Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

Се бојкотира откупот на тутун во Прилепско

ПРИЛЕП - Поголемиот дел тутунари од Прилеп, незадоволни од цените, не го предаваат тутунот за откуп. Револтираните производители тврдат дека родот им се проценува нереално, за една-две класа подолу, и покрај тоа што е со неспоредливо повисок квалитет од лани. За да се реши ситуацијата, Сојузот на тутунските здруженија бара итна средба со откупувачите во Министерството за земјоделство.

„Тутунот годинава можеби е поквалитетен за 40 проценти. А ни даваат двојка, која е 162 денара за килограм и тројка која е 124 денари. Не може вака, како ќе преживееме. Сите живееме од тутунопроизводство“, се жалат прилепските тутунопроизводители.

Од Сојузот на тутунските здруженија се категорични дека нема да го предаваат родот се' додека не се одржи средба со откупните фирми, на која очекуваат да се постигне договор. „Ако треба, ќе го чуваме тутунот дома и нема да им го дадеме на откупувачите. Тутунарите се подготвени да издржат зашто знаат дека овој третман не го заслужуваат“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот. (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 437 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 16.12.2010 14:35:21
i pilinata znaea deka godinava ce bidi vaka.po ona sto se sluci lani so se dadoa tolku pari godinava seto ce odi po voda.toa e nasata drzava.nikoj ne gi stiti proizvoditelite.ako mozat da zemat za bespari.

Најди! во Утрински
Македонија
Хендикепот не е пречка за живот со полни едра
Пелагонија стравува од нови поплави
Здравствените работници го замрзнуваат членството
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu