Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Вулканскиот пепел доаѓа на југ

Пет денa застој и откажани 63.000 летови

Облакот со пепел од исландскиот вулкан се насочува кон југот на Европа, предизвикувајќи застој во еврoпскиот воздушен сообраќај веќе четири дена. Десетици илјади лица останаа заглавени на аеродромите низ светот, поради затворањето на воздушниот простор над речиси сите европски држави.

Според Еуроконтрол вчера само 4.000 летови биле остварени во Европа, а 63.000 летови се откажани од минатиот четврток, кога почна кризата. Според оваа агенција, воздушниот сообраќај е можен само во Јужна Европа, вклучувајќи делови од Шпанија и од Португалија, јужниот дел на Балканот, Јужна Италија, Бугарија, Грција и Турција.

Вчера останаа затворени воздушните пространства над неколку европски држави. Во Белгија, Данска, Ирска, Холандија и во Швајцарија летовите беа забранети до попладнето, во Унгарија до до 12 часот, а во Литванија забраната е воведена на неопределено време.

Рестрикциите на сите авионски летови кон Велика Британија од таму, како и блокадата на аеродромите во земјата, останува во сила. Централната британска контрола на летови и натаму инсистира дека небото над земјата се' уште не е безбедно затоа што вулканскиот облак е токму над територијата на Велика Британија. Сите авиони остануваат приземјени, а авионскиот сообраќај целосно блокиран „најмалку до денес рано наутро“. Се стравува, меѓутоа, дека и тој рок ќе биде продолжен, затоа што облакот е над Британските Острови и останува без знаци на поместување.

Воздушниот простор над Франција ќе биде забранет за сообраќај до денес до осум часот, а од утрово се затворени и аеродромите во Марсеј и во Ница на југот од земјата, а над северниот дел на Италија до денес во осум часот. Во Скандинавија беа откажани сите летови за овој викенд, а воздушниот простор ќе остане затворен најмалку до денес. Аеродромите во Украина беа отворени за сообраќај вчера во 11 часот, додека во Белорусија се дозволени летови само во зоната на височина од седум до 11 километри. Во Русија аеродромите се отворени, но сите летови кон европските земји, околу 500 на ден, се откажани.

Затворени се воздушните пространства и над дел од Босна и Херцеговина и Хрватска, како и над Словенија, Србија, Романија, и Црна Гора, а од вчераутро не работеа ни аеродромите во Бугарија. Аеродромите во Дубровник, Сплит и во Задар беа затворени па отворени.

Воздушниот простор над Чешка ќе биде затворен за авионскиот сообраќај до денес во 12 часот на пладне, а во Полска се дозволени летови само на височина од над 6.000 метри, бидејќи облакот се спуштил пониско. Метеоролошкиот институт на Исланд соопшти дека е регистрирано намалување на вуланската активност и дека од кратерот сега излегуваат помали количества на пепел и земјена маса. Височината на чадот што излегува од вулканот е намален од претходните шест до 11, на пет до осум километри.

Авионски експерти објаснуваат дека составот на облакот, што е полн со пепел, но и со стаклени шкрилци што се ослободуваат при ерупциите на вулканите и со камења од различна големина, се мошне опасни за авионите, а посебно за нивните мотори кои може да престанат да работат, доколку леталото влезе во таков облак.

Авиони на холандската авиокомпанија КЛМ и на германската „Луфтханза“, сепак, вчера извршија успешни пробни летови над територијата над Западна Европа и по успешното слетување на нив не се откриени никакви штети од облакот од вулканска пепел.

(Според агенциите)


#
Статијата е прочитана 968 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Македонските аеродроми отворени
Европа во целосен хаос