План за заштита од топлотни бранови
Во рамките на проектот за намалување на последиците од претстојните горештини, Црвен крст на Град Скопје изготви акционен план за заштита од топлотни бранови. Волонтерите на Црвен крст ќе им делат брошури со препораки за топлотниот бран на граѓаните, матичните лекари, раководителите на пензионерските домови. Отворена е и бесплатна СОС-линија за граѓаните, на бројот 3221-902, на кој ќе може да се јават и да добијат совети како полесно да се справат со високите температури. „Канцелариите на Црвен крст се отворени за сите што имаат потреба за совет, а мобилните тимови ќе продолжат со вршење на регуларните летни активности, мерење притисок, дистрибуција на вода, транспорт на стари и изнемоштени лица“, рече Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен Крст - Скопје. (С.Н.)
|