Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

„Охридско лето“ ја потроши првата третина

Вечерва настап на гитаристот Едуардо Катамарио од Италија

Охрид - Со вечерашната солистичка вечер на гостинот од Италија - гитаристот Едуардо Катамарио во катедралната црква „Света Софија“, фестивалот „Охридско лето“, нашата најзначајна музичко - сценска манифестација, ја троши првата третина од овогодишната програма.

Синоќа на „Охридско лето“ се играше театарската претстава „Алиса во земјата на чудата“, еден од највозбудливите и најинтригантните текстови во детската литература, напишан од Луис Керол, во изведба на актерите од скопскиот Театар за деца и младинци и режија на Александар Ивановски. Улогите во претставата ги толкуваа Марија Ѓорѓи��вски, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Катерина Илиевска, Винета Дамчевска, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ и Драган Довлев.

Ден пред тоа, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во централниот музички подиум - во црквата „Света Софија, се одржа концерт на истакнатото пијано дуо - Марк Соле-Лери и Фредерик Шовел. На нивниот репертоар беа „Семирамида“ од Џ. Росини, „Пер Гинт“ - Суита бр.1 и 2, „Прелудими“ од Ф.Лист и „Рапсодија во сино“ од Џ.Гершвин. Дуото, постои од 1990 година и досега се промовираше како еден од најуспешните ансамбли од ваков вид во Франција и надвор од неа, а неодамна стана добитник на наградата на конкурсот „Григ“ во Осло, Норвешка.

Двајцата успешни пијанисти своето образование го стекнале на познатите музички конзерваториуми во Лил, Лондон, Сиена, Париз. Настапувале на најпрестижните фестивали и концертни подиуми ширум светот меѓу кои и во Ница, Париз, Краков, како и на турнеи во САД, Италија, Романија и други земји.

Во 2008 година, Квартетот го сними својот прв компакт-диск на Универзитетот од Мајами, Флорида. (В.М)


#
Статијата е прочитана 302 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Во Мотовун, Улрих Сеидл и Џулиен Темпл
„Женес мувинг оркестра“ вежба во спортска сала
Два концерта на „Скопско лето“

"""