Број 3641  среда, 27 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

„Женес мувинг оркестра“ вежба во спортска сала

Во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, диригентот Миша Кац со младите музичари од четири земји ги подготвуваат најавените концерти

Катерина Богоева

Во спортската сала на основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, деновиве интензивно, под раководство на светски познатиот диригент од Франција, Миша Кац, вежбаат членовите на новоформираниот камерен оркестар „Женес мувинг оркестра“ („Јeunesses moving orchestrа“) составен од 19 млади музичари, студенти од музички академии во Македонија, Србија, Романија и Унгарија.

Првиот нивен настап е закажан за 29 јули, на отворено на „Тумбе кафе“ во Битола, а ден потоа, на 30 јули концерт ќе одржат и во рамките на „Скопско лето“ со што, оваа годинешна, летна манифестација биде и затворена. На „Охридско лето“ е планиран настап во црквата „Света Софија“ на 31 јули, по што камерниот оркестар ќе замине најпрвин во Србија, а потоа и во Романија и Унгарија. Во Србија младите музичари ќе настапат во градовите Крушевац и Нови Сад, во Романија, во Арат и Темишвар, а оваа летна турнеја ќе ја завршат со настап во Будимпешта, Унгарија.

По веќе докажаното 25 годишното искуство на познатиот и наградуван Камерен оркестар на Музичка Младина на Македонија (единствен од ваков вид на просторите на Југо-источна Европа), новиот „Женес мувинг оркестра“, Музичката Младина на Македонија заеднички го формирала годинава во соработка со Музичка младина на Србија, Фондацијата Енфантс Планете Есперанза од Франција и со помош на повеќе поддржувачи, министерствата за култура на Македонија, Србија и Франција.

„Во Скопје годинава потпишавме трилатерален договор на кој присуствуваше и директорката на француската фондација, Франсоас Фужар, а Франција во овој проект воедно ја претставува и Романија. Овој проект ја обединува креативната работа на повеќе млади , извонредни музичари од четирите земји кои низ желбата за музицирање, во еден ваков состав и во еден ваков проект ќе имаат можност да ги искажат сите свои квалитети“, посочува генералниот секретар на Музичка младина на Македонија, Александар Герасимовски.

Тој потенцира дека проектот претендира да влезе во календарот на проектите на Светската федерација на музичка младина, а по тој повод, во Охрид престојува и генералниот секретар на Федерацијата, Блашко Смилевски кој таа функција ја извршува во Брисел каде и живее.

Герасимовски е задоволен од ентузијазмот, од посветеноста на младите музичари, од динамиката со која камерниот оркестар деновиве се подготвува за концертите во училиштето „Григор Прличев“ и се разбира, од професионализмот на диригентот Миша Кац.

„Работат од наутро до попладне како цел оркестар , а навечер индивидуално со диригентот, што претставува еден вид на мајсторски курсеви за оркестарско свирење. Тоа е новина при ваквиот начин на работа со оркестар. Нормално, има многу забава и дружење“ рече Герасимовски, изразувајќи благодарност за добиената поддршка од основното охридско училиште и од фестивалите каде оркестарот ќе настапи.

Младите музичари од четирите земји, од градовите Скопје, Битола, Охрид, Крушевац, Нови Сад, Темишвар, Букурешт и Будимпешта, на своите концери ќе изведат дела од В.А.Моцарт,Ј.С.Бах и П.И.Чајковски.

Миша Кац раководи со фестивал чиј патрон е Никола Саркози

Диригентот Миша Кац е роден во Ростов, на реката Дон во Русија. Започнал да изучува виолончело во 1950 година, за да продолжи да студира во Моска на Конзерваториумот „Чајковски“, во класата на познатиот виолончелист М. Ростропович .

Во 1971 година започнал да изучува диригирање во класата на својот татко , познатиот руски диригент Леонид Кац, а во 1976 година на Серускиот натпревар се здобил со Прва награда за исклучителчна виртуозност и талент.

Докторирал на истиот Конзерваториум во 1979 година, а од 1982 година специјализирал и асистирал кај еден најпознатите светски диригенти Леонард Бернштајн во САД. По доаѓањето во Франција во 1985 година, го формирал еден од најпознатите светски камерни состави „Шостакович трио“ со кое настапува на голем број концерти и фестивали во светот.

Бил постојан диригент и уметнички раководител на Белорускиот филхармониски оркестар во Минск, диригент на националниот симфониски оркестар во Украина, на камерниот оркестар „Руски солисти“ и др.

Од 2005 година е постојан уметнички раководител на „Интернационалниот мировен фестивал “ во Франција, кој е под патронатство на претседателот Никола Саркози.


#
Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Во Мотовун, Улрих Сеидл и Џулиен Темпл
„Охридско лето“ ја потроши првата третина
Два концерта на „Скопско лето“

"""