Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Истекува ултиматумот за Али Ахмети

Денеска во 12,30 часот истекува рокот што му го даде новоформираната партија Албански сојуз на Али Ахмети да се повлече од политичката сцена во Македонија. Ако не го стори тоа, тогаш ќе бидат објавени оригинални документи, што ја докажувале, наводно, врската на ДУИ со тајните служби.

Албанскиот сојуз му постави ултиматум на Ахмети: или ќе го снема од политиката или јавноста ќе ги имала на увид оригиналите од документите што беа доставувани во изминатите месеци до Комисијата за лустрација, која ги прогласуваше за фотокопии, што не се релевантни за натамошна истрага.

Ваљон Беља од Албанскиот сојуз тврди дека документите биле оставени во поголема кутија пред вратата од неговиот дом во скопската населба Топанско Поле. Претходно, во јавноста беа пласирани досиеја за челници на ДУИ, за кои луѓето што ги носеа во Комисијата за лустрација тврдеа дека ги нашле во двор или биле оставени врз автомобил.

„Документите ги заверивме кај нотар, а тоа е можно само ако се оригинали“, изјави вчера Беља. Тој вели дека ако Ахмети не се повлече, прво ќе ги објави документите „пред целото општество“, а потоа ќе можеби ќе ги однесе до Комисијата за лустрација. „Само еден е оригиналот и ако остане во Комисијата, потоа нема да важат фотокопиите“, додаде Беља.

Од ДУИ, пак, се убедени дека ултиматумот на Беља е масло на ДПА, како дел од дива албанска кампања, во период кога постоеле обиди за валкање и на ОВК во Косово. Документите што беа доставувани досега до Комисијата за лустрација од трети лица резултираа само со една кривична пријава - за поранешниот началник во УБК, Хисен Муслиу, кој е обвинет за фалсификување документи. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 1185 пати.

Испрати коментар

Од: agim
Датум: 20.12.2010 13:07:49
ahahahahhahahaaaaaaaa Bela, vidi go prezimeto BELA, belaaa, saka belaaa, aahaha smesen si decko ti dava Taci mastiki da zvakas, odi brij se fundamentalista nieden,
Од: ?!
Датум: 20.12.2010 16:52:17
Се што е јавно,транспарентно тоа значи викање народот на помош..Затоа малку поумно.Се знае како се поставува ултиматум.Значи не била целата само повлекување.Сите постари од триесет да не се мешаат во оваја работа.Црни,бели,со капи бели и црни,сошапки црни и шарени,гологлави,челави и браадати и ...Кодош некодош сите биле во тој систем.Каде се храбрите кои дигнале револуција во тие педест години.И на крај.Секоја чест на големите планери.Се изнашутираа на Балканов,си направија сафари,се подмалдија со се и сешто,со живо и мртво.Страшен еликсир примија.Сега.Сега на крајот си поигруваат.Каде им е образот.Затоа следи страшен крах на поигрувачите со човечките судбини.Страшен крах на старата дама.Господ на помош.Тој страшно казнува.

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски му закажа на Црвенковски
Реторика на ниско ниво, а со висок напон
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run