За зонско во „Лептокарија“ ќе одлучуваат станарите
Станарите од околните згради на трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3 ќе одлучат дали на постојниот паркинг да се воведе зонско паркирање. Од наредната недела Општина Карпош заедно со „Градски паркинг“ ќе спроведе анкета меѓу жителите и генералното мислење ќе пресече дали ќе се реализира идејата на претпријатието за наплата на паркирањето.
Испитувањето на мнението, како што најави вчера градоначалникот Стевчо Јакимовски, дефинитивно ќе биде пресудно, бидејќи од Општината и од „Градски паркинг“ и по неколкумесечни преговори, не нашле заеднички јазик околу конкретното прашање.
„Заклучивме дека анкетирањето е најдобар начин за конечно да го пресечеме проблемот, бидејќи јас сметав оти во ’Лептокарија‘ не е нужно зонско паркирање, а од ЈП имаа спротивно мислење. Начелно се договоривме да се испочитува желбата на 60 отсто од испитаниците, односно доколку толкав процент од станарите се изјасни „за“ зонското, тоа да се спроведе и спротивно, ако се „против“, да нема. И во анкетирањето ќе соработуваме со ЈП, целата постапка ќе ја следат по двајца претставници од Општината и од ‘Градски паркинг‘“, рече вчера Јакимовски, кој смета дека на територијата на Карпош воопшто нема проблеми со паркирањето.
Во случај зонското паркирање да се имплементира во „Лептокарија“ тоа ќе се наплаќа по условите за Д зона. Корисниците на паркингот нема да имаат ограничено време за задржување, а еден час паркирање ќе ги чини 25 денари. За станарите, пак, од околните згради ќе има повластен месечен билет од 200 денари, а правните лица што гравитираат околу паркингот за негово месечно користење би плаќале 750 денари. (Дс.Т.)
Poddrska za Gradonacalnikot na Karpos da opstoi vo namerata vo Karpos da ne se primeni zonskoto parkiranje. .Na sto lici ova. Namesto da se raboti na zgolemuvanje na kapacitetite za parkiranje, tie preku naplati za se i sesto sakaat da ni gi doispraznat i taka praznite djepovi. Do gola koza ne soblekoa sto sakaat poveke. Stevce ne popustaj so tebe sme....
Од: Скопски
Датум: 03.06.2010 08:48:56
Бунтовник без причина е Стевчо. Се нешто он негодува и се буни што се нуди како решение или проект. Само затоа што не потекнува идејата од неговата партиска кујна. Ете сега анкета ќе правел...нетреба анкета, треба да прошета по градов и да види како тоа затнатите улици и пренатрупани паркинзи сега се средени како во западна европа. Доволно е да тоа го свати господинот градоначалник и да не ги малтретира граѓаните на карпош со своите хирови!!!
Од: jimmy1
Датум: 03.06.2010 09:37:54
Do Skopski: Po se izgleda ti si podanik na VMRO ili si partiski zaposlen. Kade si videl stanari nazgrada vo koja ziveat da plakaat parkiranje. Nikade go nema toa, edino kaj nas vo diktatorska Makedonija, blagodarenie na tvoeto VMRO. Nema plakane nitu na nokno parkiranje, edino kaj nas. Vo zapadot parkiranje se plaka od vremeto na rabotenjeto na prodavnicite, od 9 nautro do 5.30 popladne, i toa vo strogoto gradsko podravje, vo drugite oblasti ima ogranicuvanje na vremeto za parking ali ne se plaka. Na primer: Ako pred mojata kuca parkiranjeto e ograniceno, jas dobivam od opstinata dve dozvoli za parkiranje, edna za mene i edna za gosti sto doagaat kaj mene. Tie dozvoli treba da bidat postaveni vo kolata i parkiranjeto e neograniceno, 7 dena vo nedelata, a ne da mi nametnuvaat da plakam za parkiranje. Nemozam da svatam kako nekoi ludaci mozat da podrzuvaat nesto sto se voveduva bez nikakva osnova, tuku samo za pari i derenje na graganite.
Од: Buco
Датум: 03.06.2010 09:56:38
Taka treba, BRAVO STEVCE zauzdaj gi ovie shto mislat deka se semokni vo gravov. Neka pravat zonsko parkiranje vo Cair a ne samo vo Centar.
Од: jean luc picard
Датум: 03.06.2010 10:11:42
Скопски не лупај глупости!!! ако ти земаш 1000 евра плата и не ти се проблем пари за паркинг, на многумина им е проблем! тоа со зонското не е никакво решение туку само невиден грабеж на народот. проблемот со паркитање не се решава само со гола наплата без никакви инвестиции, туку со градење нови паркинзи и проширување на постоечките доколку има можности и услови за тоа.
Од: аleksandar
Датум: 03.06.2010 12:03:15
Не се согласувам дека Карпош нема проблеми со паркинг. Во целата населба Карпош 4 е жив кошмар секое барање за паркинг простор кога се враќам од работа. За Карпош 3, посебно во делот кај Лептокарија е уште полошо. Дали со изградба на нови паркинг простори, дали со зонско, ама треба да се реши.
Од: Saso
Датум: 03.06.2010 12:18:51
Neznam sto ima da se prasat stanarite.Segdeka vo svetot go ima tova i rzberete treba da se plaka,za se nema nisto bez pari.Ako nekoj poseduva dokument deka go kupil toj del na parkingot,treba da si go ogradi,i ke bide negov.Mozebi na taka kazaniot ustaven sud,ke go osporite.jas ne ziveam vo karps no ke kazam edno za tolku vi e zapustena naselbata sto navostina ni dulijani da go donesete od nyk,nema da ve opravi.Ako e stevo tolku dobar,neka gi kupi site parkinzi od drzavata pa neka vi gi dade bez pari.smesni ste a uste posmesni sme sto citame gluposti