|
|
|
Од: xxL from Prilep |
Датум: 20.12.2010 20:25:08 |
|
ajde feliks nagovorigo sefo tvoj Gvujo da odi na tv duep so BC da vidime so fraer e a? |
|
|
|
|
|
|
Од: Strumica |
Датум: 21.12.2010 09:31:11 |
|
na minatiot maskembal koj sto redovno se odrzuva vo hotel Sirius ,gradonacalnikot Zaev bese prepraven vo VAMPIR.Posle negovata izjava deka zivi luge ke jadele ,navistina me interesira vo kakov lik ke se predstavi. |
|
|
|
|
|
|
|
|